Благодарен/а сум за...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
*За нередот што треба да го чистам дома по синоќешната забава, затоа што тоа значи дека сум бил/а опкружена/а со пријатели.

*За облеката што ми е малку кнап, затоа што тоа значи дека секој ден имам доволно храна.

*За мојата сенка која ме следи на мојот пат кон работа, затоа што тоа значи дека ме грее сонце.

*За сите приговори што ги слушам за власта затоа што тоа значи дека имаме слобода на говорот.

*За местото за паркирање на оддалечениот крај од паркингот, затоа што значи дека сум спсообен/а да одам и плус имам свое превозно средство.

* За мојата сметка за греење на домот, затоа што значи дека ми е топло.

*За можноста за перење и пеглање на облеката затоа што тоа значи дека имам доволно облека за носење.

*За грижите и за напнатоста на крајот од денот затоа што тоа значи дека умеам грижливо да работам.

*За часовникот што ѕвони рано изутрина затоа што тоа значи дека сум жив/а.

- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -

Дали некогаш размислувате дека додека жалиме што не ни дозволуваат од дома да го купиме најновиот модел на мобилен или најмодерната блуза која чини над 5000 денари, некои луѓе воопшто ништо немаат?

Колку често размислувате на таа тема?

Сум забележала дека луѓево стално се жалат дека немаат ова, немаат она, а ретко кој размислува дека има луѓе на светот кои се би дале да се на нивна позиција.

Има луѓе кои никогаш не се задоволни со тоа што го имаат. Да, во природата на човекот е постојано да сака нешто друго, ама дали некогаш се запрашуваме дека животот дури ни е прекрасен во однос на тоа што некои луѓе немаат ниту покрив над глава, ниту храна?

За крај, дали вие сте благодарни за нешто? За некоја можност која ја имате?
 
Благодарна сум на другарките кои ги имам и ме подржуваат и следат во секој чекор во животот.
Благодарна сум на сестра ми која ме вадела од многу глупости, иако е малечка, и која направи животот да не ми е здодевен.
Благодарна сум на родителите кои ми го овозможија образованието а со тоа и иднината.
Му благодарам на сонцето мое за прекрасното време со него во кое осетив како е да бидам сакана.
Благодарна сум на телекабел кој ми овозможува интернет хахаха.
Благодарна сум на сонцето што силно грее, тоа ме прави среќна.
м благодарам на мама и тато што направиле грев, а и грешка и ме направиле мене, како и да е постојам.
Им благодарам на сите оние луѓе кои со нивното постоење и постапки направиле да научам нешто кое ќе вреди целиот живот.
Му благодарам на професорот Томе кој ме остави на полагање и ме натера да ја научам филозофијата која сега и те како ми е потребна.
На тато кој ме прошета низ многу места и запознав многу култури.
И за крај и благодарам на баба ми која веруваше во мене и ми даваше причина да продолжам понатаму и кога ми беше најтешко.
едит: му благодарам на форумов поради кој запознав и ќе запознаам прекрасни личности.
 
Одлична тема Крејзи.:)

Многу често нашето незадоволство произлегува толкму од неблагодарноста и неспособноста да увидиме всушност со колку убави нешта сме благословени. Ако размислуваме повеќе на начинот кој е приложен во твоите примери дефинитивно би биле многу посреќни.


И после ќе ја потценуваат автосугестијата и моќта на позитивното мислење...:)
 
Благодарна најпрво за животот што ми е даден
-за поддршката од моите кога ми е потребна
-за поддршката од моите добри другари и другарки кои се тука за мене
-за сестра ми со која иако се карам..секогаш кога ке се разделиме мора да се чуеме барем 5пати на ден..многу ја сакам =)
-за карактерот и ставот кој моите ми помогнаа да го изградам а потоа сама да го доградам
-за љубовта насочена кон мене од сите кои ми значат..затоа што иако некогаш ја нема..иако тие не се секогаш пристуни..тука се кога ми требаат и ми ја пружаат потребната љубов
-за тоа што денес го имам а се вика дом,образование и семејство
-за грешките кои ми ги укажуваат и за пречките(да да пречките) во животов кои ми се поставени за да можам да успеам понатака
-благодарна на форумов исто како и фокси кој ми овозможи да запознаам многу пријатни луге од кои некои денес ми значат неверојатно многу и се надевам дека тоа ке биде така и во иднина

има уште мн работи има за кои сум благодарна но ако продолжам да пишувам ке пуштам корења на темава=)
 
Благодарна сум на мајка ми која ме научи да ги разбирам луѓето, ме научи да живеам и да соочувам со тешките и лошите работи во животот...
Благодарна сум на Мартин кој ме научи вистински да сакам и да ја почуствувам вистински љубовта... плус што ме научи дека има човек кој никогаш не се заборава и не се престанува да се сака!
Благодарна сум на луѓето што се постојано покрај мене што и да се случи... со кој ги делам и лошите и среќните моменти...
Благодарна сум на Ева која секогаш ме ислушува и знам дека ако и се јавам и во 3 саат навечер за мене ќе дојде...
Благодарна сум на сестра ми што секогаш успева да ме насмее колку и да сум тажна, што е тука за мене кога и да ми треба и имам секогаш да правам муабет со некој...
Благодарна сум на татко ми кој ми овозможи многу работи во животот...
Благодарна сум на книгите од кои се образувам и сега знам многу работи кои ќе ми бидат потребни во животот...
Благодарна сум за дождот кој го обожавам и секогаш ме опушта...
Благодарна сум за музиката без која неможам да живеам...
Благодарна сум за мобилните...
Благодарна сум за секашниот дечко кој ме сака искрено и секогаш прави да се чуствувам безбедно...
Благодарна сум за лошите работи од кој сум научила како да живеам понатаму...
Благодарна сум за форумов на кој исто запознав премногу личности со кои сеуште се дружам...
Благодарна сум за многу работи во животот кој ми овозможиле да живеам....
 
Благодарна сум што сум жива.И за се друго потоа.
 
Благодарен сум што умеам да сакам.
Благодарен сум што се трудам да постигнам нешто.
Благодарен сум на сите, што ме поддржуваат во животов; и што сум имал сила и јас да поддржам некого.
Благодарен и сум на мојата професија (ако сеуште сум студент). Благодарен сум кога се мачам и не спијам ноќе за да постигнам нешто во истата.
Благодарен им сум на моите, шо ме критикуваат и ме нервираат, ама ме сакаат.
Благодарен и сум на Валентина што е со мене, зошто премногу ја сакам.
И за многу друго...

Благодарам...
 
Благодарна сум на Никола Тесла :cuc: да не беше тој немаше сега да се заблагодарувам преку интернет :icon_lol: :icon_lol: :icon_lol:

Благодарна сум им на луѓето што ме опкружуваат и кои прават да се чувствувам прекрасно (иако одвреме навреме знаат да кикснат)

А најважно

Medea напиша:
Благодарна сум што сум жива.
 
Навистина одлична тема. Три пати го прочитав воведот и секое ново читање повторно и повторно се наежувам.
Навистина колку само чудна е идејата дека ретко кој од нас ги изговара овие реченици и ретко кој од нас е свесен за нивното вистинско значење во секојдневниот живот. Колку само би биле посреќни кога би биле само свесни за значењето на овие зборови, кога би престанале да се самосожалуваме и кога би почнале да гледаме на добрата страна на работите,радувајќе се на нештата кои што ги имаме.

Благодарна сум за многу нешта во животот, благодарна сум им на многу луѓе. Не сакам да набројувам, цел ден нема да ми е доволен, но морам да напоменам:

Благодарна сум и на Crazy in Love што ја отвори оваа тема, не потсети да гледаме на ведрата страна на животот а мене што ме натера да прогледам и го истера од мене слепилото кое го гледаше единствено самосожалувањето- Ти благодарам :back:.

И уште нешто:

му благодарам на форумов поради кој запознав и ќе запознаам прекрасни личности.
 
Фала на природата,за едно прекрасно растение.
Фала на интернетот,бидејќи без него би било страшно досадно.
Благодарен сум за сите кавги,бидејќи знам дека сум опкружен со искрени луѓе,кои ги ставаат своите лични ставови на маса и зборуваат за тоа.
Благодарен сум на мајка ми,која ми е најголемата подршка во мојот живот.
Уште еднаш благодарност до природата,за сета енергија која несебично ја споделува со луѓето,и покрај малата почит која ја добива за возврат.
И секако:
му благодарам на форумов поради кој запознав и ќе запознаам прекрасни личности.
:)
 
Баш пред некое време размислував на оваа тема,за привилегиите кои ги имаме од животот а ретко ги гледаме.

Me наведе да се подразмислам една случка(ако можам да ја наречам случка) кога се враќав накај дома со една школска.Се жалевме зошто комбето не не однесе до дома,туку не остави у чаршија,и пројде една девојка,убава беше,ништо не и фалеше ни рака ни нога ни ништо,ама беше инвалид.И тогаш си викам јас се жалам тука зошто морам да одам пешки,а нејзе како и е,се би дала да може да оди,трча.

Затоа јас најпрво сум благодарна што сега за сега не ми фали ништо,не сум ни инвалид нит ми фали некој дел од телото,туку сум здрава,права и способна да го пишувам ова сега.
За другото се е веќе спомнато...
 
Благодарна сум на мајка ми која ме научи да ги разбирам луѓето, ме научи да живеам и да соочувам со тешките и лошите работи во животот...
Благодарна сум на луѓето што се постојано покрај мене што и да се случи... со кој ги делам и лошите и среќните моменти...
Благодарна сум на Ева која секогаш ме ислушува и знам дека ако и се јавам и во 3 саат навечер за мене ќе дојде...
Благодарна сум на татко ми кој ми овозможи многу работи во животот...
Благодарна сум на книгите од кои се образувам и сега знам многу работи кои ќе ми бидат потребни во животот...
Благодарна сум за дождот кој го обожавам и секогаш ме опушта...
Благодарна сум за музиката без која неможам да живеам...
Благодарна сум за мобилните...
Благодарна сум за секашниот дечко кој ме сака искрено и секогаш прави да се чуствувам безбедно...
Благодарна сум за лошите работи од кој сум научила како да живеам понатаму...
Благодарна сум за форумов на кој исто запознав премногу личности со кои сеуште се дружам...
Благодарна сум за многу работи во животот кој ми овозможиле да живеам....


Истата работа ... да не се повторувам, само кај мене, не е Ева, Вика е.:devojce:
 
Пиво, фала.
Ме правиш гение.
 
Благодарна сум на Prozac.
It makes me smile
 
Благодарна сум на мајка ми што ме родила
Благодарна сум на бога што имам две прекрасни дечиња
Благодарна сум на маж ми што заедно изградивме семејство со прекрасни душички во него
Благоарна сум што сум жива, здрава и со многу елан за достигнувања и соодветно и достојно издигање на здраво право и нормално семејство:smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom