Гледам 4 сезони, ја завршија ли барем ко што треба или ко со многу други серии ја прекинале и не знаеме што ќе се дешава понатака? Да знам да не се мачам да гледам ако е вторава варијанта.
Многу ми се допаѓа најавната шпица.
Изгледав три епизоди, ми се бендисува скоро се засега, интересно е, има и добар хумор на моменти и покрај цело насилство, што некако ми е реално за тој период, па не ми смета. Порано имав некоја одбивност кон историски серии, сега некако ми се најинтересни.
Имам забелешка за изгледот на машкиве главни ликови. Не само во серијава, општо сите серии го имаат тој момент што е глуп и нереален. Значи не може капетанот Флинт, "готвачот" и Били бој (кој изгледа ко стероидите да биле достапни во 18 век) да се ко изрезбарени и прекрасни машки единки, а другите сите буквално да се ко од гроб излезени и да нејќеш ни да ги погледнеш. Ете, оние другите од екипажот за греота се, преку 30 души, а овие тројца леле лепотани. Па нека стават и од другиве некој модел, чисто онака, не дека тие многу глумат нешто, али балансот овие да изгледаат онака, а другиве отепани, не иде.
Како и да е, без тој глуп момент, солидно ми е другото.