Искрено, јас сум задоволен од Јунајтед оваа сезона.

Претходните 3 сезони се мачеа многу повеќе од оваа според мене. Единствено последните месец дена играта им е падната и донекаде вадат гз.

Сепак неможе да се рече дека се слаби сезонава. Дефанзивно беа многу слаби есенскиот дел, ама нападот ги вадеше одлично. Сега дефанзивата почна да се стабилизира, ама играта не е толку атрактивна. Самото тоа што веќе господ знае колку пресврти направија зборува дека тимот е многу постабилен и дека може да се надигрува со сите екипи во Европа. Едноставно секогаш кога треба да дадат гол, тие тоа го прават. Со исклучок на 3-4 меча. Па и ги победија сите дерби натпревари до сега оваа сезона. Со Тотенхем не се рачуна дерби.

Мислам дека освен Перси има уште неколку фудбалери кои блескаат во текот на сезоната. Рафаел, Керик, Евра и Еванс кои дадоа и по 3-4 гола, Клеверли е солиден, Руни и Чичарито исто така одлично си ја вршат примарната цел. Плус што формата на Кагава полека полека почна да оди нагоре.

Мислам дека можат да стигнат далеку во ЛШ. Ама во дуел против Реал Мадрид треба и среќа, бидејќи тука се е можно и според мене голема штета што една од овие 2 екипи мора да излезе толку рано.