Безбедносните мерки за вашите „златни“ броеви - "Максимално ниво"

  • Креатор на темата Креатор на темата BloodyJesus
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

BloodyJesus

патенирана чепкалка
Член од
15 февруари 2012
Мислења
1.206
Поени од реакции
1.240
Пред неколку дена гледам на телефонот пишува „нерегистриран сим“ и викам ајде да не е од кредитот (последно ставив пред една недела 600 денари) и да ставам пак уште некоја паричка.
Идам у трафика даам пари и кажувам бројо и вика девојката: Извини ама апаратчево вика дека таков број не постои, да не ви е грешка? и јас викам не е можно знаеш 10 пати и го кажав пак нејќеше и ај реков уживај да не те замарам ќе поминам кај т-мобајл можда таму знаат што е проблемот.

Зимам симот и дирек у т-мобајл:
Добар ден - Добар ден.
-извини да ве прашам, иам една мака телефонов од синоќа навака ми вика нерегистриран сим, ова ми се дешава после 6 години и чудно ми е.
-ај кажете ми го бројчето ве молам
-070/6хх-ххх
-господине да не го имате вие украдено бројов?
-молам?
-па вашиов број уствари не е ваш, веќе 6 години се води на друг човек, дефинитивно не е ваш бројов.
-ама како госпоѓо коа јас пред 6 години го зимав со лична карта и све тие формулари ги пополнив.
-не ми се верува, ќе се распрашам јас подетално и дојдете вие после 1 час.

Океј, помина еден час и јас идам пак (истата госпоѓица беше).

-еве јас пак стигнав, новости?
-Господине, дефинитивно вие го имате украдено бројов и сте пробале да извршите некој криминал. Гледам бројов не е на ваше име и не гледам средство да ми докажете дека е наша грешка. Телефонот е на друг корисник, го има загубено па си го „поновил“ и сега зато на вас ви кажува така. Подобро ќутете си за ова да не испадне најглупа кражба на веков (и се смешка).

Си ја наведнав глаава ко гомно некое и си размислувам. Онаа теоремата „вистината испливува во најнеочекуван момент“ и биде шо биде, си наведнав глава и се помирив.
Искачам вечерта кај една другарка у стан, имаше роденден и знаете муабети ова она, фина вечер. Девојката ја познавам од основно, знам што спонзоруша и тие други материјални потреби за една вечер. Правиме муабет и ни го преставува дечкото и он фалбаџија невиден(името нека остане тајна ама од позната ложа е) и праиме муабет ова она и го извади телефонот, ајфон 64гб и почна да се чатали ваму таму и една интересна реченица „Кој го ебе телефонот, бројчето ме кошташе повеќе од него“ и мене ми светна ламбата и викам златно ти е? и тој вика презлатно! и ја му викам имам златно бројче нешо дрн дрн и финалното: Ај да ти титнам да видиме дали ќе се напраи злато на квадрат (и се смееме) и го кажува човеко бројот и мене очите олкај О.О мојо број ми го диктира бе еј? мојо број! и ништо си преќутив јас и наведнав си по втор пат глаава. Помина вечерта и си се прибрав дома и си носам заклучок:

Човекот разгалено мамино копиље, платил добри пари за златен број, можеби они немале друг со 6ки многу само мојо бил, немале што да му дадам и ми го зимале мојо и го префрлиле на негово име. Уз муабет спомињаше нешо омилне му бил со 6ки (демек ѓаволот на бројот) и си го земал. Епа сеа останав со прашањата:
Криминал е тоа?
Дали ако јас посакам некој број со 7мици да дадам добри пари ќе го имам?
Што да правам? да тужам, неам со шо (докази)

Можам само едно да речам „И МЕНЕ НЕ МИ СЕ ЖИВЕЕ ВЕЌЕ ВО ВАКВА ДРЖАВА!
 
Ако го имаш пинот на картичката од кај што се вади сим картицата тогаш слободно оди во полиција и можеш и тужба да им репнеш!
 
Вакво решение во случајов ќе ме снајди „Судија те тужи, судија те суди“ или поедноставно кажано као да идиш на Михаило Џолонга да му кажеш дека телефонот на син му е полн со еротски пораки.

Држи water?
 
Уфф, бравос за тебе како си се воздржал ! (y)

Јас да бев сигурно некој инцидент ќе се десеше ...како и да е Life goes On со бројче или без !

:D
 
Од пред 2 години се префрлив на вип. Инаку за стариот број од мобимак што го користев си чувам фискална сметка, пасош и тоа ко цд пластична обвивка од кај што се вади сим картичката.

Кој ќе докаже дека сум го украл при овие доказзи?
 
епа ти пред 2 јас пред 6 да сум го чувал то ко „цд“ сигурно ќе се стопело и на -32 степени а бојата од фискалната ќе била ко штампана ...
 
Незнам зошто во последната реченица ја измеша и државата овдека, но доколку имаш било каков доказ дека ти претходно си го користел броот и дека е купен истиот тој број, значи биди внимателен и со префиксот, постојат и 070, 071, 072, 073, 075, 076, 077, 078 сега за сега за приватни лица - постои опција да се обратиш до АЕК и да го искажеш твоето незадоволство од страна на операторот + нивната манипулација.
btw, ова навистина е реткост :) Иако јас имам случаеви скоро секој ден, некој од операторите погрешка да исклучат - случајно демек им се побркал компјутерот и повеќето луѓе мислат дека телефонот им се расипал, затоа што нели кажува Sim Rejected или нешто слично... whatever, јас те упатив твое е да видиш дали вреди да се замараш - сепак голема компанија е, но не треба да го имаме малоумното размислување во стил на Ништо не им можам.
 
Вака мене да ми направат нема да ми биде криво за бројот, ќе ми биде криво што таа глупачата ми кажува дека јас сум го украл, у здрав мозок нездрав те праи :tapp:
 
Доколку го чуваш договорот потпишан пред 6 години, можеш комотно да тужиш.
Доколку Т-Мобиле потплати македонски судии можеш да тужиш во Стразбур и да добиеш отштета и од Т-Мобиле и од државата.

Сепак, за почеток, утре јави се во АЕК.
 
Уфф, бравос за тебе како си се воздржал ! (y)

Јас да бев сигурно некој инцидент ќе се десеше ...како и да е Life goes On со бројче или без !

:D
Се сложувам со тебе, алал му вера како се воздржал. Јас да бев на негово место прво на тоа копилето со ајфонот, ајфонот ќе му го акнев од ѕид, а него ќе го направев модар патлиџан, а тек следниот ден во Т Мобајл кај така пачаврата што ме нарекувала мене крадец или ова она ќе и ги лупнев сите тие докази, и тек тогаш каков Џумбуш таму ќе настанеше.. ауу...
 
Пред неколку дена гледам на телефонот пишува „нерегистриран сим“ и викам ајде да не е од кредитот (последно ставив пред една недела 600 денари) и да ставам пак уште некоја паричка.
Идам у трафика даам пари и кажувам бројо и вика девојката: Извини ама апаратчево вика дека таков број не постои, да не ви е грешка? и јас викам не е можно знаеш 10 пати и го кажав пак нејќеше и ај реков уживај да не те замарам ќе поминам кај т-мобајл можда таму знаат што е проблемот.

Зимам симот и дирек у т-мобајл:
Добар ден - Добар ден.
-извини да ве прашам, иам една мака телефонов од синоќа навака ми вика нерегистриран сим, ова ми се дешава после 6 години и чудно ми е.
-ај кажете ми го бројчето ве молам
-070/6хх-ххх
-господине да не го имате вие украдено бројов?
-молам?
-па вашиов број уствари не е ваш, веќе 6 години се води на друг човек, дефинитивно не е ваш бројов.
-ама како госпоѓо коа јас пред 6 години го зимав со лична карта и све тие формулари ги пополнив.
-не ми се верува, ќе се распрашам јас подетално и дојдете вие после 1 час.

Океј, помина еден час и јас идам пак (истата госпоѓица беше).

-еве јас пак стигнав, новости?
-Господине, дефинитивно вие го имате украдено бројов и сте пробале да извршите некој криминал. Гледам бројов не е на ваше име и не гледам средство да ми докажете дека е наша грешка. Телефонот е на друг корисник, го има загубено па си го „поновил“ и сега зато на вас ви кажува така. Подобро ќутете си за ова да не испадне најглупа кражба на веков (и се смешка).

Си ја наведнав глаава ко гомно некое и си размислувам. Онаа теоремата „вистината испливува во најнеочекуван момент“ и биде шо биде, си наведнав глава и се помирив.
Искачам вечерта кај една другарка у стан, имаше роденден и знаете муабети ова она, фина вечер. Девојката ја познавам од основно, знам што спонзоруша и тие други материјални потреби за една вечер. Правиме муабет и ни го преставува дечкото и он фалбаџија невиден(името нека остане тајна ама од позната ложа е) и праиме муабет ова она и го извади телефонот, ајфон 64гб и почна да се чатали ваму таму и една интересна реченица „Кој го ебе телефонот, бројчето ме кошташе повеќе од него“ и мене ми светна ламбата и викам златно ти е? и тој вика презлатно! и ја му викам имам златно бројче нешо дрн дрн и финалното: Ај да ти титнам да видиме дали ќе се напраи злато на квадрат (и се смееме) и го кажува човеко бројот и мене очите олкај О.О мојо број ми го диктира бе еј? мојо број! и ништо си преќутив јас и наведнав си по втор пат глаава. Помина вечерта и си се прибрав дома и си носам заклучок:

Човекот разгалено мамино копиље, платил добри пари за златен број, можеби они немале друг со 6ки многу само мојо бил, немале што да му дадам и ми го зимале мојо и го префрлиле на негово име. Уз муабет спомињаше нешо омилне му бил со 6ки (демек ѓаволот на бројот) и си го земал. Епа сеа останав со прашањата:
Криминал е тоа?
Дали ако јас посакам некој број со 7мици да дадам добри пари ќе го имам?
Што да правам? да тужам, неам со шо (докази)

Можам само едно да речам „И МЕНЕ НЕ МИ СЕ ЖИВЕЕ ВЕЌЕ ВО ВАКВА ДРЖАВА!
И после некој ке ти рече не е се во парите..пффф
 
Можам само едно да речам „И МЕНЕ НЕ МИ СЕ ЖИВЕЕ ВЕЌЕ ВО ВАКВА ДРЖАВА!

Се надевам дека ова е приказна која ја пренесуваш, а не некоја која тебе ти се случила. Во секој алучај, ако е вистинита и мене ми е срам да живеам во држава каде во вакви ситуации некој ведне глава. Имаш милион докази за сопственост, зошто сте отстапиле? Договор, сметки, и сл. сето тоа на крај ако се приложи ќе ви донесе дебело извинување и молење во форма на бесплатни импулси и сл. за да не ја ескалирате ситуацијата.
 
Абе каков срам види што документи поседуваш ако имаш некој пријател адвокат да ти објасни што како дали имаш доволно докази едно друго.
И после ќе си извлечеш дебели пари до крај на живот обезбеден ќе бидеш не жали искористија ситуацијата.;)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom