Челзи:
Куртоа/Бегович/Блекмен
Иванович - Тери/Зума - Кејхил - Азпиликуета/Баба
Фабрегас/Рамирес/Лофтус - Матич/Микел
Педро/Мозес/Квадрадо - Оскар/Вилиан - Хазард/Траоре
Коста/Фалкао/Реми
Забелешка: Азпиликуета ќе конкурира и за десно наместо Бане, а Баба лево. Потребен е уште еден централен кој најверојатно ќе биде Стоунс. Со тоа ќе бидат добро покриени во одбрана, искуство во Тери и Кејхил и квалитетни млади играчи со огромен потенцијал во Зума и Стоунс. Квадрадо да се продаде за да не фаќа место. После тоа, може само некој за во средина кој ќе може да го замени Фабрегас кога ќе биде потребна ротација.
Манчестер Сити:
Харт/Кабаљеро/Рајт
Забалета/Сања - Компани/Демикелис - Отаменди/Мангала - Коларов/Клиши
Туре/Фернандо - Фернандињо/Делф
Навас - Силва - Стерлинг/Насри
Агуеро/Бони/Ихеначо
Забелешка: Најтенки се во офанзивниот дел од средниот ред, па затоа и се толку загреани по Де Брујн. Ако успеат да го донесат, тогаш дефинитивно ќе имаат страшен тим со Де Брујн, Силва, Стерлинг и Агуеро напред. Единствено друго што според мене фали е директна и доволно квалитетна замена за Туре, ама тоа тешко дека летово ќе донесат.
Арсенал:
Чех/Оспина
Дебуши/Белерин - Мертесакер/Габриел - Кошчелни/Чемберс - Монреал/Гибс
Кокелан/Артета/Фламини - Казорла/Вилшер/Росицки
Ремзи/Волкот - Озил - Санчез/Чембрлејн
Жиру/Велбек/Кемпбел
Забелешка: На харија вака изгледаат добро покриени, ама останува тоа дека фалат класа ДМ и класа напаѓач со кои би биле ептен озбилен конкурент за титула. И вака имаат шанси, не викам не, ама многу тешко ќе биде. А не гледам ништо озбилно за некое засилување, шпекулациите за Бензема ми се безвезе. Само со Чех како засилување, тешко ќе го надокнадат минусот од лани.
Манчестер Јунајтед:
Ромеро/Џонстоун/Де Геа/Линдегард
Дармиан/Валенсија - Смолинг/Еванс - Блинд/Џонс - Шо/Рохо
Шнајдерлин/Фелаини - Керик/Швајнштајгер
Мата - Ерера/Јанузај - Депај/Јанг
Руни/Чичарито/Вилсон
Забелешка: Голманската позиција треба да се реши. Валдес не го пишав зошто нема да заигра. Треба да се продаде еден од Де Геа и Линдегард. Во одбрана иако делуваат покриено вака, сепак знаеме дека фали еден класа централен кој би му бил партнер на Смолинг. Вака со Блинд ќе видиме колку ќе издржат, а Џонс со повредите и Рохо ете не се баш некои замени. Тешко и дека ќе земат некој. Освен тоа, напаѓач или па крило кое би давало по 10-15 гола минимум.
Ливерпул:
Мињоле/Богдан
Клајн/Фланаган - Шкртел/Сако - Ловрен/Туре/Илори - Морено/Гомез
Хендерсон/Ален - Џан/Лукас - Милнер/Лалана
Фирмино/Ајб - Бентеке/Стариџ/Ориги/Ингс - Кутињо/Маркович
Забелешка: Ова е конечниот тим, нема да има нови засилувања. Не очекувам да се конкуренти за титула, но сепак ги додадов и нив. Би требало да притиснат за топ 4. Мене ми е интересен составот, со уште некое добро засилување наредно лето, би можеле и во борба за титула. Премногу напаѓачи, а не ги додадов Борини и Балотели. Ако се игра оваа формација, би пратил еден од Ориги и Ингс на позајмица. Ако се ира 4-4-2 кога ќе се врати Стариџ, таман си е.