Убаво е политичарите да си отвараат блогови. Ми се допаѓа таа идеја и би требало да се омасови.
Јани имал блог...зошто да не и Груевски, Шеќеринска, Тачи, Ахмети, Шемата, Бонева, Столе...
Ќе има интеракција со народот, па ќе се види до каде им е навистина рејтингот...
Добро, не би било веродостојно, но сепак, би помогнало да слезат малку на земја, до обичните смртници, на кои не им е дојдено до плукање на едните, за бенефит на другите, ниту пак им е дојдено до величење на едната опција за сметка на другата, бидејќи токму граѓаните се вистинскиот барометар за реалната состојба на државата, надвор од партиските штабови и функционерски кабинети, каде освен розова слика, друго неможе да се види.
Блогот не го разгледав, не ме ни интересира, политика не следам, но сепак, убав обид за „слегување“ меѓу народот.