Betfair берза и matched betting

Член од
22 април 2005
Мислења
2.492
Поени од реакции
1.120
ќе ги ставам овие две теми во една иако можеби би требало да се поделени една од друга, но дефинитвно НЕ споени со Кладилница.
проверив на блиц, не видов тема отворено за ова, ако има нека се среди. има неколку коментари кои се запоставени, но теми не видов.

matched betting, за оние кои не знаат, не е достапно на секој во македонија. но за оние кои е, би сакал да споделиме мислења. јас од дамна сакав да почнам да играм, конечно почнав. скоро месец дена. просек ми е 20 евра на ден, секој ден. збориме за уплати без ризик, со сигурна добивка.
јас лично имам прилика за matched betting од македонија со VPN, сега за сега 100 проценити функционира, сакам на секој со UK bank картица и UK адреса на која што е регистрирана да си има гарантиран профит од 20-30 евра на ден без мака. ако има такви, а ова не ви е познатно, слободно дискутирајте.

меѓутоа позаинтересиран сум за тргување на спортска берза со Betfair, по можност да размениме стратегија и искуства. јас сум почетник, далеку од искусен trader. тргувам секој ден со мали влогови чисто да ги совладам стратегиите без премногу да размислувам дали сум плус или минус.

ако има некој прашања, да не му познато за што се работи, ќе објасниме не е проблем. на оние што им е јасно би сакал да размениме искуства.
 
Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Па би сакал ја да знам како функционира ова... Чим викаш дневно 20€ загарантирана добивка зш да не, мене и 10€ да ми е дневно би бил презадоволен, тоа ти е просечна мкд дневница...
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.492
Поени од реакции
1.120
ок значи сакаш да знаеш како функционир matched betting.

во суштина многу едноставно. ги користиш понудите на кладинлницит. еве еден пример

ќе го земам William Hill. нуди за нови корисници понуда вложи £10 твои (нормално да ги изиграш) они ќе ти дадат £30 за играње нивни. од тие £30, ти правиш гарантиран профит од околу £20-25.

1. вложуваш свои £10 на да речеме коефициент од 2, на одредена утакмица 1 (домаѓинот да победи) во исто време на Betfair играш обратно (домаѓинот да не тепа) По нашки се штитиш на x2. опфаќаш 100%. при овој влог, ќе бидеш во загуба од околу £0.50 до £1, зависи од изборот на утакмицата. меѓутоа независно дали ќе биде 1, или нема да биде 1, активираш бонус од £30, кој што потоа на истиор прицнип го претвараш во одредена сума гарантирана добивка. £20-25. исто, го уплаќаш бонусот, го штитиш, ти се враќа одредена добивка 100%. овде кладење нема. при секоја уплата точно знаеш колку си добитен, како и да заврши.

од прилика е тоа. во суштина многу просто. за оние кои не разбираат т.е. имаат малку искуство во кладење, најпросото што може да се објасни прицниот е вака: делимано имаат понуда ако купиш една теписја, ќе ти дадат две. купуваш една за 1000, добиваш две. одиш двете ги продаваш за 800 да речеме, остануваш со 600 денари профит.

matched betting е авоматизиран процес до максиум. си има веб страни кои што обработуваат до најмал детал што треба да направиш, избор на утакмици, кај да вложиш, колку да вложиш, колку си добитен. се што ти треба е малку екстра време, околу 100 (идеално 200) евра за да почнеш, и оние услови кои ги спомнав погоре. UK bank картица, бидејќи ќе ги експолираш англиските кладилцни, ги има баеги :) прво понудите за нови членови, а потоа тековните понуди, секој ден.

реално, се праат и 50 евра на ден, зависи колку ќе се посветиш. но, за македонски услови, секој би требал да биде пресреќен со 20 евра екстра на ден.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.163
Поени од реакции
107.619
И кој ќе ти даде 2 и кусур коефициент за кец во една кладилница, а прилично сличен коефициент за х2 во друга кладилница?
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.927
Поени од реакции
7.861
И кој ќе ти даде 2 и кусур коефициент за кец во една кладилница, а прилично сличен коефициент за х2 во друга кладилница?
не ти треба друга кладилница, затоа тука е Betfair, таму играш контра. За да го правиш ова пред све ти треба да го разбираш Betfair како фуционира.
Инаку јас сум прилично искусен во ова, го работам како комбинација од matched betting и традинг, и тоа го работам без бонуси, претежно се занимавм со трки на коњи, со фудбалски уткмици поретко кога ептен ќе ми излезе добра прилика,не се замарам многу со фудбалски утакмици, трките на коњи се подобри за ова.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.163
Поени од реакции
107.619
не ти треба друга кладилница, затоа тука е Betfair, таму играш контра. За да го правиш ова пред све ти треба да го разбираш Betfair како фуционира.
Инаку јас сум прилично искусен во ова, го работам како комбинација од matched betting и традинг, и тоа го работам без бонуси, претежно се занимавм со трки на коњи, со фудбалски уткмици поретко кога ептен ќе ми излезе добра прилика,не се замарам многу со фудбалски утакмици, трките на коњи се подобри за ова.
Dobro toa e drugo ama kako sto objasni clenot pogore go sfativ deka treba vo dve kladilnici razlicno da izigra.
 
Член од
29 септември 2011
Мислења
2.098
Поени од реакции
2.220
Далеку од тоа дека е сигурно кладење најпросто да ви го објаснам ова е вака.Кога кладиш на back си кладиш како во обична кладилница додека во Lay со еден збор ти си кладилницата и ти примаш уплати па ако испадне некој голем коеф ќе мора да го исплатиш.Да речеме играат Арсенал и Лестер и за победа на Лестер коеф е 10 да речеме.Ти мислиш дека овде нема шанси да тепа Лестр и нудиш на берзата 10 евра за да некој друг клиент ги земе и во тој случај од твојата сметка ти земаат 90 евра во случај ако испадне двојка да му исплатат на др клиент а ако испадне 1џ ти добиваш 10 евра и ти ги враќаат останатите 90 како залог со што имаш 10 евра профит.Не ти треба впн може да се обложуваш на betfair exchange и Matchbook без проблем.
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.492
Поени од реакции
1.120
кога викаш далеку од сигурно кладење на што мислиш кокретно, matched betting? во тој случај си грешка. треба да се разграничи за што се збори кога се обидуваме да овозможиме овде на некој да заработи пари без ризик (да, буквално без ризик) и погрешно да го насочиме да мисли дека тоа не фукнционира.
ке разграничиме 3 работи.
1. класично кладење. вложуваш пари, чекаш да видиш што ќе се деси, или добиваш или губиш. ризикуваш загуба, и најчесто си во загуба :)
2. matched betting. вложуваш пари, сигурно си добивка. без ризик. покриено ти е се.
3. тргување на спортска берза. тотално ризично, особено ако не знаеш што правиш.

е сега, ова кога велиш дека е далеку од сигурно кладење, да се сложувам но тоа важи за точка 3. не за точка 2. со мала исправка, не се кладиш, него тргуваш. ако мислиш да се кладиш тогаш одиш на точка 1. во кладилница, не на берза.

VPN не ти треба ако сакаш да користиш Betfair берза, точно. Но само за себе Betfair не ти врши работа за matched betting бидејќи мораш да ги вклучич и кладилниците каде што во 95% од случаевите ти треба VPN. значи за точка 2 од МКД ти треба VPN, за точка 3 не ти треба.
Затоа сакав да појаснам, бидејќи си во право делумно, но ако не појасниме за оние кои прв пат се среќаваат со ова, само ќе ги збуниме.

matched betting е безболна работа, потребно е малку време, дури и мозокот не треба да ви е уклучен. само следиш инструкции. парите ти се на маса, твое е дали ќе одлучиш да ги земеш.

да појаснам само како функционира Betfair берзата. кога се логирате на Betfair, имате избор дали ќе се кладите класично, или ќе ја корситите берзара Betfair Exchange.
берзата сама по себе е многу ризчина ако влегувате на диво без никаква стратегија и презимате ризик. ќе ги изгубите сите пари уште првиот ден. но за matched betting ние не презимаме ризик. едноставно добиваката (загубата) од кладилница ја поништуваме (ја враќаме) со Betfair. или поубаво речено сам на себе сте си кладилница.

со пример. на берза кога за нешто се кладите ЗА тоа е означено со BACK, кога за нешто се кладите за ПРОТИВ (дека нема да биде првото "за") тоа е LAY
овде ќе објаснам со ЗА и ПРОТИВ за да биде поразбирливо.
можеме да ја одбереме било која игра
пр. 1 тотенхам - арсенал конечен тип 1 (ЗА) и Тотенхам - Арсенал 1 (Против). во првиот случај се кладам тотенхам да победи, во вториот тотенхам да не победи.
пр. 2 тотенхам - арсенал полувреме-крај 2-2 (ЗА) и Тотенхам - Арсенал 2-2 (Против) во првиот случај се кладам Арсенал 2-2, во вториот да не биде 2-2.
пр 3 тотенхам - арсенал точен резултат 2 : 1 (ЗА) и Тетенхам - Арсенал 2 : 1 (Против) во првиот случај се кладам деќа ќе биде 2:1. во вториот се кладам дека нема да биде 2:1
И така натака, за секоја игра. се кладиш или тоа да биде, или тоа да не биде.

играта ЗА ти е достапна во секоја кладилница, секаде можеш да одбереш што ќе изиграш како ЗА. играта ПРОТИВ ти е достапна на Betfair берза.
е сега, ќе го земам примерот 3, како најилустративен, бидејќи е точен резултат и поголем коефицитент, за поубаво да се разбере. ќе речеме коефициент ЗА 2 : 1 во кладилница е10.0 коефицинет ПРОТИВ на берза е 10.2 коефицинетот е многу близок. и сега тука настанува забуната со берзата.
кога се кладиме точен резултат во кладилиница 2:1 вложваме 100 денари.
очекуваме:
Кладилница А. целосна добивка од 1000. ако го извадиме влогот профитот ќе биде 900 денари.
Кладилница Б. загуба од 100 денари (ако не биде 2:1)

она што ни е потенцијален профит во кладилница (900) денари на берза ни е потенцијална загуба.
на берза сме вложиле 100 денари ПРОТИВ 2:1. тука настанува мала забуна. на берза имаме две различни пресметки во зависност дали ќе биде 2:1 или нема да биде.
секогаш кога вложуваме одредена сума на берза ПРОТИВ, во случајов 100 денари, добивката ќе ни биде секогаш дупло од тоа МАКСИМУМ. си вложил 100 на 10.2 коефициент, секогаш кога ќе си добитен ќе бидеш добитен 100 денари Х 2 (200 денари - влогот од 100 = 100 ПРОФИТ) никогаш Х 10.2 (1020 Денари). ако не си добитен тогаш загубата не ти е влогот, него загубата ти е влогот Х 10.2 коефицинет - парите вложени на берза. во нашиов случај 100 Х 10.2 = 1020 - 100 = 920 ЗАГУБА.
да резимираме:
Берза А. добивка од 200 (ПРОФИТ 100) денари ако НЕ биде 2:1
Берза Б. загуба од 920 денари ако БИДЕ 2:1 (бидејќи ти си се кладел да не биде на берза)

е сега, да ги погледнеме комбинациите од кладилница и берза.
Ако си во кладлиница добитен (А) ќе имаш во џеб 900 денари. но во исто време на берза (Б) си во загуба 920 денари - што значи дека скоро си на НУЛА.
Ако во кладилница си утнал (Б) во загуба си 100 денари (влогот) но во тој случај на берза (А) си добитен 100 денари - што значи си на НУЛА.

значи, при штитење на берза, секогаш ќе бидеш на нула. има логика нели, тоа е и целта на штитењето.

при matched betting вложуваш свои пари 10 евра во кладилница, ги штитиш на берза, на крај си на НУЛА. меѓутоа си активирал бонус. сега влогот во кладлиница не се твои пари, кога ги штитиш, каде и да изгубиш (добиеш) секогаш бонусот од кладилница 70-80% ќе остане во твој џеб, гарантирано.
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.927
Поени од реакции
7.861
Далеку од тоа дека е сигурно кладење најпросто да ви го објаснам ова е вака.Кога кладиш на back си кладиш како во обична кладилница додека во Lay со еден збор ти си кладилницата и ти примаш уплати па ако испадне некој голем коеф ќе мора да го исплатиш.Да речеме играат Арсенал и Лестер и за победа на Лестер коеф е 10 да речеме.Ти мислиш дека овде нема шанси да тепа Лестр и нудиш на берзата 10 евра за да некој друг клиент ги земе и во тој случај од твојата сметка ти земаат 90 евра во случај ако испадне двојка да му исплатат на др клиент а ако испадне 1џ ти добиваш 10 евра и ти ги враќаат останатите 90 како залог со што имаш 10 евра профит.Не ти треба впн може да се обложуваш на betfair exchange и Matchbook без проблем.
изгледа не зборуваме за истото, ако ги тргнеме бонусите настрана, се работи за некој начин на традинг, значи се се кладиш на на обична кладилница она што ти викаш back и после на бетфаир играш Lay на пониска цена од таа што си изиграл back, далеку е од едноставно ама фунционира ако знаеш што правиш, треба да го фатиш вистискиот момент.
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.492
Поени од реакции
1.120
околу matched betting денеска ќе постирам овде конкретно што ќе играм. колку ќе вложам и колку ќе бидам добитен. ќе го едитирам постот како ќе одам чекор по чекор

@пунтер околу тргување со коњи, бидејќи сеуште учам ќе се задржам прво на фудбал и тенис, бидејќи главно тоа се спортови кои ги знам и разбирам, имам илјадници утакмици изгледано. кога ќе совладам техника на тргување и ќе бидам среќен ќе се префрлам на коњи. не дека концептот на трка со коњи не ми е јасен (кој прв ќе стигне на цел :) ) него целиот маркет пред трката не го разбирам. разбирам дека има фаворит 1, фаворит 2... итн меѓутоа...како да објаснам. ко сега да почнам да гледам крикет и да очекувам да имам знаење како некој пакитстанец, кој цел живот гледа и игра крикет. не се разбирам што е добра техника, едноставно не го читам спортот онака како што го читам она со кое сум израснал. од тој аспект, ќе почекам за коњи.
ако го гледам само како маркет, дата, графикони и тенденнции...во ред. меѓутоа јас сакам и да разбирам што е тоа што го движи тој маркет, не само бланко инфромации. него зошто. ако ме разбираш што сакам да кажам
 
Последно уредено:

јас појма немам ништо за коњите, ни форми ни информации, кај мене е све игра на бројки. Коњите според мене се подобри зашто има поголема fluctuation на цените во однос на фудбал, многу лесно и брзо може цената да падне на пример од 8 на 6 и тоа во рекордно време. Јас обично тоа го правам многу порано пред да биде трката, целата работа е завршена веќе неколку сати пред трката, не ни ни влегувам во таа неизвеснот последниот сат пред да почне, тука има страшни ѕверки и ќе те изедат ако влезеш во тој лавиринт.
Инаку ако го исклучиме matched betting со бонуси, како тргуваш во живо или pre-match ?
 
Член од
19 декември 2017
Мислења
258
Поени од реакции
319
А дали бараат документи за верификација кога треба да правиш withdrawal и кога ќе го искористиш бонусот после ќе ти треба друг идентитет како се снаоѓаш со тоа или false ID правиш?

П.С исто така некои бонуси имаат и до 10х пати reroll да им правиш што значи дека си лимитиран у случај да 10 пати победи тимот каде што ти е бонусот ќе ти треба голем roll за да покриваш од другата страна плус ако кладилниците одлучат да те лимитираат, зашо у секој tearm of service за бонусите има клаузула која што вика секогаш можат да го повлечат бонусот и добивките од него по нивни избор и ништо не можеш. Не е risk-free како што мислиш
 
хм, и така е, и не е така.
ајде прво за верификацијата. мене до сега bet365 i Moplay ми побараа верификација пасош и сметка не постара од 3 месеци врзана со адресата каде што е регистрирана картицата и името на картицата.
bet365 е голем, да не речам најголем колач во matched betting и како welcome бонус и како понатамошни неделни бонуси. welcome бонус е £100 ако вложиш свои 100. од нив правиш 60-70 ко ништо чист профит. така да е паметно е bet365 да се менаџира со стратегија, за да на долг рок ги користис понудите.
bet365 ми бараа верификација дури и пред да можам да депозирам пари за да играм. така да, ако успееш да ја поминеш верификацијата си на коњ. Moplay сакаат верификација за да можеш да вадиш пари, значи можеш да ставиш, да играш, да профитираш од бунисот, но треба верификација за да извадиш пари. Овде има заобиколен пат, дозволено ти е да играш, играш, со намера да изгубиш (се додека не ги изгубиш сите пари кај нив), а парите со мала загуба да ги добиеш на берза. бидејќи нели, некаде секако ги добиваш. Ова е во случај на worst case scenario.

инаку, проблем би имал при регистрација, ако не ти поминува картица, IP адресата не ти е UK и слично. ако овде поминеш, понатаму во 95% од случавите немаш проблем.

спортиските бонуси мораш да ги изиграш, и самиот бонус е минусиран од добивката, точно. меѓутоа и така правиме профит. пример имам бонус од £20, го играм на 4 коефициент, добивката ми е £60, не £80. ако добиеш во кладилница имаш 60 за вадење. ако изгубиш во кладилница имаш 0, ама £60 за вадење на Betfair

околу клаузата за бонусот и no-risk-free како што викаш, така е, и не е така.
во кој случај не е така? при welcome бонусот, при сама регистрација ти вика изиграј го прво ова, ќе ти дадеме бонус, зошто би го повлекле? тоа многу ретко се случува, имало случаеви, ама многу ретко.
кога се случува? при понатамошните понуди од истата кладилница. не се они глупи. ако цело време им ги играш само бонусите, имаат алгоритам, те обележуваат како matched bettor и не ти бега прекинување на бонусите. меѓутоа тоа е фаза два за оној кој сериозно сака да ги цица, сега збориме за welcome бонусот. Таму 99.9% поминуваш.
НО, ајде еве да речеме дека активираш welcome бонус, еве од £30 и сега решиш да го играш. Го уплаќаш кај нив, и се штитиш на берза. Во меѓувреме еве да речеме ти праат void на бонусот од кладлинца, и ти висиш на берза и се молиш таму да си добитен. ова е многууу ретко сценарио, и еве да речеме да се случи и да си во загуба од £60. во ред. ако сите почетни бонуси носат да речеме профит од горе доле £600 (горе доле плус минус 50) ако негде се заебеш, ќе бидеш £550 ќар, не £600. Така да, во целина секако си во профит, како и да гледаш.

бонусите за казино и бинго се исто така профитабилни на долг рок, јас сеуште не ги играм. најчесто немам време.
 
Член од
19 декември 2017
Мислења
258
Поени од реакции
319
Брат олабави со реферативе малку, кратко и јасно е дали betfair не бараал никаква верификација и можеш одма да го повлечеш добитниот бонус?
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.492
Поени од реакции
1.120
јас појма немам ништо за коњите, ни форми ни информации, кај мене е све игра на бројки. Коњите според мене се подобри зашто има поголема fluctuation на цените во однос на фудбал, многу лесно и брзо може цената да падне на пример од 8 на 6 и тоа во рекордно време. Јас обично тоа го правам многу порано пред да биде трката, целата работа е завршена веќе неколку сати пред трката, не ни ни влегувам во таа неизвеснот последниот сат пред да почне, тука има страшни ѕверки и ќе те изедат ако влезеш во тој лавиринт.
Инаку ако го исклучиме matched betting со бонуси, како тргуваш во живо или pre-match ?
во живо сега за сега. така сум во контрола, ја читам играта и си носам одлуки. не сум во немислост на како што викаш ти страшни ѕверки кој можат и ќе те изедат жив.
учам стратегија по стратегија, пробувам да ја имплементирам, праам се по список, имам влезна точка, излезна, си зацртувам профит, зацртувам загуба и сум дисциплинирам колку што можам. сега за сега си го правам тој тренинг. мал ризик презимам, за мала добивка/загуба.
и самиот знаеш дека ова преку ноќ не се учи и усовршува. ти претпоставувам имаш искуство и од друг тип на берза, можеби валути или слично? не верувам дека туку така си улетал во коњнски трки и си сватил каде можеш да напраиш профит :) ако е така, браво!
како и да е, ќе дојде на ред и тоа, сеа праам бебешки чекори :)

ќе постирам некој ден тука што конкретно играм.[DOUBLEPOST=1551536641][/DOUBLEPOST]
Брат олабави со реферативе малку, кратко и јасно е дали betfair не бараал никаква верификација и можеш одма да го повлечеш добитниот бонус?
Betfair не бара
Betfair дозволува да си играш од Македонија. Ете ти кратко.
И да ти бара, терај си се по правила, лесно ќе докажеш кој си.

ти одговорив се конкретно и опфатно, а тебе ти смета што сум пишал реферат. па јас не сум ти customer service, идејата ми е и друг да заработи, наместо да си седам на тастатура и си праам што си праам.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom