- Член од
- 19 септември 2005
- Мислења
- 5.616
- Поени од реакции
- 179
Во Англија има 4 милиони камери по улиците. Тие го снимаат секое движење, секое непочитување на правилата, па дури и постојат вработени оператори кои ги опоменуваат луѓето кои би прекршиле некое правило (фрлање на ѓубре на улица, пушење на недозволено место, итн)
Сега, не им беа доволни овие камери, па измислија нешто ново. Подвижни, скоро нечујни камерчиња, вградени во мали хеликоптерчиња. Тие се движат, може да се на неколку метри над вашата глава и, да не ги забележите дека се тука.
И, повторно, и тоа им е малку, па, во сите ресторани, пабови, дискотеки, ставаат едно апаратче кое го чита отисокот од прстите, и вашата ДНК и со тоа го запишува вашиот идентитет. Сите кои се дојдени да прават проблеми во пабовите - на овој начин, би се запрашале дали да направат проблем, а предтоа да си го дадат својот идентитет.
На овој начин прекршувањето на законите е намалено за 4 пати, според полицијата, но, сепак 60% од народот смета дека на овој начин им се загрозува приватноста и правото на слобода.
Што мислите. Дали овој начин е вистинскиот да се стави точка на криминалот, вистинскиот начин за подобар живот или е контрола на народот во Англија?