Блам држава

Не им е срам за вакво нешто да чекаат од ЕУ? Па уште и изјави давале. :facepalm:
Целиот настан што го организирале кошта повеќе од ова катчево за деца.





1000023541.jpg
 
За Тендерските шеми.

Wenice, дуќанче за детска облека кое прв пат ќе го слушнете исто како повеќето. Но родителите од Кисела вода овие неколку недели убаво се запознаа дека ова дуќанче не е само обично туку уште една фирма со политичка позади која има за цел да им ги собира парите на народот.

Имено ова дуќанче има земено тендер за опремата на дечињата во неколку школи од Кисела Вода, ако не и и сите, не сум сигурен. Вработените од дуќанот ни рекоа дека се за 6 школи. Една маичка ти дава школото но со една не можеш ништо да направиш, мораш да имаш барем уште една. За ако детето се извалка да може да имаш замена за другиот ден.

Таква маичка можело само од Wenice да се земе. Уште во Септември сите родители си отидоа и си платија 1700ден за маичка која стига преку Тему.
Ајде за цената ќе замижиш, иако е сигурно барем 3 пати повеќе од вообичаената цена. Ја чекавме сите 3 месеци и конечно стигна пратката од Тему. До сега децата идеа со истата маица.

Одиме да ја земеме и уште пред дуќанот гледаме дека нешто не е во ред. Гужва, расправии.
Маичките стигнале без лого и господата немале време и опција да го шијат логото. Сами да сме го шиеле.
Многу ме интересира што направија они во овој случај за да ги добијат тие пари од нас? Зошто и ние можевме да најдеме најобична маичка.

Како што кажавме скоро сите ќе зажмиевме на оваа перална. Иако парите што ќе ги лапнат се огромни, не се малце деца од кој ќе лапнат 1700 ден. Ама ова со логото ни зовре на сите и ќе почнеме со притисок кон нив.

Ни за тоа што се платени не се способни да го направат.


Сега би сакал да ве замолил за почеток барем рејтингот да им го бутнеме, да знаат сите дека овој дуќан е преварантски.
Ставете им една ѕвезда.

Јас те разбирам но не е во ред да бараш рандом луѓе да им го бутнат рејтингот. Со тоа и ти ги кршиш правилата, затоа што ние овде не сме нивни клиенти. На гугл сопственикот може да оспори секоја оцена која не е дадена од вистински клиент. Тоа што маса луѓе ќе им го буткаат рејтингот за кратко време може да доведе до тоа сите оцени да бидат повлечени, вклучително и тие на вистинските клиенти. Најдобро е да го оставиш ова на тие што се вистински засегнати, кои можат да дадат лоша оцена и да го приложат слики како доказ. Тоа е повеќе од доволно.

@Zlatikevichius се извинувам, не забележав дека реплицирам во Драга Кајгана. Бриши ако треба, или премести го во некоја адекватна тема.
 
Јас те разбирам но не е во ред да бараш рандом луѓе да им го бутнат рејтингот. Со тоа и ти ги кршиш правилата, затоа што ние овде не сме нивни клиенти. На гугл сопственикот може да оспори секоја оцена која не е дадена од вистински клиент. Тоа што маса луѓе ќе им го буткаат рејтингот за кратко време може да доведе до тоа сите оцени да бидат повлечени, вклучително и тие на вистинските клиенти. Најдобро е да го оставиш ова на тие што се вистински засегнати, кои можат да дадат лоша оцена и да го приложат слики како доказ. Тоа е повеќе од доволно.

@Zlatikevichius се извинувам, не забележав дека реплицирам во Драга Кајгана. Бриши ако треба, или премести го во некоја адекватна тема.
Па тоа е поентата да не станете нивни клиенти. Да се изнесе целата слика пред сите.
И дојдов до фаза каде што веќе не бирам мерки како да наштетам на луѓето кој прават неправда, бидејќи очигледно по прав пат нема да направиш ништо.
Овие ми се капка во вирот наречен неправда што ми се насобра последниот период.


А за ова приметив дека ги бришат. Ама они не знаат дека јас го знам Костич, на секој три дена да им го праќам ќе ги спуштам одма.
 


Активирано е свлечиште на падината на Водно кај улиците „Белградска“ и „Партенија Зографски“, кое ги загрозува околните објекти и делови од Клиничкиот центар.

За да се спречи реалната опасност од понатамошно ширење на свлечиштето, градоначалникот на Општина Центар, ЦУК и претставници на други институции и служби одржале итен консултативен состанок и ја повикале владата да одобри мерки за санација, изградба на потпорен ѕид и регулирање на атмосферските води.

Дел од потпорниот ѕид зад Клиниката за детски болести се урна лани во јуни.

ЦУК уште во 2022 година побарал од Град Скопје да изработи проект за да се реши проблемот со сливните атмосферски води од Водно.

Дел од каналската мрежа за водите од Водно е затрупана или уништена како последица на големата урбанизација во изминатата деценија.
 
За година ипол до две ќе станеме како резерват со 1 милион луѓе заробени во резерватот Северџанија бидејќи 500 илјади граѓани автоматски ќе влезат во ЕУ додека 300 илјади се веќе во ЕУ.
Каква ли ќе ни биде ползата од таква држава, само Господ нека ни ѐ на помош.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom