Денес беше најсмешниот ден во школо. Се случија киксови кои едноставно не смеат да се случат во 4та година во математичка паралелка!
Час по француски:
Имаме стара професорка која не знае што да прави на часот, па пишуваме од некои текстови од книгата прашања. Но, денес и текна од еден текст да ги вадиме именките, придавките, глаголите и препозициите! Се сменивме неколку ученика на табла и дојде на ред еден соученик, за кого никој не знаеше дека е премногу слаб со граматиката.
Има збор changement што значи промена и овој на големо изненадување на цел клас треска дека е глагол. Се насмеаја 2-3 ученика дека не слушна никој, но оттука сите се заинтересираа. Го слушаме и нареден збор му е interviennent (интервенира). Чекаме што ќе каже и тој -> именка. Настанува општо смеење, а тој како врв на тоа -> не, уствари придавка! Се засрами и си седна на место. (инаку ученикот е 5.00)!!!!!