Mädchen
Smile
- Член од
- 31 мај 2006
- Мислења
- 1.571
- Поени од реакции
- 38
- Возраст
- 39
Супер тема.- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
Дали некогаш размислувате дека додека жалиме што не ни дозволуваат од дома да го купиме најновиот модел на мобилен или најмодерната блуза која чини над 5000 денари,некои луѓе воопшто ништо немаат?
Колку често размислувате на таа тема?
Сум забележала дека луѓево стално се жалат дека немаат ова,немаат она,а ретко кој размислува дека има луѓе на светот кој се би дале да се на нивна позиција.
Има луѓе кои никогаш не се задоволни со тоа што го имаат.Да, во природата на човекот е постојано да сака нешто друго,ама дали некогаш се запрашуваме,дека животот дури ни е прекрасен во однос на тоа што некои луѓе немаат ниту покрив над глава,ниту храна?
За крај,дали вие сте благодарни за нешто?За некоја можност која ја имате?
Навистина треба некогаш да застаниме и да се замислиме.Многу често мислиме на тоа што го немаме,па посакуваме и возможно и невозможно, а некој некаде нема ни трошка од она што ние го имаме.Треба човек и со помалку да биди задоволен.Треба да се радуваме на малите нешта.Некогаш се нервираме ако треба пешки да одиме негде,а не размислуваме дека некој се би дал да можи да оди, да можи да гледа, да слуша.....и ред други работи.