Бело или црвено вино?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Бело или црвено вино?

  • Бело

    Гласови: 59 33,1%
  • Црвено

    Гласови: 119 66,9%

  • Вкупно гласачи
    178
Обожавам вино, без разлика дали е бело или црвено.
Ама се знае, во лето се пие бело вино, бидејќи е полесно, или пак шприцер.
А за на зима е црвеното вино. Посебно ако студи многу, за да ти загреј душичка е идеално.
Иначе пиев многу Бургундец, ама прошлата зима изгледа серијата на вина им беше нешто заебана, па беше многу лошо и мирисаше на земја и сега не многу го обожавам.
 
црвено со кока кола или пепси леле:nesvest:
 
Црвено пиев со години.Од бело ми се лошеше.А сега не знам како, почнав да пијам бело, полесно некако ми се пиеше....Сепак зависи од видот на виното. А грозје јадам само бело, она со големи зрна.
 
Јас дефинитивно преферирам бело грозје и бело вино..Секако кога веќе бирам..Инаку не сум воопшто по виното,,пијам мноогу ретко,,но сепак белото највеќе ми се допаѓа:helou:
 
Не сум љубител на грозје но обожавам вино, црвеноооо :vozbud: :vozbud: :vozbud:
Белото не го сакам, додека пак црвеното вино е едно од моите омилени пијалоци. Го обожавам посебно во студените денови. Какo загрева одма:icon_lol: Најмногу сакам Александрија и Т`га за југ :pipi:
 
Alexandria бела се разбира. Имаше и едно на Skovin бело, што е добра замена кога нема Alexandria или Traminac. Го пијам секогаш без разлика дали и што јадам во комбинација со него, и нормално чисто. Грев е да уништуваш вино ставајчи му кисела вода.

Црвено вино не пијам. Сум пробала, ама не ми иде. Иако во последно време ми се случува да се напијам Sangria, ама па тоа е веќе и во комбинација со овошје и е многу поблаго од другите црвени вина што сум ги пробала.
 
Обично преферирам црвено и убаво скапо вино (еднаш нека ми биде ама да биде кавлитетно) додека го пиеш потполно да уживаш, затоа што виното не се пие за да се пијаниш или слично, се пие само за уживање... е сега со убав ручек, во зависност од тоа што е зготвено зависи дали виното кое ќе се пие ќе биде бело или црвено и се разбира соодветно изладено.
 
Јас не се разбирам во вина и не сум нивен љубител. Ми се случува во кафана да се напијам шприцер, зошто е лајт пијалак, ама не дека премногу го сакам. Црвено вино не пијам. Со храна па особено не сакам да мешам вино, или било каков алкохол.

Ни грозје не обожавам многу. Кога веќе јадам, повеќе сакам бело.
 
Јас не се разбирам во вина и не сум нивен љубител. Ми се случува во кафана да се напијам шприцер, зошто е лајт пијалак, ама не дека премногу го сакам. Црвено вино не пијам. Со храна па особено не сакам да мешам вино, или било каков алкохол.

Ни грозје не обожавам многу. Кога веќе јадам, повеќе сакам бело.

Исти случај :wink:.
 
Поставена е анкета, може да гласате.:)

Инаку заборавив да додадам дека мразам мешање на вино со кисела вода, со фанта, со швепс или популарно нареченот “бунар“. Пијам исклучително само бело вино без никакви додатоци во него.
 
Поставена е анкета,може да гласате.:)

Инаку заборавив да додадам дека мразам мешање на вино со кисела вода,со фанта,со швепс или популарно нареченот “бунар“.Пијам исклучително само бело вино без никакви додатоци во него.

И јас преферирам повеќе чисто најслатко е таке :wink:
 
Црвено Црвено ВИНЦЕ, душа да стопи на собиранки тука со друштвото мое... многу го сакам виното... ај ако се собираме да земеме добро црвено вино и да се опиваме.... :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom