Барселона - Реал Мадрид

Кој ќе биде победник?

  • Барселона

    Гласови: 68 38,2%
  • Нерешено

    Гласови: 19 10,7%
  • Реал Мадрид

    Гласови: 91 51,1%

  • Вкупно гласачи
    178
Статус
Затворена за нови мислења.
Inaku ne treba golema fama da se krene vo vrska so ova utakmica, sepak Barca se tie koi se na pat da stanat sampioni :) Ako uspeat da gi pominat Milan, oprosteno ke im bide se:love:
 
Ако одиме на поединец, односно тренер, тогаш Мурињо колку што ја фрустрирал Барса толку е и фрустриран од нејзина страна. Челзи ја елиминира Барса ама следната година им вратија, со Интер имаше еден двобој и немаше можност за реванш додека откако е во Реал го доживеа најголемиот пораз во својата кариера, беше елиминиран во ЛШ, а еве и сезонава Барса е убедливо пред неговиот тим на табела. Како и да е пата-пата се работите Мурињо-Барса.

Муабетот е што претходно Реал губеа од Барселона убедливо на секое дерби, сега не е така. Еве, ти упростив. Што сакаш повеќе?
 
Aлба: "Кога го прославуваме погодокот сакав да покажам дека Меси е број еден, а не тоа што го зборуваат. Не сакав да ги навредам навивачите на Реал."

знаев дека е идиот ама ова е претеризам :pos:
 
Муабетот е што претходно Реал губеа од Барселона убедливо на секое дерби, сега не е така. Еве, ти упростив. Што сакаш повеќе?
OK, муабетот ми беше дека Реал во одреден период ја доминира Барса на Ел Класико затоа што е Реал а не затоа што на клупа го има Мурињо, Петко, Станко, Трајко. Истава приказна е и во обратен случај. Не води Мурињо второкласни играчи па неговата генијалност довела до тоа тие да ја изненадат Барса на двапати. Ај да ги водеше Севиља или Бетис па да беше до него ама со тие играчи што ги има Реал мора да дојде период кога ќе ја победуваат Барса во серија.
 
Под водство на Петко(Пелегрини) да не играа Мичка од Вардар и Рибар во Реал, па сега имало квалитетни играчи, тогаш не?
 
Честито победа, не ја гледав зошто гледав ел класико на Олд Трафорд така да не знам дали било заслужено или не, јбг тоа е фудбалот.
 
Абе сега и ти одиш во крајност. Што не го земеш за пример Шустер кој со Баптиста ги победи Барса 1-0 и 4-1? После тоа дојде периодот на Барса и доминираше 3 години на Ел Класико. Сега дојде времето на Реал и така ќе се менуваат и во иднина без разлика кој ќе биде тренер на едните или другите. Не за џабе се тука некаде со победи-порази во меѓусебните мечеви.
 
ел класико меѓу Манчестер и Норич Сити???!!
 
И јас не гледав ама да честитам победа. Само видов дека Меси се појавил конечно и постигнал гол ;)
 
ел класико меѓу Манчестер и Норич Сити???!!
За нас секој натпревар што ги игра Јунајтед е поголем од секое ел класико, тоа е муабетот:icon_lol:
--- надополнето: 2 март 2013 во 20:40 ---
Шо знаете бе вие од арсенал шо е фудбал :icon_mrgr:
За Челзи е, сите го мешате :icon_lol:
 
Абе сега и ти одиш во крајност. Што не го земеш за пример Шустер кој со Баптиста ги победи Барса 1-0 и 4-1? После тоа дојде периодот на Барса и доминираше 3 години на Ел Класико. Сега дојде времето на Реал и така ќе се менуваат и во иднина без разлика кој ќе биде тренер на едните или другите. Не за џабе се тука некаде со победи-порази во меѓусебните мечеви.

Не го земав, баш од таа причина. Го земав времето од последниот тренер, пред Мурињо.
Ти се фати дека не бил доктор. Епа е доктор, по фудбал. Сакал тоа да го признаеш или не.
Афинитетите твои кон Барселона или пак тоа што го хејташ затоа што со Интер две сезони газеше во Италија, е сосема друг муабет.
Субјективни сме, немам што да разговарам повеќе.
 
Батеман, извини моја грешка.
 
Шо знаете бе вие од арсенал шо е фудбал :icon_mrgr:
Bateman e за Арсенал, да не се вреѓаме :)))
--- надополнето: 2 март 2013 во 20:46 ---
А во Англија се знае едно ел класико има...Манчестер Јунајтед - Ливерпул, иако сум за Челзи, објективно е така :)
 
Не го земав, баш од таа причина. Го земав времето од последниот тренер, пред Мурињо.
Ти се фати дека не бил доктор. Епа е доктор, по фудбал. Сакал тоа да го признаеш или не.
Афинитетите твои кон Барселона или пак тоа што го хејташ затоа што со Интер две сезони газеше во Италија, е сосема друг муабет.
Субјективни сме, немам што да разговарам повеќе.
За ова се имам изјаснето порано. Мурињо ми нема набиено комплекс од времето кога беше во Интер од проста причина што на Јуве тогаш му беа конкуренти екипите од средина на табела и немаше никаква допирна точка со тимот на Мурињо. Втора работа, имам кажано дека од островот меѓу омилените екипи ми се Челзи (заедно со шкотски Ренџерс) а Мурињо бил и таму тренер. Значи не сум хејтер на Челзи па тоа да биде некоја причина за хејтот кон Мурињо.
Едноставно, Реал во моментов е во подобра форма од Барса и како последица на тоа дојдоа двете победи за 4 дена. Според мене ова нема никаква врска со Мурињо и останувам на тоа мислење, како што кажа ти субјективно (мислење).
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom