Бело или црвено вино?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Бело или црвено вино?

  • Бело

    Гласови: 59 33,1%
  • Црвено

    Гласови: 119 66,9%

  • Вкупно гласачи
    178

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Сум забележала интересна работа. Обично кој повеќе сака да јаде бело грозје, белото вино му е поубаво, а кој сака повеќе црно грозје повеќе сака црвено/црно вино.

Вие кое вино го преферирате? Зошто?

Која марка вино ви е омилена?

Со кое јадење највеќе одговара белото, а со кое јадење највеќе одговара црвеното вино?

И дали е точно кај вас дека црвеното вино се пие во зима, а белото во лето?
 
Баш на против повеќе ми се допѓа црно грозје а повеќе сакам бело вино. Црвено многу ретко се напивам. А белото го пијам најчесто со риба и други морски плодови. Немам некое посебно омилено. :pipi:
 
Веќе одамна никакво.Порано пиев почесто бело па почнав да е исфрлам цел и баталив скроз,црвено дали имам литро се на се во животов испиено.
 
Напротив и јас :)))
Иако не јадам многу многу грозје, повеќе сакам бело грозје а пијам исклучиво црно вино.
А за омилено вино, па и немам некоја посебна марка и го пијам онака чисто...без некои додатоци. Нити го мешам со сок нешто, нити со храна некоја. Ак се пие нек се пие до краја :pos:
 
Повеќе преферирам црвено вино а за грозје јадем и бело и црно секое ми е убоо, инаку црното/црвеното не се пие у лето бидејќи повеќе фача а и белото е полесно и затоа се пие тогаш, а црвеното вино е за пороматични моменти за вечера со саканата личност и вечера тестенини со некои добри сосови.
 
Грозје не јадам многу така да неможам да кажам за тоа...
Повеќе сакам црвено вино затоа што ми е повкусно... Белово воопшто не ми се свиѓа... Многу ми е лајт :)
Марка... Ги има повеќе добри... А уствари и не е ни битно, се додека не е од пластика супер е :) Али најчестно пијам Кавадарка....
Највеќе ми одговара со скара црвеното :) Ќебачиња особено...
Нема тука точно неточно... Така треба да е затоа што црвеното е малку потешко и ако го пиеш летоска повеќе боли глава сабајлето :) Додека со белото има полесни последици... А и никој не пие црвено па бев приморана да пијам и јас бело летово :)
 
Јас обожавам бело вино. Дефинитивно ми е најубав алкохолен пијалок. Според мене, најубаво и најквалитетно бело вино е Александрија.

А јас сум од оние типови кои што се дават во бело грозје и сакаат бело вино. Црвено вино, не е дека не го пијам, ама не ми е толку ќеиф како што ми е белото.

Нема кај мене лето/зима, без разлика кое е годишното време, јас секогаш бело вино пијам.
 
е кај мене е сосема спротивно јас сакам црвено вино а јадам бело грозје
 
Го сакам виното како пијалак, но некако белото ми е поубаво. Шардоне, од моето лојзе, нешто неверојатно!
 
Т`га за југ. Црно, тешко, боемско, таман ко за мене :wink:. Особено го сакам како додаток уз м`скање, дали пица некоја, паста, или нешто печено...мх, мх, мх.

Белото исто така го сакам, ама поретко го пијам. Обожавам Траминец, уз свежи охридски плашици седејќи во кафанче на Канео, на пример :vozbud:. Или со некоја друга риба. :helou:
 
Зависи кога како ќе сум расположен... :)
 
И двете.Бело со пилешко,тестенини и риба,а црвено со јагнешко,свинско и сл.

И дали е точно кај вас дека црвеното вино се пие во зима,а белото во лето?
точно е...
 
Црвено дефинитивно :vozbud: може и анкета да се стави :toe:...а да и јас го сакам црвеното грозје повеќе :vozbud:
 
јадам претежно бело грозје,а и само бело вино пијам... црвеното некако ми е појако,потешко...
а инаку пијам александрија,траминец...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom