Barclays Premier League - Season 2015/2016

Кој ќе биде новиот шампион во Премиер лигата?

  • Вкупно гласачи
    465
Статус
Затворена за нови мислења.
Да ти кажам држи вода... Депресија ме мавна кога слушнав дека резервата на Барса и Шпанија која освоила се што може да се освои го кикна Јунајтед за некојси ванабе биг клаб од Лондон. Патем на кој менаџер е чоекот ради кој Ферги избега од менаџерските води во осумдесеттите години од неговиот живот... Еххх а ќе тераше до сто :( :( :(
Толку, нема враќање... Рики ми е последна надеж.
тоа е вон секоја логика брат, некој да го заобиколи јунајтед за ванаби биг клаб..:toe:
 
тоа е вон секоја логика брат, некој да го заобиколи јунајтед за ванаби биг клаб..:toe:
Заобиколи е ептен дискутабилно. Другото го потврдуваат/те членовите на Челзи со споредбите со Јунајтед. Самите споредби навестуваат ванаби статус. Моментот кога ќе се издигните на ниво да не се замарате со тоа и да не ви е гајле магично ќе исчезне тоа ванаби. А потребни ќе се децении за такво нешто. :D :D
 
Да не ни е гајле или да не бил играчот за нас, да не го бива, воопшто да не сме биле заинтересирани и да се спрема нов рекорден трансфер?
 
Да не ни е гајле или да не бил играчот за нас, да не го бива, воопшто да не сме биле заинтересирани и да се спрема нов рекорден трансфер?
Тоа е став на членови за тоа што мислат за играчот. Затоа не мешај работи. На крај памет ќе ми текне мене да пишувам листи како твојата шти те цитирав предходно. Тоа е разликата.
 
Заобиколи е ептен дискутабилно. Другото го потврдуваат/те членовите на Челзи со споредбите со Јунајтед. Самите споредби навестуваат ванаби статус. Моментот кога ќе се издигните на ниво да не се замарате со тоа и да не ви е гајле магично ќе исчезне тоа ванаби. А потребни ќе се децении за такво нешто. :D :D
Сам си го извади тоа, за да имаш поколоритно мислење =) не ми беше само логично некој играч да го заобиколи Јунајтед за мал небитен клуб. Ти пример, се запали сеа на ситен бантер, тоа вришти ли карактер?:icon_lol:

Сериозно и нема баш некоја борба за докажување на статус - веќе управата ја постигна целта, сеа целат кон нешто над тоа
Борбата е кај нашите комшии кои ги негираат реалните состојби, со смешни аргументи
 
Сите поранешни играчи на Барса.
 
Мојот карактер во моментов е пецај да видиме што ќе пише донеф и викед, и плус колку фејспалма ќе удри РАТМ ( или како и год да му беше никот) -чест е да имаш таков член на форумов кој што ќе проба да го омаловажи, навреди или да потенцира колку е "глуп" секој втор член на форумов .
Иначе, разочаран сум постот (првиот) што не го сфати саркастично, и воедно еден вид nutshell на вашиот "бантер".

Па ќе ти кажам заобиколи е дискутабилно, зошто еднава страна вика дека се повлекле. И сега секој нормално ќе си заземе страна. :) ванаби е мој впечаток од однесувањето на форумов. Толку сте insecure што би ви подзавиделе топџииве со статистиките за Жиру и Кокелан (без навреда топџии).

За последниот пасус браво, он поинт, точно управата ја постигна целта а вие уште се замарате кој го одбил т.е заобиколил Јинајтед. (y) Или со други зборови тоа што ти викам јас, а ти си го нарекуваш мал бантер откако некој ќе ти го плесне у лице... Сеедно. :)
 
Aбе Педро си е сосема океј играч, за од клупа е одличен, па мислам дека треба да гарантира 15 голови+асистенции во сите натпреварувања...но цела финта е што не е нешто невидено, што не е world-class играч, оној кој ќе влезе и ќе го сврти мечот. (како Хазард неколку пати кога го пуштаа во второ :D)

Јунајтед моментално го има Мемфис за лево, Мата за десно во нападот. Според мене поголем проблем им е шпиц отколку крила, бидејќи со Јанг, Јанузај, па и Переира и Валенсија (да не заборавиме дека сепак е крило) има доволно играчи за да ротира ЛВГ. Нормално, ќе се најдеше Педро бидејќи сепак Јанузај и Переира се деца, а Валенсија веќе сезона ипол нема настап на десно крило, но ако земат некое напаѓачиште ќе биде подобар избор во секој случај. Така Руни иде на 10ка, каде реално е најдобар и првиот тим е страшен. :)[DOUBLEPOST=1440108962][/DOUBLEPOST]
Челзи:
Куртоа/Бегович/Блекмен
Иванович - Тери/Зума - Кејхил - Азпиликуета/Баба
Фабрегас/Рамирес/Лофтус - Матич/Микел
Педро/Мозес/Квадрадо - Оскар/Вилиан - Хазард/Траоре
Коста/Фалкао/Реми
Забелешка: Азпиликуета ќе конкурира и за десно наместо Бане, а Баба лево. Потребен е уште еден централен кој најверојатно ќе биде Стоунс. Со тоа ќе бидат добро покриени во одбрана, искуство во Тери и Кејхил и квалитетни млади играчи со огромен потенцијал во Зума и Стоунс. Квадрадо да се продаде за да не фаќа место. После тоа, може само некој за во средина кој ќе може да го замени Фабрегас кога ќе биде потребна ротација.

Манчестер Сити:
Харт/Кабаљеро/Рајт
Забалета/Сања - Компани/Демикелис - Отаменди/Мангала - Коларов/Клиши
Туре/Фернандо - Фернандињо/Делф
Навас - Силва - Стерлинг/Насри
Агуеро/Бони/Ихеначо
Забелешка: Најтенки се во офанзивниот дел од средниот ред, па затоа и се толку загреани по Де Брујн. Ако успеат да го донесат, тогаш дефинитивно ќе имаат страшен тим со Де Брујн, Силва, Стерлинг и Агуеро напред. Единствено друго што според мене фали е директна и доволно квалитетна замена за Туре, ама тоа тешко дека летово ќе донесат.

Арсенал:
Чех/Оспина
Дебуши/Белерин - Мертесакер/Габриел - Кошчелни/Чемберс - Монреал/Гибс
Кокелан/Артета/Фламини - Казорла/Вилшер/Росицки
Ремзи/Волкот - Озил - Санчез/Чембрлејн
Жиру/Велбек/Кемпбел
Забелешка: На харија вака изгледаат добро покриени, ама останува тоа дека фалат класа ДМ и класа напаѓач со кои би биле ептен озбилен конкурент за титула. И вака имаат шанси, не викам не, ама многу тешко ќе биде. А не гледам ништо озбилно за некое засилување, шпекулациите за Бензема ми се безвезе. Само со Чех како засилување, тешко ќе го надокнадат минусот од лани.

Манчестер Јунајтед:
Ромеро/Џонстоун/Де Геа/Линдегард
Дармиан/Валенсија - Смолинг/Еванс - Блинд/Џонс - Шо/Рохо
Шнајдерлин/Фелаини - Керик/Швајнштајгер
Мата - Ерера/Јанузај - Депај/Јанг
Руни/Чичарито/Вилсон
Забелешка: Голманската позиција треба да се реши. Валдес не го пишав зошто нема да заигра. Треба да се продаде еден од Де Геа и Линдегард. Во одбрана иако делуваат покриено вака, сепак знаеме дека фали еден класа централен кој би му бил партнер на Смолинг. Вака со Блинд ќе видиме колку ќе издржат, а Џонс со повредите и Рохо ете не се баш некои замени. Тешко и дека ќе земат некој. Освен тоа, напаѓач или па крило кое би давало по 10-15 гола минимум.

Ливерпул:
Мињоле/Богдан
Клајн/Фланаган - Шкртел/Сако - Ловрен/Туре/Илори - Морено/Гомез
Хендерсон/Ален - Џан/Лукас - Милнер/Лалана
Фирмино/Ајб - Бентеке/Стариџ/Ориги/Ингс - Кутињо/Маркович
Забелешка: Ова е конечниот тим, нема да има нови засилувања. Не очекувам да се конкуренти за титула, но сепак ги додадов и нив. Би требало да притиснат за топ 4. Мене ми е интересен составот, со уште некое добро засилување наредно лето, би можеле и во борба за титула. Премногу напаѓачи, а не ги додадов Борини и Балотели. Ако се игра оваа формација, би пратил еден од Ориги и Ингс на позајмица. Ако се ира 4-4-2 кога ќе се врати Стариџ, таман си е.
Види го бе овој Мекнер не го пишал кај Јунајтед, што изигра 20 утакмици лани, ама битно Лофтус и Траоре стојат кај Челзи. :ROFLMAO:
 
Последно уредено:
Него обединетиве ако не купат ништо ќе биди интересно
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom