Трејлерот добар, НО ..Waaaaaaaaayy too revealing!
Делува како да е направен за просечниот аудиториум, на кој што треба да му нацрташ шо и како ќе се дешава во филмот и да го намамиш да купи билет за премиерата. Со трејлерот се расплета целиот коноп. Не дека не знаевме дека ќе има смир-смир, ќе сфатат дека Лекс ги ѕивка цело време и дека ќе има еден биг бед кој ќе ги соедини на крајот .. Но сепак, оставено беше на наша машта и антиципација. Сега само останува да уживаме (колку шо се може) во целиот пакет. Star Wars го кријат Лук Скајвокер на 2 недели до премиера, Civil War фино го портретираа сукобот Кеп-Ајронмен - а тоа едвај е половина од колачот шо го печат за тој филм. А тука .. Хронолошки подредениот трејлер ВТФ, фајт интрото на Дајана не им требаше, ''I can kill u if I wanted'' никако, за откривањето на Думсдеј да не почнувам.
Првиот трејлер беше тоа-тоа, права посластица за стрип нрдовите и околу таму прикажаното требаше уште малку да нашминкат. Ова? - Плот на тацна.
ПС - Почнува да ми фаќа око Ајзенберг како Лутор. Баш ме интересира како ќе го развиваат во натамошните филмови ..