ABC
“градител“
- Член од
- 24 февруари 2005
- Мислења
- 15.696
- Поени од реакции
- 193
[acko]®;1693543 напиша:епа ако си глуп по тел да ги правиш тие муабети тогаш терај. и во америка е дозволено преслушкување па не гледам дека им проблеми!
Прислушкувањето по телефон е надмината стара работа од пред 20 години,всушност за таква опрема не требаше да се издвојат 50 милиони евра од буџетот,ќе беа доволни и само 1 милион.Сега има пософтицирани начини,кој за да се набават треба и да се платат.Ќе се знае во секој момент кој бизнисмен и која секретарка сака да “перне“ а па камо ли дали ќе продава или купува акции,сега и воздухот ќе има уши,не само ѕидовите,итоа озаконето без страв од прогон и казнување за тоа,итоа финансирано со парите на граѓаните од буџетот.
Интересно ќе биде што таа моќна машинерија ќе биде во рацете на два-тројца луѓе,кој ќе можат да те уценуваат па од председател на СДСМ можеш да станеш најдобар лепач на плакати за ВМРО,всушност во секој момент и законски ќе можат да управуваат со твојот живот одкако лесно,едноставно и НЕКАЗНИВО ќе обезбедат докази против тебе.Доколку и сакаш да ги тужиш или да се пожалиш на таквата постапка ќе му ги презентираат дискретно “снимките“ на судијата како му го “дудлал“ на својот колега на пример,мислиш ли дека ќе остане непристрасен?
