НСДП со иницијатива до Уставен суд за Законот за следење на комуникации
Пратениците на НСДП, Тито Петковски, Соња Мираковска и Горан Мисовски, денеска до Уставниот суд поднеле иницијатива за оцена на уставноста на Законот за изменување и дополнување на законот за следење на комуникации.
Како што велат од партијата законите се носат нетранспарентно и на брзина, да се сокрие нешто од очите на јавноста.
Како што истакна претседателот на партијата Тито Петковски, со измената на Законот за следење на комуникациите на полицијата и се овозможува да прислушува речиси неограничено и без никаква контрола.
Петковски истакна дека под форма на “заложба за ефикасна борба против организираниот криминал и корупција“, во Македонија на голема врата и врз основа на закон се инсталира полициска држава.
ЗА НСДП двата основни столба на кои се потпира демократијата се правото и човековите права. Само примарноста на правото и примената на човековите права можат да гарантираат дека никој не е над законот и дека сите се еднакви пред законот.
ИЗВОР
Моја поддршка за иницијативата !