Безбедносните мерки за вашите „златни“ броеви - "Максимално ниво"

  • Креатор на темата Креатор на темата BloodyJesus
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
А ти цело време овие 6 години си го користеше бројот и одеднаш ти го зеле? Нешто ми смрди тука.
 
А ти цело време овие 6 години си го користеше бројот и одеднаш ти го зеле? Нешто ми смрди тука.

И мене нешто ми смрди, како баш се погодила коинциденција со машково да се најдат иста вечер и вој да му раскажуе за тоа...
 
Друже контактирај со некој добар адвокат ќе ти каже какви ти се шансите реални да бидеш успешен во тужбата, плус провери си го договорот кога си го купувал бројот тогаш. И да не требало да прекинеш кога си отишол во Т-Мобајл кога знаеш дека си во право незнам зошто не си продолжил да се буниш да испитаат.. вака испаѓа како они да те фатиле и те “помилувале“ за тоа.
 
Абе другар, од кај они знаеле дека ти си ја изгубил цела документација?

Да ти напраат вака, а ти да имаш еден документ (сим картичка, договор итн итн), можеш матер да им ебеш. Мислиш би ризикувале?
Ај тоа, ама 6 години како се води бројот на друг, ако вчера го продале на другар ти?

Дообјасни малце...
 
6 години го користиш бројот кој е со 6ки и ти го крадат и го наоѓаш тој што ти го украл бидејќи и тој сакал 6ки и тоа баш вечерта :pos:

ова повеќе ми изгледа ко приказна од некој филм прераскажана на форум отколку вистинска случка :unsure:

плус насловот на темава ме збуни мислев ќе има нешто совети испадна приказна

 
Вакво решение во случајов ќе ме снајди „Судија те тужи, судија те суди“ или поедноставно кажано као да идиш на Михаило Џолонга да му кажеш дека телефонот на син му е полн со еротски пораки.

Држи water?

Ако имаш документи, само АЕК ти е спасот.. пријави и чекај,друго што ти останува..
 
а јас велам дека лажеш, ај напиши го овде бројот, јас ќе проверам,а?
 
Не да лаже, суши :)

Како прво како ти титна коа имате двајца исти број? Како второ како другаркати не примети дека тој го има твојот број ако е толку уникатен секој ќе го знае па и тој? Како трето Т-Мобајл има доста златни броеви, сигурно не им дошло до 100-200 евра да прават глупави потези
 
+1 глас за измислена приказна ... не сакам да верувам дека постои млад човек кој би наведнал глава во таква ситуација
 
Ова е дело на едноногиот 070-666-666 претпоставувам дека е бројот. Овде само молитва може да помогне.
 
И на кој број тебе ти титнал кога ти уствари немаш број / си го изгубил бројот/ си заминал со наведната глава... И како може да заминам ако сум во право после 6год користење. Поглупа лага немам видено,и не знм што ти е финтава
 
Хм баш ме зачуди ова со титкањето , како може да ти титне ако бројот не ти работи?
 
И потоа мрморецот ја завитка чоколадата во фолија... Да, да, сигурно.


Добро бе како можите да вервате во лажги со опашки? Ито не мали опашки, туку опашки од 20 метра. Дебели ко диреци.

Пред неколку дена гледам на телефонот пишува „нерегистриран сим“ и викам ајде да не е од кредитот (последно ставив пред една недела 600 денари) и да ставам пак уште некоја паричка.
Си турил 600 денари кредит пред 1 недела... И оп од нигде никаде, нерегистриран сим. Ко веќе знајш од кај е (пошо си турал кредит), оти не одиш во продавницата да ти дадат извештај за сметката? Гарант ќе го најдат...

Човекот разгалено мамино копиље, платил добри пари за златен број, можеби они немале друг со 6ки многу само мојо бил
Ма немој не ме јеби... од толку броеви, твојот најдоа да го земат. Се чудам оти не го зедоа мојот?

Криминал е тоа?
Дали ако јас посакам некој број со 7мици да дадам добри пари ќе го имам?
Што да правам? да тужам, неам со шо (докази)
Криминал е да изнесуваш невистини т.е. да си измислуваш прикаски за компании. То се вика клевета.

Можам само едно да речам „И МЕНЕ НЕ МИ СЕ ЖИВЕЕ ВЕЌЕ ВО ВАКВА ДРЖАВА!
Можиш да го речиш уште еднаш, во мое име. Проѕирен си ко перде.
 
Пред неколку дена гледам на телефонот пишува „нерегистриран сим“ и викам ајде да не е од кредитот (последно ставив пред една недела 600 денари) и да ставам пак уште некоја паричка.
Идам у трафика даам пари и кажувам бројо и вика девојката: Извини ама апаратчево вика дека таков број не постои, да не ви е грешка? и јас викам не е можно знаеш 10 пати и го кажав пак нејќеше и ај реков уживај да не те замарам ќе поминам кај т-мобајл можда таму знаат што е проблемот.

Зимам симот и дирек у т-мобајл:
Добар ден - Добар ден.
-извини да ве прашам, иам една мака телефонов од синоќа навака ми вика нерегистриран сим, ова ми се дешава после 6 години и чудно ми е.
-ај кажете ми го бројчето ве молам
-070/6хх-ххх
-господине да не го имате вие украдено бројов?
-молам?
-па вашиов број уствари не е ваш, веќе 6 години се води на друг човек, дефинитивно не е ваш бројов.
-ама како госпоѓо коа јас пред 6 години го зимав со лична карта и све тие формулари ги пополнив.
-не ми се верува, ќе се распрашам јас подетално и дојдете вие после 1 час.

Океј, помина еден час и јас идам пак (истата госпоѓица беше).

-еве јас пак стигнав, новости?
-Господине, дефинитивно вие го имате украдено бројов и сте пробале да извршите некој криминал. Гледам бројов не е на ваше име и не гледам средство да ми докажете дека е наша грешка. Телефонот е на друг корисник, го има загубено па си го „поновил“ и сега зато на вас ви кажува така. Подобро ќутете си за ова да не испадне најглупа кражба на веков (и се смешка).

Си ја наведнав глаава ко гомно некое и си размислувам. Онаа теоремата „вистината испливува во најнеочекуван момент“ и биде шо биде, си наведнав глава и се помирив.
Искачам вечерта кај една другарка у стан, имаше роденден и знаете муабети ова она, фина вечер. Девојката ја познавам од основно, знам што спонзоруша и тие други материјални потреби за една вечер. Правиме муабет и ни го преставува дечкото и он фалбаџија невиден(името нека остане тајна ама од позната ложа е) и праиме муабет ова она и го извади телефонот, ајфон 64гб и почна да се чатали ваму таму и една интересна реченица „Кој го ебе телефонот, бројчето ме кошташе повеќе од него“ и мене ми светна ламбата и викам златно ти е? и тој вика презлатно! и ја му викам имам златно бројче нешо дрн дрн и финалното: Ај да ти титнам да видиме дали ќе се напраи злато на квадрат (и се смееме) и го кажува човеко бројот и мене очите олкај О.О мојо број ми го диктира бе еј? мојо број! и ништо си преќутив јас и наведнав си по втор пат глаава. Помина вечерта и си се прибрав дома и си носам заклучок:


Човекот разгалено мамино копиље, платил добри пари за златен број, можеби они немале друг со 6ки многу само мојо бил, немале што да му дадам и ми го зимале мојо и го префрлиле на негово име. Уз муабет спомињаше нешо омилне му бил со 6ки (демек ѓаволот на бројот) и си го земал. Епа сеа останав со прашањата:
Криминал е тоа?
Дали ако јас посакам некој број со 7мици да дадам добри пари ќе го имам?
Што да правам? да тужам, неам со шо (докази)

Можам само едно да речам „И МЕНЕ НЕ МИ СЕ ЖИВЕЕ ВЕЌЕ ВО ВАКВА ДРЖАВА!
Па овој фраеров *уствари сакал женската да ти ја ќари и те решил, на мобилно ниво. :)

И шо има врска сеа државата со ова? Пријави, тужи чим си во право, прикажи дека имаш лична карта плус постпејд договор, и/или припејд регистрација на корисник МобиПасспорт на времето се викаше, и готово решена е ситуацијата.

Броеви се реискористуваат само ако се подолго време деактивирани.
Може нова сим да пуштат ако сопственикот на првичната со докажан идентитет ја пријави тековната како изгубена и плати мислам 200МКД беше за нова.

*Искрено приказнава на мене ми изгледа како... ...приказна - измислена.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom