Barclays Premier League - Season 2015/2016

Кој ќе биде новиот шампион во Премиер лигата?


  • Вкупно гласачи
    465
Статус
Затворена за нови мислења.
По торпедирањето на Барса вчера и најголемиот раст помеѓу европските екипи, се испод требл е рамно на неуспех за најтрофејниот Манчестер Јунајтед :kuracc:

@Malcolm van den Сабаховић TL-DR :*
 
Ми испадна КПР така да оваа сезона не ја очекувам со толкава жар колку минатата :toe:. Ама се враќаме догодина ;).
Ќе бидам за таа екипа кај што ќе отиде Џои Бартон :D.
 
@Malcolm van den Сабаховић една исправка за воведот околу Стив Мекларен дека по подолго време се враќал на тренерско столче на клуб од островот.
Две години беше тренер на Дерби. Пред две години играше во Плеј оф финале на Вембли против Кпр за влез во Премиер а лани иако беше со Дерби цело време на првите две места у Чемпионшип последните 4-5 кола падна на 7-мо место и не играа ни у Плеј оф. Отказ доби од Дерби после една недела од неуспехот, некаде почеток на јуни мислам.
 
Некако сите го фаворизираат Челзи поради Мурињо и воиграниот состав.
Јас лично не очекувам да го повторат ланскиот успех. Лани често се влечеа во тесни натпревари а ги одминуваа и повредите. Годинава очекувам и посилна конкуренција.

Јунајтед со овој состав и со Ферги на клупата ќе немаше конкуренција. Но со психопатов и неговите психопатски идеи се е можно. Па така нема да ме чуди ако Блинд го форсира како штопер, Руни да го врати во средина или Џонс да го игра како шпиц. :D


Сити доколку го земат Де Брујн и некој добар штопер очекувам да се блиску но недоволно за титула. Доколку не се засилат ќе се борат со пул за 4то.

Aрсенал може да се замеша за титула едино ако распали јогурто. :D

Другите се небитни за коментирање.

А да, и пулците ќе сфатат дека Милнер е дрво. Даб дабосан.
 
Челзи освен засилувањето во одбрана (ваљда Стоунс ќе го земат) мислам дека треба и везњак да земат. Лани издишаа и Матиќ и Фабре, не е Фабрегас некој што може да се пофали со страшен фитнес па да ја изигра цела сезона, како Руни, Тери кога беше помлад, Дрогба... Инаку вака најкомплетен тим имаат, играчите веќе сума време се заедно, немаат играчки флуктуации. А наредната сезона кога ќе се повлече Тери ќе мораат да земат и некој искусен освен ако не сакаат да им се дешава истото како нас ланската сезона, деца пред гол и во името на Де Геа, амин :icon_lol:
 
Малце се прошетав низ историјата на ПЛ темите на Кајгана.
Оваа е осмата тема за Премиер Лига на форумов.
Првата ја отворил @Fantom уште во 2007 и била општа, не се отварала посебна за секоја сезона. Не се сеќавам на оваа тема, а гледам сум гласал на анкетата, но немам ниту еден пост. Секако дека во тоа време немаше толку активни членови, па во темата за две години се испишани само 204 страни. Приметив низ страните доста од членовите што се сеуште активни тука. Во 2009 расте интересот и има се повеќе активни членови па се отвара втората тема, посебна за новата сезона, повторно од @Fantom. Испишани 173 страни, што е големо подобрување од претходно. Третата тема за 2010/2011 со Челзи како актуелен шампион (повторно отворена од @Fantom) прави бум, и мислам дека најголемиот дел од членовите кои и сега сме активни, почнавме тогаш да пишуваме. Испишани беа 484 страни за една сезона. Четвртата тема е отворена од @Факе и во неа продолжува да се зголемува популарноста на ПЛ на форумов, па така изпишани се 943 страни што е речиси дупло од претходно. Петтата тема ја отвара @the_kop и повторно активноста руши рекорди со 1690 испишани страни, што е огромно подобрување од претходната. Шестата тема е отворена од @Ilumious и стига до 1552 страни. Малце ме изненади бројката, мал пад за разлика од претходната сезона, а имаше доста реметење на сметка на Јунајтед и сите нивни киксови. Седмата тема отворена од @Донев (јас) го руши рекордот со 1842 испишани страни. Да видиме сега дали оваа тема на @Malcolm van den Сабаховић ќе успее да го сруши рекордот, па зошто да не отиде и над 2000 страни.
 
Го гледав видеово, стварно добра „споредба“ е направена. Страшни играчи се и двајцата со тоа што предност на Мемфис би му дал зошто е поснажен а на Фирмино зошто има играно во појака лига па мислам дека ќе му треба пократок период да се уклопи.
Иначе, скилс, пасови, дриблинг муабет не се прави, фркаат голови од кај стигнат (Мемфис глеам и слободни фрка).
 
Во 2007 немаше ни Твитери, ни Фејсбуци од ПЛ, на клубовите па да не зборам, ни Фентази ни бутур, едини извор на вести ти беа ББЦ со сајтот нивни со дизајн како во Word правен и клупските сајтови :([DOUBLEPOST=1437906665][/DOUBLEPOST]@Peja989 а ни Фирмино ни Мемфис немаат стандардна позиција :icon_lol: прво тоа е најважно и Роџерс и ЛВГ да им го одредат.
 
Од другиве екипи највеќе чекам да видам Фирмино и Депај како ќе се снајдат во ПЛ. Од видеава вака што ги имам гледано може да се види дека се стварно квалитетни и имаат талент. Ако успеат да се вклопат ко што треба и продолжат да се подобруваат, може ќе му прават друштво на Хазард за некоја сезона.
 
Уф ама мириса на тазе. Се гледаме во мај. ние ќе бидеме на врвот.

Ај да видиме до кое коло ќе чекаме за да го читнеме познатото ,,Следната е наша,, од скаузериве. Според мене можат уште од сега да си ги приготват зборовите.:D
 
@Peja989 а ни Фирмино ни Мемфис немаат стандардна позиција :icon_lol: прво тоа е најважно и Роџерс и ЛВГ да им го одредат.

Без Бентеке мислев дека ќе го пробува како најистурен евентуално лажна деветка а вака мислам дека ќе игра десетка, со Кутињо заедно

Фирмино - Кутињо
Кристијан
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom