Битола

  • Креатор на темата Креатор на темата devilbt
  • Време на започнување Време на започнување
Изгледа само виртуелно не бива.После акцијата за стадионот сега на фејзбук има група против загадувањето на Битола.Се е то во ред , ама преку социјални мрежи факт е дека ништо не се добива.А се запнале за некоја глупа онлајн петиција да се потпиши мислиш готово ќе решат проблемот.Незнам мене ми мириса на пропала иницијатива :(
 
Ај и ова чудо да видиме,баш ме интересира како ќе се одвива (n).

Почитувани, согласно нашите најави, и согласно добиените резултати од електронската петиција, го најавуваме нашиот следен чекор.
Во подготовка е текстот на петицијата која ќе подразбира поддршка од секој засегнат граганин на Битола. На таа петиција очекуваме неколкукратно поголема поддршка со Ваши потписи. Потписите ќе се собираат на неколку места во градот, кои дополнително ќе бидат посочени. Петицијата која ќе ја потпишуваме, ќе биде доставена до надлежното министерство, но во исто време потписите ќе се собират и за посакуваната граѓанска иницијатива, за која ни се потребни огромен број на потписи и тоа според законските прописи 10% од гласачите заведени во избирачкиот список на општината, а тоа во превод би биле 8138 гласови. Бројка која од една страна загрижувачки голема и можеби недостижна , но од друга страна според нас, со доста напор и труд на сите засегнати и добронамерници во нашиов град - ОСТВАРЛИВА. за секој заинтересиран, начинот на покренување на ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА го има на следниов линкhttp://www.pravdiko.mk/kako-se-pokrenuva-graganska-initsijativa-na-lokalno-nivo/
Ве известуваме дека нашите планови се сосема јасни и сега ги објавуваме, се со цел, секој член од групата и надвор од неа, да биде информиран со патот по кој сметаме дека најдобро ќе го постигнеме посакуваното. Нашите следни чекори се овие:
1. Собирање на потписи за поднесување на петиција во писмена форма и поднесок на граѓанска иницијатива. ( ќе трае до 3 октомври оваа 2014 година)
2. Кампањи со најразлични (културно-едукативнинастани, како организирање на трибини за аерозагадувањето и други настани од пошироко едукативно и културно значење кои би траеле до крајот на месец октомври, во зависност од условите и околностите)
3. Мирни организирани движења по улиците на Битола и пред детектираните аерозагдувачи (ќе се одвиваат согласно потребите)
Сето ова ќе се одвива на познати локации низ градот, при што, напоредно се собираат потребните потписи за конкретните петиција и иницијатива. Од како ќе го сториме она со кое сме обрзани и од кога, се надеваме дека лесно ќе ги собереме посакуваните потписи, преминуваме на следниот чекор кој подразбира предавање на собраните потписи , кои се поднесуват во конкретни институции, што подразбира дека петицијата се поднесува до надлежното министерство, односно неговата подружница во општината, а граганската иницијатива во локалната самопурава, односно во општина Битола, што може да се види од линкот кој го посочуваме, заедно со составениот проширен текст на петицијата со која треба да се заврши на 02.10.2014 и во која ќе го бараме следното.
Во рок од 15 дена поставување на нова или половна исправна мерна станица и неколку помали, на посочени локации во градот, кои секојдневно, на транспарентен начин ќе го мерат аерозагдувањето во градот и околината и за истото ќе изнесуваат секојдневни резултати, согласно законските прописи. со што би се отстраниле сите сомнежи во однос на причинителите и количината на загадувањето во Битола.
Во рок од 15 дена, инспекторатот на подрачната единица на Министерството за животна средина и просторно планирање, да излезе на терен и да изврши ДЕТЕКТИРАЊЕ на сите поголеми и помали правни и физички лица, односно објекти од најразличен карактер, кои се видни причинители на аерозагдувањето и во тој рок да ги задолжи да ги поправат нивните неправилности.
Во рок од 30 дена, Локалната самоуправа.т.е. општината да направи список на големите аерозагадувачи, и на транспарентен начин преку јавните медиуми и гласила да даде известување на граѓаните за чекорите и ефектот кој е постигнат со истите.
Се надеваме дека надлежните ќе ја разберат сериозно вољата на граѓаните на Битола и нивната заложба за подобрување на квалитетот на животните услови и ќе започнат со нивните обврски за подобрување на квалитетот на воздухот и сите други аномалии кои овој град ги има, согласно петицијата.
Во спротивно на тоа, на одреден датум, поточно на денот на ослободувањето на Битола 4. ноември, граѓаните на Битола ќе се организираат во масовни мирни протести и излегување на улица во обид да се ослободат од сите детектирани аерозагадувачи и со тоа недвосмислено да ја искажат својата заложба за подобрување на квалитетот на животната средина, а со тоа и за подобар животен квалитет. ПОТПИШИ ЈА СВОЈАТА И ИДНИНАТА НА СВОИТЕ НАЈБЛИСКИ ЗА НАС СЕ РАБОТИ. Со почит, БИТОЛА САКА ЧИСТ ВОЗДУХ.
 
http://bitolskivesnik.mk/turskata-kompanija-najavi-vrabotuvane-na-400-bitolchani/

Турската компанија најави вработување на 400 битолчани



turkish-620x265.jpg


Турската компанија “ОХИ Груп” која денеска потврди дека ќе отвори фабрика за лепенки за гуми во Битола, во првиот период ќе вработи најмалку 400 работници.
Ова го соопшти менаџментот на фабриката по средбата со министерот за странски инвестиции, Џери Наумов и претставници на “ОХИ Груп” и на уште три други компании од Турција, кои деновиве беа во посета на Македонија.
Засега, нема поединости околу потребната стручна подготовка за вработување во оваа турска компанија, како и локацијата каде истата ќе се гради. Но според добро информирани извори, фабриката најверојатно ќе биде лоцирана во индустриската зона “ Жабени “.
 
ziko не заебавај кој памти дека рекоа за реновирање или пак дека преку таа кутветината од агенцијата за пелагонискиот развој шо потрошија сто илјади евра за едно живеалиште.. Било тоа поминало преродбата продолжува надградена и проширена
 
Не е лош Двојче бе,за еден куп работи има изработено проекти и елаборати.Неможи се да прај,тој шо ке биди после него ќе му остани најлесното.Да ги реализира. :D
 
Последно уредено од модератор:
Нема некој пандант на Пискачо од золошката шо е да излези и да речи: Значи ова нема врска со животните дека избегале, само излегле да се прошетат па се вратија.
 
natalitet1.jpg

Наталитетот (или морталитетот во нашиот случај) во второ тромесечје од 2014та. И во првото бевме на врвот
 
Во Битола сообраќајот со проблеми поради зонското

http://telma.com.mk/vesti/soobrakjajot-vo-bitola-blokiran-problemi-so-zonskoto

Но Др Кристи Бомбол која на факултетот предава 7-8 предмети смета дека треба да се зголеми зонското
„ излез од ваквата состојба е целосна реализација на проектот, а не фрагментарно “
K_Bombol_11.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom