Бекам целата плата од ПСЖ ќе ја дава во хуманитарни цели

  • Креатор на темата Креатор на темата Beck's
  • Време на започнување Време на започнување
Роналдо секој месец донира за родниот град (тоа после само за да му се крене егото на самобендисаниот и да го гледаат ко херој... :X3: ), донатор е за клиники на деца и тако даље...

Има голем број од нив кои даваат дел од парите у хумани цели или оние што доаѓаат од сиромашни предели (како Роналдо) „инвестираат“ таму...

Затоа кажете кога ќе видиме ние некоја фабрика за преработка на пиперки од Пандев? :D

на пример:

1.jpg

И нема веќе главниот извоз да ни биде од металуршката индустрија. :гик:
 
Одлика на голем човек. Од секогаш бил фаца, фраер...со еден потег ја решавал секоја кривина во животот до сега. Секој збор е премал за постапкава на легендава. ЛЕГЕНДА !!!
 
Верувам дека и они размислувале како тебе....додека не почнале да ги земаат тие пари.
Многу веројатно.

Убаво пишала Rolaa, ни под разно не треба да заборават од кај дошле.
За да помагаш на луѓе, давајќи им пари, првин требало ти да си сиромашен, да ја имаш и ти иживеано сиромаштијата...


Наш Пандев, од кога отиде во Италија, од кога направи убава пара, на тренерот што му бил во Беласица, на човекот кој е доста заслужен за тоа што е денес, му има купено бутик, и мислам дека беше кола...
 
Ако си го слушнала само она дека им купува јадење на рандом луѓе и им точи гориво тоа е стара англиска заебанција, само рандом луѓе ставаат во речениците, нешто ко ние со Чак Норис :D

Не, не ништо такво. На неколку пати имам читано за донации што ги прави за деца особено.

Може оф топик, ама кога сме кај Роналдо. Човекот кога бил мал играл со топка од партали, а дома немале леб да јадат. А знам дека дава огромни пари за други и многу ми е мило што е така.

Бекси исто одел на тренинг со некоја крнтија од кола, еднаш го слушав се смееше сам викаше ни јас не знам како стигав. Исто и тој доаѓа од ниска средна класа. По тоа како се однесува кон своите деца се гледа каков човек е. Мислам дека нема фотографија со неговите деца, на која не зрачи човекот.
 
Добар потег иако мислам дека Бекам и пред ова даваше донации. Ако не се лажам скоро читав дека Роналдо дал голема сума на кеш на дете болно од рак и уплаќа годишно во клиника за борба против алкохол. Меси има фондација која помага на деца во раст, развој и хормони. Сите даваат само што ретко се пишува за ова, голем дел од фудбалерите се амбасадори на УНИЦЕФ за своите земји.

Многу убав пример е тоа. Детето боледува од многу редок тип на рак, а ептен го сакало Реал и менаџерот на Роналдо кога дознал го седнал во почесна ложа мислам за да го гледа Реал. На натпреварот Роналдо даде гол и му го посвети нему. Сите викаа дека ќе умре малото, ама кога дознал Роналдо што е работата цело раководство на Реал го ангажирал да се најде чаре и Перез лично нашол некој доктор во Мадрид, а Роналдо ги уплати парите за третман.

Затоа аргонацијата на терен кога ги мава адреналин не треба да ни служи да ги судиме луѓево. Многу пати прават повеќе одошто знаеме.
 
Ова ме прави уште погорд што ваква личност некогаш го носела дресот на мојот омилен тим. :cuc:

oф-топик, читав за Роналдо одамна дека донира доста пари во добротворни цели, за децата во Африка, за болници, за неговото родно место.. Само ретко кога некоја таква вест излегува во јавност, и самиот тој не сакал, последно што излезе е кога ја донираше златната копачка, и тоа излезе дека беше дадена на аукција. Верувам дека голем дел од фудбалерите го прават истото, само не сакаат многу јавноста да знае за тие работи.
 
article-0-0045231700000258-61_468x308.jpg


David Beckham. :love:

Подобар дрес, и да сака некој да направи неможе, новиве се беда во споредба.
 
Според мене секој треба да си ги пушти нозете колку што му е долга чергата ! 90 % од фудбалериве порано биле сиромашни да не правам муабет за тие што идат од Афричкиот континент , па со добра игра станале играчишта и играат во големи клубови каде земаат големи плати , доколку кај играчот има останато некое сеќавање од минатото како живеел тој , фамилијата, другарите па и останатите семејства во таа земја треба да има чувства за да донира за нивна помош. Не е само Бекам , Роналдо , Меси , Балотели туку сите фудбалери даваат одреден процент од нивната плата . Мене никој од овие не ме израдува колку што ме израдува Фелаини кога прочитав за неговиот живот што го имал порано и сега , покрај сите скапи автомобили што постојат тој вози Опел корса , затоа не треба многу залетување парите денес ги имаш утре не ама никогаш не треба да заборават кој биле и од каде стигнале до ова што се денес. Точно е тоа дека заработуваат Роналдо , Меси , Ето 20+ милиони по сезона ама имало полно спортисти кои заработувале приближно на нив па после банкротирале , сега ќе речите не се такви карактери ама никогаш не се знае што следи понатака во животот.
 
Браво за Бекам секоја чест
Инаку Абрамович мислам дека исто така има еден куп негови донации за сиромашни ..имаше една вест дека женаму секогаш му помагала на сиромашните во Русија и другите руски земји(Украјна,Белорусија,Литванија....)

Ама мое мислење едека повеќето богати што имаат свои донации за сиромашните деца перат пари преку таквите работи бидејќи одредени држави не му земаат данок ..пак се врти парата остај таа работа што не прават будели нас
 
Легендиште, секогаш ќе ми остане како спортсмен на прво место кое ќе го дели со Федерер. На страна клубови за кои настапувал, вакви потези ги прави луѓето да бидат ЛУЃЕ.

Браво:cuc:
 
Голем човек е Бекам. Само луѓе што знаат да го ценат човечкиот живот правилно и што гледаат подалеку од нивниот нос се способни да направат вакво големо дело.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom