Другар никој ништо не чекал, дали ако ги победеа и Милан и Реал доминантно и убедливо ќе го имавме овој муабет сега? Ама дојдоа битните утакмици и како што гледаме они кикснаа. А за ова со тренерот извини ама не верувам во таа теорија дека Руора сега ги водел сите конци и не знам што. Па не е Виланова отпуштен, цело време читаме стории како постојано по Скајп и Вотсап го водел тимот. Како и да е пак ќе те упатам на примерот со Челзи, Ди Матео не беше некоја тренерска ѕверка, тоа искуство што ти викаш дека го имал, било во втора лига со ВБА. Ама детерминираноста на играчите првенствено го направи тоа они да земат две титули таа година. Барселона и играчите ја немаат таа жестокост во играта што ја имаа порано, значи зборам конкретно пред минатата година, кога мелеа што ќе стигнат. Тоа е реалноста што сите ја гледаме, освен фанатичните симпатизери и навивачи на Барселона очигледно.
Значи ти посочив на еден пример кој сите навивачи на интер го искусија со мурињо, беше суспендиран на 3 натпревари во клучен дел од сезоната, Интер од тим што победува рутински се мачеше против второразредни тимови и тоа Мурињо се симнуваше до долен дел од трибини да дели совети, џабе, и Михајлович, кој сигурно знае повеќе од мене и тебе, човек кој ги водеше тој период Катанија кои ги победија Интер 3-1 ( 2 месеци подоцна Интер освои тројна круна ) изјави, они без него на клупата се дупло послаби.
Е сега да не зборам за Тито, кој извесен период не е ни во тренинг кампот, ниту пак на клупа, тоа секако влијае многу деструктивно врз Барса, со оглед на тоа што многу експерти посочуваат колку само влијае врз еден тим лошо доколку тренерот не е само на клупа, ова повеќе и од очигледно е како се одразува врз Барса. Ова што сега се случува нема никаква врска со тоа дека нивната ера завршува, дека се прочитани и слично, не е прв пат како ова го слушаме во годиниве што изминаа, а очигледно не е ни последен пат.
За она што велиш дека немале желба Барса, борбеност, па тоа секогаш се гледа најмногу во дуелите против помалите екипи, каде треба да го најдат тој потребен мотив кој под дифолт доаѓа против големите, а они со помалите екипи се иживуваат, и играат без никаков пардон, се радуваат на секој гол иако и табелата е таква каква што е, недопирливи се. Против големиве моментално немаат лидер на клупа, човек кој ќе ги влече потребните потези кои ке ја побијат таа нивна моментална безидејност, но за нивна среќа сеуште не е доцна тоа да го поправат, со оглед дека се сеуште во игра у ЛШ, а во Примера веќе немаат што да изгубат, завршена им е таму работата многу одамна и можат максимално да се посветат на мисијата Милан.