Блам држава

Ја цела дипломска си ја куцав рачно.
Дипломирав 03.07.2024. На Економски враќаат 1 реченица ако ти е од Чет.
Цели дипломски им ги пишува, и презентации им прави.
Ако си учел и положил ( кај мене бар беа толку) 31 предмет, дипломската ќе ти е х дим.
Губење пари, време и нерви. Затоа мнозинството си плаќаат дебело за друг да им ги изработи.
Претурање од шупливо во празно, нема поента, тие кои планираат да продолжат академски и да се спремаат за професори нека си пишуваат, другите кои се запишуваат за да се оспособат за реалниот сектор нема потреба од семинарски, дипломски, магистерски и глупости. Треба задолжителна пракса наместо ова, во текот на целото студирање, не две недели да одиш негде и да ти се потпишат ради реда.
Џабе 4 години теорија кога праксата е блиску до 0. Кога ќе сфатат фирмите и факултетите дека од обострана корист е да соработуваат ќе има напредок на пазарот на труд. Сите бараат 2 години, 5 години, 10 години работно искуство, а не ти нудат шанса да стекниш искуство и после плачат немало работна сила.
Со пракса фирмите, а и државниот сектор ќе имаат спремна и оспособена работна сила по завршувањето на образованието, ем факултетите ќе станат поатрактивни со ваквиот модел на настава и плус студентите ќе имаат многу поголеми шанси за наоѓање работа.
Ама ние си уште си тераме по југословенски тертип (даскалот предава или чита од книга, студентите слушаат) како и во се друго во државата. Се од мрза за реформи и да не се наруши удобноста на таканаречените професори.
 
Има јавен превоз до средно? И јавен превоз до јавен превоз до средно?
Видеото е снимено од автобус од ЈСП на втори кат(мислам дека е двокатен) што се симнува од водно.
 

Наредно нешто е што се надевам ваквите што се паркираат кај им текне да се лупат казни без милост. Битно биле на водно на 1 јануари.

Тоа е премногу блага казна за фаците и нивните швалерки.

Ова треба убаво да го собере багер и директно на отпад, далеку повеќе и поскапо боли од парична казна.

Инаку ова е секојдневие на Водно преку викенд и за време на државни празници - за тие кои не успеале навремено да си организираат викенд или празнична прошетка низ гејлада, се разбира. Не мора да се чека да дојде 1 јануари за да се потсети општеството каков шљам и џган на четири тркала го нагрдува Водно секој викенд и државни празници. Па не само Водно, и луѓе прегазуваат среде булевар бидејќи се нечии татини или мамини синчиња и/или ќеркички.

Не дека пензионерите се нешто поарни, за нив и градскиот автобус и жичарницата се бесплатни секој вторник, петок, сабота и недела. Кога ќе се нацртаат со пикник кошниците и ги бркаат младите од летниковците бидејќи тие биле постари, на човек да му се стемни пред очи.

Но за поздрав е тоа што и младите - тие помлади од 25 години - не им чуе уво нешто многу за тоа кои се тие, а кои се пензионерите, па не им отстапуваат место.
 
Има, само ни одговара да се правиме дека нема да да одиме со кола.
Не е точно. Нема,, исто колку со данела што имаше. Ама кога ќе ти се исклучи пред нос, ќе го осетиш
Автоматски споено мислење:

Впрочем, сте чекале пола саат со мали деца и??? До кај ве однел автобусот?
 
Видеото е снимено од автобус од ЈСП на втори кат(мислам дека е двокатен) што се симнува од водно.
Знаеш колку автобуси возат дневно до ср водно? Кои линии, од каде и слични ситници? Ако треба да чекаш/менуваш 2 автобуси плус линија до ср водно, колку пари и време (чекање на загадено) ти требаат? Мин 300-400 ден и мин 2 па и 3 саати, зависи кај живееш. Плус "јаки" информации за линиите.

Ако го споредувате скопје со др главни градови, не можете, крш е превозот

Не е фер секое бламирање да се префрла врз народ, посебно со загаденост и транспорт.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom