(Без)смислата на адетите

  • Креатор на темата Креатор на темата simeon
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
5 јануари 2008
Мислења
981
Поени од реакции
408
Има ли некој меѓу нас кој не се нашол во непријатна ситуација затекнат од тоа што прекршил некој адет или што го гледале чудно поради тоа што не знаел за некој адет? Добро би било овој пат да го отвориме прашањето што е адет, како дошло до тоа различие во адетите на разни подрачја и која е опасноста од слепото верување во нив.



Бабичките кои на младост учеле веронаука и кои тајно не крштеваа и подучуваа во верата, речиси и да ги нема веќе меѓу нас. Средните генерации што речиси целиот свој живот го поминале во едно друго и незаинтересирано општество за религија се' уште се незаинтересирани или дезориентирани во верата. И сега ни останува на нас помладите да ја чуваме верата и не само да ја чуваме, туку и да ја прочистиме од разни примеси во неа и таква да ја предадеме на идните генерации. Најпрво треба да знаеме дека верата не е едно исто со адет, традиција, фолклор, суеверие. Од тие причини добро би било овој пат да го отвориме прашањето што е адет, како дошло до тоа различие во адетите на разни подрачја и секако која е опасноста од слепото верување во нив.Има ли некој меѓу нас кој не се нашол во непријатна ситуација затекнат од тоа што прекршил некој адет или што го гледале чудно поради тоа што не знаел за некој адет? Не верувам дека има, бидејќи јас лично сум се нашол во мал милион такви ситуации. Тоа е секако плод на тоа што сум клирик на Црквата Божја, а уште повеќе од тоа што сум во дијаспората, каде што во една македонска црковна општина има луѓе од сите краишта на нашава земја, па можете да замислите со какво изобилство од адети се среќавам со оглед на тоа што секој град и плус секое селце кај нас има различни адети. И сега оди та угоди им на сите. За едните тоа што чини, за другите не чини.
Адет е некоја воспоставена навика на месното население обично врзана со верата или за која се мисли дека е врзана со верата, а може да биде и обично суеверие, за која никаде не постои запис, која е задолжително да се исполнува и во која многу се внимава на формата како тоа ќе се изведе. Се предава од колено на колено и по принцип на онаа игра од раното детство која се викаше расипан телефон до нас стигнува со страшни деформации. Најмногу од адетите произлегуваат од симболиката. Ако внимателно ги гледаме отстрана како се изведуваат овие адети, особено тие што се изведуваат при свадбите, многу лесно ќе откриеме чиста симболика. Младоженецот треба да ја нагазне невестата на нога за тој да биде оној што ќе доминира во бракот или, пак, ако невестата е поербап и ако го испревари таа да ја земе таа улога. Да се врзат со платно за рацете за да им биде цврста врската, па колку јазли толку деца... Кога ќе влезе во домот, свекрвата да ја пречека невестата со шеќер за да биде блага, со вино за да биде румена, да ја допре до оџакот за да врти куќа околу огништето, односно да биде домаќинка и слично. Некои адети произлегуваат од искривени и недообјаснети црковни обреди од типот мајката не смее да е присутна на крштевањето, а тоа важи само до четириесеттиот ден ако се крштева детето, а мајката бидејќи не земала голема молитва, која се прави на четиресеттиот ден кога завршува периодот на нејзиното очистување и преку молитвата таа повторно се вклучува во животот на црквата и сл. Некои адети настанале од неукоста на свештенството во оние периоди кога сме се наоѓале под османлиската власт и кога за свештеници се поставувале луѓе што имале само елементарно познавање на азбуката, односно луѓе што знаеле да читаат, а кои немале теолошка наобразба, па често импровизирале. Некои адети околу славењето празници и селски слави навлегле бидејќи бројот на свештенството бил недоволен насекаде да покријат навреме, па правеле измени во прославите за да може секаде да пристигнат. Некои од нив навлегле преку влијанието на другите вери како прифаќањето на курбанот, некои од магиски обреди како колење кокошки како трета жртва ако се случат два последователни погреба во блиско време од иста фамилија итн. А последиците од сето ова се: живеењето во страв од тоа што ќе ни се случи и каква ќе биде казната од Бога ако случајно нешто промашиме или не можеме да се одлучиме што да прифатиме од неколкуте понудени опции што ни доаѓаат од разни страни како и гостите што доаѓаат од разни краишта.
За да го надминеме тоа, ќе треба да влеземе во костец со сите овие разно разни појави и најпрвин да ги детектираме, да ги систематизираме, па да ги разјасниме тие што имаат врска со верата, да ги отфрлиме тие што од друга страна и причина навлегле, а оние што толку се одомаќиниле и станале дел од нашиот фолклор, ако не можеме да ги отфрлиме, барем да ги охристијанизираме, да им дадеме христијанска смисла. Но, тоа не е само обврска на клерот и на Црквата, туку и на секој човек што сака нешто да направи за својата вера и црква. Од нас зависи каква вера ќе им предадеме на идните генерации. Вера што станала компилација од вера, адети, национализам, верски фанатизам, омраза кон другите вери, фолклор, форма без суштина, а која, пак, нема да биде интересна за нив, или, пак, вера во живиот Бог, која води кон спасение и живот вечен. И, сега, ќе прифатиме ли здраво за готово адет да ни биде да ги правиме адетите и да живееме во страв без да бараме одговор и смисла на тоа, па и тогаш кога ќе побараме одговор не добивајќи го полесно да ни биде технички да го изведеме адетот за да избегнеме конфликт со адет-мајсторот или ќе засукаме ракави? Има ли потреба да кажам дека јас сум за последново?





Европски Митрополит Пимен
 
Прво имаш грешка во насловот.
Второ, што мајка бараат адети во религија кога самата религија од адети ја признава само молитвата кон Бога.
 
Прво имаш грешка во насловот.
Второ, што мајка бараат адети во религија кога самата религија од адети ја признава само молитвата кон Бога.

:pos2: Читаш што пишуваш :pos2::tapp:
 
mn e za citajne a inku adtetite se izmisleni a gi ima tolku mnogu (sekoj grad si ima baska adeti) sto retko nekoj da gi znae site i poradi toa sto ne gi znaeme i gi prekrsuvame a za toa ne sme svesni:smir:
 
mn e za citajne a inku adtetite se izmisleni a gi ima tolku mnogu (sekoj grad si ima baska adeti) sto retko nekoj da gi znae site i poradi toa sto ne gi znaeme i gi prekrsuvame a za toa ne sme svesni:smir:

Прочитак ќе видиш колку е добар текстов...
 
Adetite samo go optovaruvaat covekot i mu go kompliciraat zivotot.Preku niv se stiga samo do sueverie.
 
Мразам адети! Ептен се нервирам кога некој постар, најчесто баба, тетка итн, ќе ми рече, немој неправи така, или пак прави така за да имаш дрн дрн. Тоа ми личи мене на тие глупите пораки на мсн што стигат: прати на 20контакти за да имаш среќа во животот:tapp:...Абе не слични, и исти ми се веќе...
 
Без адети, фолклор, суеверие и традиција го губиме индентитетот како нација.

Така е, ама некои од нас не го знаат тоа како на пример овој цитатов под мене

Мразам адети! Ептен се нервирам кога некој постар, најчесто баба, тетка итн, ќе ми рече, немој неправи така, или пак прави така за да имаш дрн дрн. Тоа ми личи мене на тие глупите пораки на мсн што стигат: прати на 20контакти за да имаш среќа во животот:tapp:...Абе не слични, и исти ми се веќе...

И од такви луѓе како тебе ке ни се уништи државата :uvo:
 
Адетите општо не ги почитувам многу, иако некои од нив ми се наметнати од традиција и помалку или повеќе се присутни во мојот живот.

Најбесмислени адети на нашево поднебје се убедливо погребните. Пред ден-два си изгубил драга личност од семејството, не знаеш главата кај ти е, сеуште си во бунило, а од тебе се очекува да изиграваш домаќин и да слугуваш гости кои дошле да оддадат почит (или нешо друго) со јадења ко за свадба.
Носењето на храна на гробовите исто е крајно бесмислено. Зар има некој што има апетит на погреб?! Па уште морало да пробаш нешто, „за адет“. Иначе не си го почитувал починатиот. Мислам дека последната работа за која се грижи починатиот е тоа дали некој ќе јаде блага пченица во негово име. И немам желудник да јадам храна наредена на мермерот од гробот дур се гушам во солзи бре! Глупав адет.

Исто и тоа... Што на умрените им ставаат триста глупости во ковчегот, демек ќе им притребале на другиот свет. Па лупај внатре омилени алишта на починатиот, накит, книги, не знам што се не... Некои и пари ставаат. Пусто суеверие...

Овие бесмислени адети ги запознав на погребот на баба ми, и искрено, не знам како мајка ми и тетка ми успеаја да се сносат со целиот шок и сепак да се погрижат за секој адет соодветно.

Затоа сакам да ме кремираат.
 
мора од некаде да се почни да ги искорениме овие дебилни обичаи . Се согласувам за погребните , па ручеци по цркви и ресторани , па ракии , па пречувувања . тоа се глупости . Умрениот се носи во капела , запали свека последен поздрав и тоа е тоа . Да касниш за душа на умрениот . ГОсподи помилуј , боже сачувај :toe:
 
Пошто за родот човечки, својствени се церемонијалните однесувања, така и адетите се еден вид церемонија по дореден повод или настан. Доколку адетот зад себе „крие„ одредена смисла и цел, а притоа не е чисто суеверие или забегување во паганизам, адетот како таков, може да се толерира.
Во Македонија, свадбените или празничните адети, кои не се контрираат со црковното учење, свештенството ги допушта.
 
Пошто за родот човечки, својствени се церемонијалните однесувања, така и адетите се еден вид церемонија по дореден повод или настан. Доколку адетот зад себе „крие„ одредена смисла и цел, а притоа не е чисто суеверие или забегување во паганизам, адетот како таков, може да се толерира.
Во Македонија, свадбените или празничните адети, кои не се контрираат со црковното учење, свештенството ги допушта.

Site adeti se kontriraat so hristijanstvoto:pogrebni, svadbeni, praznicni poveke licat na dramaturski dela otkolku sto imaat vrska so poboznost na lugeto.So adeti ne se iskazuva pocitta kon Gospod i bogougodno ziveenje.Se e toa samo edno providno licemerie.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom