Па јас од Белава Ноќ и не видов многу, освен саат време на плоштад што се потрансав. klaber:
После трансањето и средбата со група весели форумџии на кои им го дупнав балончето-сwценце, се упатив кон ЛаКафе, каде извесен корчагинец правеше журка. Имаше доста народ, супер атмосфера, се налеавме уште малку и се упативме кон Бони, каде еден другар правеше журка исто така, со некој приштински диџеј, или што ти знам јас. На пат натака не заборавивме да „ѕирнеме“ до Кинг Бургер, да ставиме „гориво“.

На крај се разделивме ние баграта, поделени во групи-парови, и завршив кај љубовта дома, каде останав до раните утрински.
Баш штета што друштвото ми беше анти-клаберско, зошто сакав уште малку да останам на Плоштад, се вртеше добра музика. Ама добро, поминот сепак беше задоволителен.
Денеска лечам мамурлак како последица на достатно количество на крв во коњакот. Или коњак во крвта. Или... Сеедно.
