Ве читам и пак не можам да донесам заклучок, а ве сметам за поискусни и попаметни во овие работи од мене

Едни викаат бензин, други дизел, а сите верувам зборуваат од своето искуство. Сепак зависи и од самата кола, моделот и производителот. Еве мене ме интересира еден конкретен пример, споредба, пошто утре одиме да гледаме и да купиме ако најдиме тоа што не интересира....
Астра 1.6 бензин против Голф 4 1.9 тди 90кс/110кс, што е подобар избор? И двете се од годиште '99-00'
Основни претпоставки:
1. Колата шо ќе ја купиме 95% ќе биде увезена, ако не од скоро, тогаш од пред 1-2 години па возена тука досега.
2. Голфот генерално важи за возило кое е доста поволно за одржување, ако не се лажам. Од досега шо сум прашувал, сите ми тврдат дека Астрата ќе биде поскапа за одржување од голфот.
3. Ние немаме некоја голема километража годишно, можда 2-3000 годишно.
4. Значајни ни се трошоците за одржување, бензин, регистрација итн...пошто да не заборавиме, живееме во Македонија, платите и живеачката се скромни ама кога одам негде со колата, сакам да биде пали-вози