Битолска собиранка 25.02.2012, кафе бар Данте, 21.00 ч.

  • Креатор на темата Креатор на темата Dzish
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
За ова време железничкиот сообраќај е најсигурен, далеку посигурен од возење кола на Плетвар... :)

Oдеше еден за 2 сати и 40 минути, ама идиотиве од МЖ одвај дочекаа да го прекинат:
Понеделник, 13 Февруари 2012 14:24
Сподели
Споделете ја веста со Вашите пријатели
Поради обилните снежни врнежи кои предизвикаа повеќечасовни доцнења на возовите и неможност на одржување на турнусот на возните средства, МЖ Транспорт АД – Скопје соопшти дека не е во можност редовно да го спроведува возниот ред во железничкиот патнички сообраќај.


zeleznica.jpg240.jpg

Од денеска привремено нема да сообраќа патничкиот воз 662 кој од Скопје за Кичево тргнува во 08:05 часот, а во повратен правец од Кичево кон Скопје привремено се укинува возот 663 кој од Кичево кон Скопје тргнува во 12:18 часот.

Покрај возот кон Кичево привремено нема да сообраќа и еден пар возови на релација Битола – Скопје – Битола („Пелагонија експрес“) кој од Битола кон Скопје тргнува во 05:30, а од Скопје кон Битола во 17:10 часот.

Он-топик, примате со третина битолско потекло луѓе (ако го пуштат накај Ресен патот и автобусите)?:D
 
Ти броиш, јас не. Стварно биднаа 45 дена? :)
Ќути, да не биднат 100 до собиранката, па да прославиме и љубилеј додека сме сите таму... :)
Нек си земе карта во еден правец...
 
Колку саати е пат од Скопје до Битола со воз? :)

брзиот воз чини 500 денари повратна,со кафе во цената и парно по вагоните,се патува од 2 и пол до 3 саати,не знам најточно пошто застанува само Прилеп и Богомила успатно......патничкиот чини околу 340 повратна,со промаја,парно 50-50 и патува точно 3 саати и 40 минути
 
Хахаха... само пази Лет3, да не испаднеш фраер ко Цитро. И се остри на Леандра, и никако да дојде на собиранки :)

Ако се патува со воз, можно е да дојдам, ми се патува така некаде, да тргнам и да се заборавам :) Башка верувам дека ќе бидеме пристојно бројна багра од СК :)
 
Мислам дека видов нешто за Буре. Ако навистина има толку многу луѓе, кај ќе не собери таму ? :) Ќе треба некоја меана да резервираме :)
 
До 25 имаме време да се собериме кој ќе се собериме ( женски не примаме :D) и според бројот ќе видиме кај ќе треба да се резервираме.
 
25ти за Битола... Остајте тоа, ајде за Струмица на карневал. :)
 
Има ли мотели во Битола? Ако нема ќе треба Абадон да ме прибере кај него да спијам. :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom