Jimmy
Организатор
http://tvorbis.com.mk/index.php/vesti/lokalni/item/3030-bitola-prodolzuva
Битола продолжува со негативната стапка за природен раст. Според податоците на државниот завод за статистика природниот прираст на населението за првото тромеечие е зголемен за 4,4%, но за жал состојбата во Битола се уште е негативна. Загрижуваат последните податоци на Државниот завод за статиститка во врска со природниот прираст на населението во првото тромесечие од годината , што се однесуваат за нашиот град . Битола продолжува со негативна тенденција на природниот прираст и тој во првото тромесечие од годината изнесува -84 и е на првото место во државата по негативен прираст. Статистика бележеи 231 родено бебе наспроти 315 умрени лица. Битола заедно со Карпош, Прилеп, Велес, Кочани и Охрид е во реот на општините што имаат најмал наталитет, додека Тетово, Чаир, Сарај, Куманово и Студеничани се општини со најголем наталитет. Според податоците на Заводот за статистика наталитетот е помал кај оние општини кладе се бележи зголемување на бројот на разводи и обратно. Во нашата општина се склучиле 70 бракови додека 29 се развеле. На ниво на држава наталитетот бележи пораст од 4,4% во споредба со истиот период од лани, но исто така се бележи и зголемување на умрените со 6,2%. И покрај мерките што Владата ги презема за зголемување на наталитетот на населението до сега , барем во нашиот град,не се забележани позитивни промени.Еве го мислењето на битолчани за овој проблем. „Битолчани сметаат дека треба да се пронајдат дополнителни мерки со чија помош ќе се зголеми наталитетот на населението“. Можеби е потребна да се изработи стратегија на локално ниво и на овој проблем да се гледа како суштинскли, затоа што нема да се чека долго Битола да стане град на старци. На оваа појава сигурно придонесува и тоа што голем број на млади луѓе се иселуваат и ја бараат својата среќа надвор од битола , а и надвор од границите на државата. Но и оние млади луѓе што остануваат не стапуваат во брак или тоа го прават доцна. Целокупната економска состојба во градот и државата , големата невработеност се едни од најбитните фактори што директно влијаат на наталитетот на населението
Абе луѓе...финтата со наталитетот е следна. Луѓето си работат на случајот, има деца...свадби секој Петок, Сабота, Недела...не можиш ред да фатиш. се е закажано со месеци унапред по кафани..значи се земаат децата....е сега работата е шо многумина т.е. еден гооолем дел од младите палат од тука..значи одат странство, се иселуваат...зато е приказната ваква. Сигурно секој од вас има по некој другар, роднина или познаник шо запалил странство.. то е то.