(Без)смислата на адетите

  • Креатор на темата Креатор на темата simeon
  • Време на започнување Време на започнување
Митрополиот Пимен е страотно писмен и сигурно знае што зборува.

Има многу писмени атеисти, муслимани, будисти со завршени 3 факултета, па дури и нобеловци. Ако писменоста ти е репер за вистината, тогаш оди слушај ги и нив.

па така, од пагански симбол на срамот, крстот стана и симбол на победата над смртта и симбол/заштитен знак на Христовите следбеници, од кој (знак) се плашат демоните.

Побиј ме!

Со задоволство, како и секогаш. :)
Прво, крстот не бил пагански симбол на срамот. На крстот распнувале криминалци, но крсниот знак како симбол на срамот не постоел. Со други зборови, никој не носел крст на вратот и да велел: "Ова е симбол на срамот!."
А од друга страна пак, апостолите и христијаните од првите 300 години не го користеле крстот како некаков симбол. Тој доаѓа на сцената дури во 4-от век откако му се сонило на паганот Константин дека ако неговата војска нацртаат крстови на штитовите, ќе ја добиат воинствената битка.
Сепак, крстот добива оправдано христијанско значење бидејќи на него бил жртвуван Христос за нашите гревови ШТО НЕ Е СЛУЧАЈ СО ПАГАНСКИТЕ АДЕТИ И ОБИЧАИ КОИ СЕ ОДОМАЌИНИЛЕ НА НАШИВЕ ПРОСТОРИ - ЗА КОИ ШТО ЗБОРУВА ПИСМЕНИОТ МИТРОПОЛИТ ВО ВОВЕДОТ НА ТЕМАВА.

Впрочем, крстот самиот по себе и нема некакво посебно значење за христијаните, туку значењето е во ОНОЈ Кој бил распнат на него. Ние Христовите христијани го обожаваме Христос, а не крстот на кој бил распнат Тој. Христијаните не му се поклонуваат на крстос, не го бакнуваат, не му се молат, не му припишуваат никакви магични својства, не му придаваат никаква "виша сила", не го фетишираат и сл. Тоа е само еден обичен христијански симбол со неспоредливо помало значење од симболите ЛЕБОТ и ВИНОТО кои Христос дирекно заповеда да бидат симболи кои ќе го претставуваат Неговото раскршено Тело и Неговата пролеана Крв за нашите гревови.

заштитен знак на Христовите следбеници, од кој (знак) се плашат демоните.

Aко демоните не се уплашија од Голготскиот крст на кој што беше распнат лично Господ Исус Христос, туку напротив се подигруваа со Него и ја искушуваа Неговата Божественост, тогаш со кој "здрав разум" ние треба да веруваме дека тие ќе се уплашат од некое диригентско мафтање на десната рака (горе-доле-десно-лево), или пак дека ќе се уплашат од некое дрвце во форма на крст купено од некоја тезга на МПЦ? :pos2:

П.С. Кога Св. Василиј Велики ги толкувал посланијата од Св. Ап. Павле, самиот Павле стоел покрај Великиот. Кога Чорбаџијата толкува што сакал да каже Ап. Павле, се прашувам, кој ли тоа стои покрај Чорбаџијата? :raz:

Не знам на какви дроги бил овој Василиј, или пак на какви дроги бил тој што напишал ваква лага па му ја припишал нему (дека духот на Павле му шепкал што како да толкува), но знам едно нешто: дека Чорбаџија не толкува, туку дирекно цитира што вели Господ Бог во Светото Писмо.
Тоа што тебе не ти одговара што вели Бог во Светото Писмо, тоа не значи дека јас го толкувам.

" Не знаете ли дека малку квас, го потквасува целото тесто?Очистете се од стариот квас, за да бидете ново тесто, како што сте бесквасни."
(1 Коринтјаните 5:6-7)

Ајде повели, кажи ми што толкува твојот Василиј Великанец под зборот "стариот квас"? :)

"Не впрегнувајте се во нееднаков јарем со неверниците!
Зашто, што има правдата заедничко со беззаконието?
Или какво заедништво има светлината со темнината?
Во што се сложува Христос со Велијал?
Или каков дел има верникот со неверникот?
Или како се сложува Божјиот храм со идолите?"
(2 Коринтјаните 6:14-6)

Зарем има тука потреба од толкување или пак апостолот јасно ни кажува да не се мешаме и да не правиме компромиси со паганските обичаи и адети и сл?
 
Одлично!

Тргни на страна се што е православно и ништо нема да те попречува во произволните толкувања на Писмото и личната убеденост во безгрешното толкување на истото....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom