Бели заби

  • Креатор на темата Креатор на темата Lady
  • Време на започнување Време на започнување
Трајно е? Ќе ги порачам од амазон, ако е така како што велиш :D ....

Трајно е, јас се белев пред скоро 6 години и уште сите ме прашуваат како ми се толку бели забите :)
 
Трајно е, јас се белев пред скоро 6 години и уште сите ме прашуваат како ми се толку бели забите :)

Едно ме интересира, зошто на еден преден заб имам пломба, и сега дали напоредно белее со забите .. ако може некој да ми одговори ? :smir:
 
http://www.wonderhowto.com/how-to/video/how-to-whiten-teeth-for-under-1-68563/
Го немам пробано ама изгледа интересно.

Го пробав ова пред некој ден и морам да признам дека има ефекти кај мене.Стварно ги избелува,можеби не до тој степен како на клипот,али го немам ни тој контраст пошто не ми беа ептен жолти забиве,фала богу.:)

Во секој случај се покажа многу поделотворно отколку тоа со сода и лимонов сок,па планирам повремено да си го користам.
А,да и да кажам дека не ставив никаква бонбона.
 
Јас искрено нејќам да испробувам некои експерименти за забите да ми бидат бели.МОите заби не се ни бели,ама за чудо не се ни жолти.СИ ги сакам такви какви што ми се.
 
Имам Бели заби, ама оти многу пијам млеко изгледа :nesvest: А иначе стварно многу го пијам, 1л на ден, за да сум се попраел...Докторска работа
Ако од млеко се поправувало ја до сеа требало да сум 150 кг.

Он
Имам доста бели заби нишо не праам со соди , лимуни и такви ствари секој ден си ги мијам и бели ми се :pipi:
 
Ме изненади видеово.. би пробала и јас вака.. само да немаше јајце .. иначе се е ок. :toe:
 
Јас имам слушнато и прочитано, но немам пробано дека со Јагода може да се избелат забите.
Како ?
- Ја сечете Јагодата на пола, и ги триете забите со тоа. Веројатно содржат некоја состојка која доведувала до тоа.
Иначе немам слушнато дека може да ги оштетат како Лимонот.

For the record: Го немам пробано бидејќи сум алергичен на Јагоди :(.
 
Јас имам слушнато и прочитано, но немам пробано дека со Јагода може да се избелат забите.
Како ?
- Ја сечете Јагодата на пола, и ги триете забите со тоа. Веројатно содржат некоја состојка која доведувала до тоа.
Иначе немам слушнато дека може да ги оштетат како Лимонот.

For the record: Го немам пробано бидејќи сум алергичен на Јагоди :(.
Ја јагода со сода бикарбона прочитав негде.
 
добро размислете пред да посакате бели заби, ако имате желба да станете панкер, белите заби можат да ви бидат пречка во тој пат.
 
Го пробав ова пред некој ден и морам да признам дека има ефекти кај мене.Стварно ги избелува,можеби не до тој степен како на клипот,али го немам ни тој контраст пошто не ми беа ептен жолти забиве,фала богу.:)

Во секој случај се покажа многу поделотворно отколку тоа со сода и лимонов сок,па планирам повремено да си го користам.
А,да и да кажам дека не ставив никаква бонбона.
Kaj мене не го ни отвори видеото -.-
 
Пробајте со ( Lacalut white и Lacalut aktiv ). Има доста ефекти, проверено, а воедно и помага на жлебините и заштитува од кариес.
 
Сите сакаат да имаат бели заби, но производите за белење на забите често чинат многу пари. За среќа, природата создала храна што ги обелува забите и со неа, не само што можете да делувате на чистење на дамките и да им го вратите природниот сјај, туку треба и превентивно да ги конзумирате.
Според последните медицински истражувања, храната „чистач“ на заби се состои од следниве прехранбени производи:

Јаболка и целер
Крцкавите овошје и зеленчук се одлични за чистење на забниот камен и полирање на забите и непцата. Исто така, делуваат во насока на зголемување на излачувањето на плунката, што може да го подобри општото орално здравје.

Јагоди
Овие плодови содржат состојка што се нарекува јаболчна киселина и се сметаат за најдобриот природен начин за полирање на забите. Киселината содржана во нив е една од најважните сотојки за избелување на забите, според стоматолошките наоди.
Како да ги користите?
Земете 2-3 јагоди и изгмечете ги. Ставете ги врз четката за заби и четкајте ги забите 3 минути. Или пак, можете да пресечете една јагода на половина и со неа да ги триете забите.
Јагодите содржат шеќер и киселини кои ги отстрануваат флеките од забите и ги прават побели, но во исто време го омекнуваат емајлот на забите. Затоа, по употребата на овој метод за белење, потребно е да ги измиете забите со паста за да ги отстраните шеќерите и киселините кои остануваат.

Сирење и кашкавал
Ова е добра вест и причина повеќе да се конзумираат млечните производи, особено за луѓето кои обожаваат сирење и кашкавал. Речиси сите видови сирење и кашкавал содржат еден специфичен вид млечна киселина која помага во заштитата на забите, т.е. делува во насока на спречување на развојот на кариес.

Сода бикарбона
Најраспространет домашен „лек“ за избелување на забите е сода бикарбона. Добрата вест е што е многу ефективна, а лошата е што има абразивно дејство и ако се користи многу често може да го нагризе надворешниот слој на забите и да предизвика оштетување.
Како да ја користите?
Натопете ја четката за заби со вода и макнете ја во сода бикарбона. Врз четката не треба да има многу сода. Тријте ги забите со кружни движења 2-3 минути, а ако можете продолжете и до 5 минути.
Потоа исплакнете со вода неколку пати или измијте ги забите со паста за избелување

Кора од портокал
Внатрешната страна од кората содржи состојки кои ги белеат забите. Затоа земе ја кората и тријте по забите, верувајте, ќе им го вратите природниот сјај. Некои пак истото го прават и со кората од лимон. Методот е уште поуспешен ако на кората ставите и малку сол, па така тријте. И повторно измијте ги забите со паста.

Јаболков оцет
И јаболковиот оцет помага при избелување на забите, но внимавајте, киселината ја нагризува глеѓта. Сепак, ако ја користите правилно, разредена со вода, ова станува едноставен и здрав начин за белеење. Лажица оцет во пола чаша вода е одлична течност за перење на устата. Мешавината е доволно слаба и нема да ви ја оштети глеѓта, а сепак доволно јака да ги исчисти забите од штетните наслаги. Користете ја мешавината секој ден и наскоро ќе забележите дека забите ви стануваат се побели и побели.

Внимание! Ако планирате да употребувате некој од многуте рецепти за избелување на забите во домашни услови, многу е важно да преземете мерки за заштита од несакани последици. Прво треба да внимавате да не сте алергични на состојките, а второ – да не ги користите често, затоа што можат да ги оштетат забите.

По употребата на кој и да било домашен рецепт, исплакнете ја темелно устата или пак измијте ги забите со паста за заби.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom