Се изначитав глупости.. незнам ни самио зошто, се караат некои за Њукасл - Челзи
Syn Вака сега, од многумина очекував, ама од тебе искрено не да ја браниш Барса. И УПОРНО значи многу упорно го посочуваш тоа што Тито не бил на клупа, како тој бил голем стручњак, стратег, мотиватор и што уште не. WTF? По шо заклучи ти дека тој ги има сите овие способности, па дури и го кладе на исто ниво со Моу и Сер? По тоа што ги тепаше Леванте, Осасуна и компанија? Кога си го видел ти Тито на некое поголемо дерби па за да можиш да судиш? Суперкупот пред да почни сезоната го изгуби во двомеч од Реал, во лигата изваде 2:2 повторно со Реал, и? Која утакмица ја виде ти како заклучок за тие негови стратешки способности? А да, на првата утакмица извадија 1:1 кај нас со него на клупата и имаја посед на топка. Да, Ок, во ред е. Значи ако беше на клупа тој со Милан и вечерва, барса ќе се отепаше од шанси и голови давање.

))))
Факт е тоа дека им треба нешто ново, план Б или нешто друго, прочитани се како селски буквар другар.. тоа е. Не е до "големиот стратег" Тито.
Поздрав.
Не ги бранам, посочувам на некои очигледни работи кои упорно се игнорираат, но посочив дека со тоа немам намера да фрлам кал врз успехот на Реал сегашен, и победата на Милан во првиот меч од двомечот.
Тито на ова место беше по барање на Гвардиола, и самиот посочи колкаво било неговото влијание врз успехот кој Барса го имаше во ерата на Пеп, кога ќе се собере све, човекот и повеќе од очигледно го поседува Она потребното за да биде на клупата кај Барса. Според зборовите на Пеп, бил многу повеќе од само асистент, се знае дека Барса не може било кој да ја води, величина се од клуб, што значи постои основа зашто баш Тито беше наследникот на Гвардиола. Всушност и начинот на кој се одвива сезонава, е доволен показател дека човекот знае што прави, и поседува одредени квалитети, односно, го потврдува она што Пеп го посочи пред крајот на ланската сезона, човекот воопшто не се сомневаше кој треба да го наследи.
Никаде не го израмнив со Сер Алекс или Мур, првиот го спомнав за да доловам дека е многу тешко да се освојуваат титулите во ЛШ, поготово во денешно време, вториот го спомнав чисто како пример колку е значајно неговото присуство на клупа ко тренер на Интер и колку деструктивно се одразуваше врз тимот фактот што имаше периоди кога он не можеше да биде на клупа, и ко човек кој ја имаше најдено против играта за Барса па пак, доживуваше големи порази во периоди кога наводно они биле прочитани, али ете, ни тоа не беше некаков гарант за успех. Не сум будала да го рамнам Виланова со нив двајца, чисто посочив на тоа дека Тито фали и те како у Барса, факт е дека е главен тренер, факт е дека не е во состојба да ги менаџира дури ни на тренинзите.
Виланова веќе освои еден голем трофеј, у Декември и тоа, т.е. порано, иако истиот се доделува у Мај, нема потреба да се докажува у голем меч за она што ја го говорам тука, дека за оваа Барса и те како е потребен и моментално претставува голем недостаток бидејки тотално е искоренет оној дел од клупата што го кроеше успехот низ годиниве, прво Пеп си отиде, сега и Виланова не е тука, а ко капак на све, камионџија моментално ги води, класичен шофер на шлепер. Секако, не значи дека ако он е тука Барса ќе ги добиеше овие 2 меча, но, во секој случај, ќе беа каде-каде појаки и поконкурентни.