Блам држава

Ја цела дипломска си ја куцав рачно.
Дипломирав 03.07.2024. На Економски враќаат 1 реченица ако ти е од Чет.
Цели дипломски им ги пишува, и презентации им прави.
Ако си учел и положил ( кај мене бар беа толку) 31 предмет, дипломската ќе ти е х дим.
Губење пари, време и нерви. Затоа мнозинството си плаќаат дебело за друг да им ги изработи.
Претурање од шупливо во празно, нема поента, тие кои планираат да продолжат академски и да се спремаат за професори нека си пишуваат, другите кои се запишуваат за да се оспособат за реалниот сектор нема потреба од семинарски, дипломски, магистерски и глупости. Треба задолжителна пракса наместо ова, во текот на целото студирање, не две недели да одиш негде и да ти се потпишат ради реда.
Џабе 4 години теорија кога праксата е блиску до 0. Кога ќе сфатат фирмите и факултетите дека од обострана корист е да соработуваат ќе има напредок на пазарот на труд. Сите бараат 2 години, 5 години, 10 години работно искуство, а не ти нудат шанса да стекниш искуство и после плачат немало работна сила.
Со пракса фирмите, а и државниот сектор ќе имаат спремна и оспособена работна сила по завршувањето на образованието, ем факултетите ќе станат поатрактивни со ваквиот модел на настава и плус студентите ќе имаат многу поголеми шанси за наоѓање работа.
Ама ние си уште си тераме по југословенски тертип (даскалот предава или чита од книга, студентите слушаат) како и во се друго во државата. Се од мрза за реформи и да не се наруши удобноста на таканаречените професори.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom