Big Brother England. Контрола или подобар живот?

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Се согласувам со Јове и Димитар.

Но не знам зошто сите дигаат паники околу надгледувањето или околу тој "систем" демек многу добро разработен. Да го нема ќе плачете по него, кога го има ви смета и така во недоглед.
Разберете луѓе дека некој секогаш ќе ве надгледува додека сте надвор, сватете го тој збор" надвор". Значи сите имаат пристап до тоа надвор и тоа не е ваш имот па да глумите газди. Тука ќе зборувате за приватност и дека можете да правите што сакате и не дозволувате некој да се меша затоа што ви го одземаат хедонизмот од приватноста. Е па има луѓе кој што најголемо животно задоволство му е да ве убие додека се шетате низ парк во 12 на полноќ. Но бидејќи никој не ги знае тие луѓе мора да ги надледуваме повеќето за да не настрадаат токму повеќето.

Гледајте на тоа со други очи. Да не се инвестриаше во компјутерски технологии и интернет сега воопшто немаше да постои дискусијава и дружењето(какво такво).
Гласам ДА за развој на вакви механизми и технологии кој што му помагаат на човештвото да оди понапред со забрзано темпо, може е тежок тој пат но верувајте британците веќе направиле cost-benefit анализа на овој проект и знаат дека благодетите се многу големи.

Што се однесува до 34 годишниот сердар што сака да инвестира пари во образованието. Токму тоа инвестирање во образованите ја донела таа камера што гледа преку облека и овој систем на надгледување. Значи верувај ми во образованието се инвестира сосема доволно, на крајот на краиштата ако сите бидат доктори по науки, магистри и дипломирани стручњаци тогаш каде е местото за остатокот од народот.
Некој не сака да учи, некој нема можност, некој е преглуп ама доволно паметен за да знае дека е глуп за да учи, трет едноставно а препаметен за на факултет, или прави повеќе пари без тоа образование.

Да имате приватен бизнис ќе ставите камери на секое можно место. Хмм...значи во ред е вие да ги гледате луѓето што прават на место што директно ве засега, затоа што знаете какви проблеми настануваат доколку само еден почне со девијантно однесување.
Е па истот се однесува и на една влада...на пример владата на Британија.
 
Член од
1 мај 2005
Мислења
2.612
Поени од реакции
32
образование не носи само знаење на колку крави има индија, образование е процес кој што допринесува во развивање на интелектот.

за жал повеќе е од јасно дека има разни девијации во човечката психа, и дека постојат криминалци од разен вид, меѓутоа, доколку толку силни средства се вложат во развивање на образовните системи, тоа ќе донесе до нови идеи, одкритија, процеси кои ќе носат работа за младите, просперитет, живот.

многу е помал бројот на криминалци од образованите и еманципираните средини, каде што луѓето имаат колку-толку обезбедена егзистенција и имаат визија - план - надеж , него од вукоебините од каде шо и бог кренал раце, односно разните „гета“, што би рекол абц.

Значи, јас сум убеден дека доколку еден млад човек е сит, со обезбедена здраствена заштита, подкован со знаење и со можност да работи и си обезбеди еден ситуиран и социјален живот, многу потешко би се впуштил во некои непромислени или промислени прекршоци и злосторства...

тхинк абаут ит :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom