Не станува збор за зависност од апчиња бе Апокалипто. Еве, јас сум студент во Скопје. Матичниот лекар ми е од Охрид. Пред да се воведе законот (за среќа) еден неочекувано ми се појави некоја аритмија поради која ме зафати и блага паника. Недела, попладне, јас сам дома, ја грабнав јакната и тргнав пред зграда со намера да фаќам такси и да одам према некоја болница (прв пат се осеќав така, а после еден поголем стрес ми се случи - одтаму паниката) незнаејќи што друго, освен да се јавам на доктор и да прашам што да правам, пре него што би тргнал со такси према болница. Докторот ми кажа дека е сосема логично телото да изреагира некое време после стресна состојба, ми посоветува да се напијам една доза дијазепам и ќе се смирам. Отидов до апотека, купив таблети, се напив и се стабилизирав.
Втора ситуација - ми се случуваат некои инфективни процеси под долна шеска (значи, заб

). После "ќе помине само" периодот од 3 дена и отокот кој не спласна, повторно се обратив за медицинска помош кај стоматолог, после што таблетите (антибиотици) кои ми ги препорача не можев да почнам да ги земам дури не добијам рецепта од матичен - значи, или да одам во Охрид и да ја земам, или да стиснам заби.
Свесен сум дека постојат случаи кога се злоупотребуваат лековите од таблетомани, односно дека надрилекарството често завршува многу лошо - но, зошто само матичниот да може да ми препишува лекови?
За да ме сфатите точно што сакам да кажам, замислете да се разболите на 25-ти јули во Охрид. И да треба брзо да се изреагира.