Безбедносните служби ќе може да прислушуваат секого?

Подршка за новиот начин на прислушување и следење

  • Вкупно гласачи
    122
Член од
25 септември 2007
Мислења
1.436
Поени од реакции
45
Поефикасна борба со корупцијата или обид за целосна контрола над граѓаните? Безбедносните служби од идната недела, кога на сила стапуваат измените на Законот за следење на комуникациите, ќе можат да прислушуваат и снимаат секого, без никаква контрола.
Според експертите, најзагрижувачки е што МВР нема временска обврска да ги уништува снимените материјали, дури и во случај кога нема ниту да биде покренато обвинение за следениот граѓанин.
„Секој изговор дека тоа се право заради зајакнување на борбата против корупцијата, мислам дека покажува нешто сосема спротивно. Според мене, примената на ваков тип мерки само ќе ги зајакне можностите за корупција и за организиран криминал во РМ, и тоа за таков тип на корупција и организиран криминал којшто ќе се случува на највисоко ниво, таму каде што не можат да стигнат организациите за заштита на човековите права“, рече Слаѓана Тасева, универзитетски професор.
Тајната полиција ќе може да инсталира специјална опрема во сечиј стан или канцеларија, да следат сечиј компјутер, да поставуваат бубачки за прислушување или камери во домовите. За тоа ќе им бидат потребни само основи за сомнение и усна наредба од суд.
За разлика од досега, кога нивното користење беше строго ограничено за откривање на тешки кривични дела, за кои е предвидена минимална затворска казна од пет години, новиот закон предвидува употреба на специјалните истражни мерки и за дела како измама, уцена или незаконско влијание врз сведоци - дела за кои се предвидени помали затворски казни.

„Јас потенцирав јавно дека правото на приватност директно е поврзано со интегритетот на личноста и дека таа претставува гаранција за немешање на јавната власт во животот на поединецот“, изјави Иџет Мемети, народен правобранител.
Законот за следење на комуникациите беше донесен минатиот месец во итна и скратена постапка, без јавна и експертска расправа. Не бил консултиран ниту народниот правобранител.
Опозицијата веќе најави негово оспорување пред Уставен суд.

Значи работава ќе биде, денес јас тука пишувам нешто против владава, утре ќе ми дојдат едно 20 припадници дома или на работа и ќе искршат се и ќе си заминат.... како што беше она во Процес некое такво филмче ќе направат. Значи ова може да ви се случи на секој од вам, без некакви докази дека сте направиле нешто лошо, напротив може да го јадите и ако крепите некој друг, може утре да ве уценуваат со снимки со телефонски разговори, видео материјали и тн тн. Што мислите, особено сакам да го видам мислењето на вмровците?
 
А што ако владата беше на СДСМ, и тие го донесоа законот?
Јас лично ако сакат и Бране да го напишал и потпишал законот нема да го подржам зошто се меша во приватноста на луѓето, без разлика кој како што и кој.... јас ве прашувам што мислит
 
и усна наредба од суд ?????

Kako be toa so usna naredba od sud ... svasta

Prasanje e dali tie podatoci ke mozat da bidat prilozeni kako sudski dokaz sto pisue u zakonot toa ?

Sto pisue kaj se mozat da bidat postavuvani tie bubacki ?

Nonsens e ovoj zakon i zadira u covekovite prava i
 
Лудило.

Среќа што службите можат максимално да прислушкуваат 1000, 2000 луѓе, иначе кај ќе ни беше крајот :)
 
Лудило.

Среќа што службите можат максимално да прислушкуваат 1000, 2000 луѓе, иначе кај ќе ни беше крајот :)

мене пак ми се чини дека овој е поврзан со законот за хигиена за да се следат оние кои не пуштале дома во вода во вецината:nesum:
 
Абе луѓе бе, па тоа не важи за сите, како може да ти се загрозува приватноста?
Јас гледав вести и рекоа дека такви уреди ќе се поставуваат само за некој кој што е сомнителен, и кој прекршил закон.

"Тајната полиција ќе може да инсталира специјална опрема во сечиј стан или канцеларија, да следат сечиј компјутер, да поставуваат бубачки за прислушување или камери во домовите. За тоа ќе им бидат потребни само основи за сомнение и усна наредба од суд."
 
Plus ke padne na Ustaven sud ova ko krushka ...

Ubavo pise u Ustav koi se osnovni covekovi prava koi ne smee da se zadira so zakon ili da se ogranicuvaat ...

A stom ne e promenet i zakonot za KP djabe vezat so ovoj zakon diletanti ... ama da go smenat ZKP im treba 2/3 mnozinstvo a toa malo morgen taka da ne veruem deka od ova ke ima nesto :tv:
 
Абе луѓе бе, па тоа не важи за сите, како може да ти се загрозува приватноста?
Јас гледав вести и рекоа дека такви уреди ќе се поставуваат само за некој кој што е сомнителен, и кој прекршил закон.

"Тајната полиција ќе може да инсталира специјална опрема во сечиј стан или канцеларија, да следат сечиј компјутер, да поставуваат бубачки за прислушување или камери во домовите. За тоа ќе им бидат потребни само основи за сомнение и усна наредба од суд."

хммм сомнително ми е тоа основи за сомнение, според досегашнава работа на МВР видовме уапсени политичари, градоначалници од опозицијата, а ниеден од власта или некоја покрупна рибка која на пример моментално спонзорира една партија,
 
„Од крајност во крајност“ е моето мислење за законите кои беа донесени во изминатиов период. Доколку се сеќавам добро, ова е прва година кога стапува на сила законот за задолжително средно образование... Од такви издржани закони, донесени со цел поквалитетен живот на Македонскиот граѓанин, преку бизарни закони од типот „нема да пиете после седум, зш нафуран му сум на комшијата, навечер пијат и ми прет галама во комшилук“ до нешто вакво - опасен и во секоја смисла неоправдан „закон“... Се враќаме во времињата кои едвај чекаме да ги заборавиме...

Сите сме свесни за нашата мала политичка моќ... Мислам дека во овој период сите сили требаше да бидат насочени кон решавањето на клучните, интернационални проблеми кои ги имаме, да се потрудиме да решаваме такви прашања. На тој начин ќе се придобиеше нацијата и ќе ја засакаше власта. На тој начин ќе станевме подобар народ. Подобар народ нема да не направи нити прохибицијата, нити стравот дали некој те прислушкува кога праиш муабет на телефон.
 
Се навраќаме на дамнешни времиња..... едноумие чинам ли беше....
 
Мене пак ми се чини дека од Македонија се обидуваат да направат Холивуд.Спроведувањето на овој закон ме потсеќа на периодот после завршување на Втора Светска Војна,кога Информбирото гонело се живо и диво и подебелиот крај си го однесувале оние кои биле најмалку виновни.Дали ова значи дека поради банална причина може да те казнат како што милуваат тие од власта?Со спроведувањето на законов ем се враќаме 50 години уназад,ем неправдата чука на голема врата.
 
А што ако владата беше на СДСМ, и тие го донесоа законот?

А што ако си бил во соблекувалната на Градски кога играа Македонија -Англија, па да им ставиш рицинус во соковите на англичаните, па може и ќе ги тепавме???
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom