Без рецепт не можеш да купиш лек. Паметен потег или уште една глупост?

  • Креатор на темата Креатор на темата Јован
  • Време на започнување Време на започнување
..како и повишето..и ја ја подржуам..зашто скоро сите земаат на своја рака лек..па потоа се жалат на мн др работи..
..но сепак проблем се лекарите..кои не сите ама повеќето...седат и прават муабет со останатите лекари наместо да ги примат пациентите и д аима препишат лек...што мене тоа претерано ме нервира...и за да препишеш лек чекаш два сата...за ова треба исто така да се преземе нешто =)
 
Па се превзема, камери по сите амбуланти/болници :)
 
Не станува збор за зависност од апчиња бе Апокалипто. Еве, јас сум студент во Скопје. Матичниот лекар ми е од Охрид. Пред да се воведе законот (за среќа) еден неочекувано ми се појави некоја аритмија поради која ме зафати и блага паника. Недела, попладне, јас сам дома, ја грабнав јакната и тргнав пред зграда со намера да фаќам такси и да одам према некоја болница (прв пат се осеќав така, а после еден поголем стрес ми се случи - одтаму паниката) незнаејќи што друго, освен да се јавам на доктор и да прашам што да правам, пре него што би тргнал со такси према болница. Докторот ми кажа дека е сосема логично телото да изреагира некое време после стресна состојба, ми посоветува да се напијам една доза дијазепам и ќе се смирам. Отидов до апотека, купив таблети, се напив и се стабилизирав.

Втора ситуација - ми се случуваат некои инфективни процеси под долна шеска (значи, заб :) ). После "ќе помине само" периодот од 3 дена и отокот кој не спласна, повторно се обратив за медицинска помош кај стоматолог, после што таблетите (антибиотици) кои ми ги препорача не можев да почнам да ги земам дури не добијам рецепта од матичен - значи, или да одам во Охрид и да ја земам, или да стиснам заби.

Свесен сум дека постојат случаи кога се злоупотребуваат лековите од таблетомани, односно дека надрилекарството често завршува многу лошо - но, зошто само матичниот да може да ми препишува лекови?

За да ме сфатите точно што сакам да кажам, замислете да се разболите на 25-ти јули во Охрид. И да треба брзо да се изреагира.
На тоа - таблетоманите и мислев, во никој случај не би оправдал недавање на лекарства во ситуации во кој ти си се нашол, и сам ќе сум исфрустриран ако ми требаат а да неможам да ги земам ама па на кој друг паметен начин би можеле да се спречат таблетоманите да дојдат до нивната дрога освем со воведување на задолжителна рецепта, за тоа со матичниот и препишувањето на потребни лекарства само од него веројатно ќе треба чичковците таму горе да смислат решение.
 
Затоа ви кажав, што и да ви треба од апчиња пишете :)
Не се со поминат рок да си знаете:)
 
Ај, пак напрајте си муабет4е.
И за таа Олида аптеката консултирајте се.
 
а бе кога сум болен мајка ми да ми кажува што антибиотици да пијан побрзо ке ми помине одколку да одам на доктор, и сега ке треба секој ден да одам во амбуланта да земам рецепти штона мајка ми и требаат и за мене. Со 2-3 збора кажано законот им е глуп
 
Јас си имам доктори до мене и си немам галје..
ама сепак глупост е, некогаш матичниот нема да работи, а ќе ти треба на пример да земиш парацетамол дека си имал температура.. и тогаш шо ќе правиш?? Ќе му се молиш на господа да не се покачи уш толку температурата и ќе ги натопуваш чорапите во киселина?
 
Ne ti treba recept za Paracetamol.
 
го подржувам ова со рецептите иначе народов се потру со лекови си зема какви сака на своја рака
 
Ne ti treba recept za Paracetamol.
па темава е Без рецепт не можеш да купиш лек.. тоа ќе ти било нов закон колку шо ја сфатив темата.
а зш парацетамолон дан не е лек?
 
Не станува збор за зависност од апчиња бе Апокалипто. Еве, јас сум студент во Скопје. Матичниот лекар ми е од Охрид. Пред да се воведе законот (за среќа) еден неочекувано ми се појави некоја аритмија поради која ме зафати и блага паника. Недела, попладне, јас сам дома, ја грабнав јакната и тргнав пред зграда со намера да фаќам такси и да одам према некоја болница (прв пат се осеќав така, а после еден поголем стрес ми се случи - одтаму паниката) незнаејќи што друго, освен да се јавам на доктор и да прашам што да правам, пре него што би тргнал со такси према болница. Докторот ми кажа дека е сосема логично телото да изреагира некое време после стресна состојба, ми посоветува да се напијам една доза дијазепам и ќе се смирам. Отидов до апотека, купив таблети, се напив и се стабилизирав.
прееска по пат ми текна на ова, и сакав да го напишам, ама боби бил побрз, и јас сум исто од охрид и таму ми е матичниот а сум студент во скопје, така да ептен е глупо во вакви случаи...
па темава е Без рецепт не можеш да купиш лек.. тоа ќе ти било нов закон колку шо ја сфатив темата.
а зш парацетамолон дан не е лек?
веќе напишав погоре, имаше и во првиот пост...

чичковците во владата напиша:
лекови за главоболка, за температура, сите витамини, масти за ревма и некои ензимски препарати може да се продаваат и купуваат
 
Ја подржувам владата за овој закон(другите не ги коментирам)
Навистина е глупост што се даваа антибиотици без рецепта, и ред други лекарства кои некој може да ги злоупотребува.
За антибиотиците да објаснам дека колку почесто се употребуваат од населението толку побрзо нивната ефикасност се намалува, па така се доаѓа понекогаш до ситуација да дури и со најскапиот антибиотик да не може да се победи една навидум банална инфекција,поради тоа што пациентот го има пиено сите скапи антибиотици порано за некоја друга безвезална инфекција.
 
а бе кога сум болен мајка ми да ми кажува што антибиотици да пијан побрзо ке ми помине одколку да одам на доктор, и сега ке треба секој ден да одам во амбуланта да земам рецепти штона мајка ми и требаат и за мене. Со 2-3 збора кажано законот им е глуп
А мајка ти од каде знае што лекови ти требаат? Фармацевт е?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom