Би умрел/а за...

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување
Уште има во денешно време луѓе што би умреле за држава?:raz:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Би умрел за еден lap dance од Шакира :icon_bigg

За државава не умирам кога ќе видам како се однесува(ат) према тие што ја бранеа ...
 
Смртта е не дефинирано нешто, непредвидлива е т.е никој не знае каква е и зошто постои.
Јас во овој период од животот не сум подготвена да умирам :P но Би умрела за личности кои ги почитувам и сметам дека го заслужиле тоа. Оние кои имаат посебно место во мојот живот и во моето срце... Малку се тие за кои би го дала животот...

Смртта е недефинирана и не знаеме зошто постои?

И би го дала животот за личности што ги почитуваш?





Па и јас си ги почитувам комшиите но не би го дала животот за нив. Најверојатно не би го дала ни за многу луѓе што ги сакам. Многу е лесно да се каже дека би го дале животот сега кога сме свесни дека тоа нема да се случи, но во реални ситуации не верувам дека 2 % од тие кои се изјаснија дека ќе го дадат животот за татковината или пријателите навистина ќе го направат тоа. Живееме во свет каде што никој не прави ни најмали напори да ја подобри ситуацијата на другиот. Се прашувам колку од овие млади господа и госпоѓици овде направиле некоја поголема жртва за некој друг? Кога последен пат се лишиле себеси од нешто за нечие туѓо добро, без апсолутно никаков нивен бенифит од тоа па за овде да се расфрлаат со нивните животи како да се неделен џепарлак.
Ајде те молам кажи зошто постои, кои се причините и како ја објаснуваме смртта?


И кога тогаш како-така еден ден смртта ќе не стигне сите, зошто да не го дадеме животот за нешто што НАВИСТИНА ВРЕДИ
 
И кога тогаш како-така еден ден смртта ќе не стигне сите, зошто да не го дадеме животот за нешто што НАВИСТИНА ВРЕДИ

Ajде умри. Утре нема да читаме твои блесави постови. Зошто да живееш еден век, кога можеш да го дадеш животот за нешто што НАВИСТИНА ВРЕДИ.
 
Уште има во денешно време луѓе што би умреле за држава?:raz:

да има ЕВЕ ЈАС

држава е држава бе нема зезање

па така додека 2001 год луѓе умираа за светата држава ( ти си Македонија ) во исто време луѓето од државата ја злоупотребуваа таквата состојба . Па така се станува премиер ебате беља .Црноберзијанци , воени профитери купуваат по 3 стана , некој купуваат скапани паштети по енормни цени да ги затрујат тие што ќе гинат за светата држава , некој купуваат делови за тенкови доволни да се сервисират армиите на цел бивши варшавски пакт , некој неможеле дури да ги убедат Украинците дека хеликоптерите мора да коштаат два милијони долари иако Украинците инсистирале дека реална цена на тие хеликоптери е 400 илјади долари .И така од 700 милијони долари од продажба на Македонски телеком ...ашшшшшшшшшшш не остана ништо .
Се за државата штом религијата вели дека државата е света тогаш мора да е така .

Ноге како ..
.
.

--- надополнето ---

Најпрвин за деца, жена, а после и за лична слобода. За се други не би се осмелил, а посебно не за држава.

правилно размислување .
И да гинеш (ако веќе дотаму дошла работата) први на приоритет мора да бидат тие кон кој си превзел обврска по свој личен избор .
.
.
 
Ajде умри. Утре нема да читаме твои блесави постови. Зошто да живееш еден век, кога можеш да го дадеш животот за нешто што НАВИСТИНА ВРЕДИ.
Не зборувам за умирање за секојдневни работи...Работи за кои лично јас сметам дека треба да умрам и ќе го направам тоа...
 
При здрава свест и без реална опасност човек има мошне романтичарска фантазија
 
Велите способни сте да умрете за некоја кауза , а колку навистина сте способни само вие си знаете. Лесно е на форум да напишеш ќе умрам , но кога ќе се појави инстиктот за преживување ахх...
Гледајте Пацифик таму јапонците умираат за својата држава додека американските војници си ги спасуваат својте газови ,ќе ја видите разликата помеѓу љубовта кон татковината и....американците.
 
Би умрел за Македонија. :salut:
 
За ништо.
Лесно е да умреш за човек што си го сакал, но тешко е да најдеш човек кој ќе заслужува да умреш за него.
 
Ајде те молам кажи зошто постои, кои се причините и како ја објаснуваме смртта?


И кога тогаш како-така еден ден смртта ќе не стигне сите, зошто да не го дадеме животот за нешто што НАВИСТИНА ВРЕДИ

Љубаф4е па тоа ти е основа на биологија. Смртта ја објаснуваме како престанок на функцијата на срцето и мозокот (дефиниција за смрт) а постои затоа што некои надворешни фактори влијаат на нашиот многу кревок организам (лебаркине се 1 000 000 пати поиздржливи) или поради дотрајаност и старост на органите. Тука нема ама баш никаква филозофија. Значи ти се дадени некои 70 - 80 години у просек да се екскурзираш на земјава а ти си решила да умираш за типката со која седиш на училиште или за мачката. Слободно.
 
Уште има во денешно време луѓе што би умреле за држава?:raz:

кој спомна држава?

за земја чинам беа мнозина од одговорите, прави разлика

--- надополнето ---

да се надополнам

вие неумирачите, што за вас е вредно за саможртва?
 
За држава никако, неа ја има и ја нема зошто секогаш е полна со превртливци па оттука доага дека и љубовта кон неа не е баш пожелна зошто никој нема да ја цени твојата жртва, но не се умира за чест туку од љубов се умира кон нештата. Кога ке помислам не знам, имам неколку работи на ум но тоа е тешко, да се соочиш со фактот дека би можел да имаш страшна и ужасна смрт јас можам да набројам еден куп работи но најпосле дали секој што набројал ке има храброст да го стори тоа, може само да се дискутира и ништо повеке.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom