Оваа недела се навршува точно половина век од историската одлука за укинување на лимитот на платите на фудбалерите во Англија...
Кој можеше во 1961 година да замисли дека тоа е коренот на претворање на играта во судир на голобради милионери на теренот.Навивачот не е глуп,му пречи што просечни добиваат повеќе отколку што заслужуваат а големите пари го расипаа односот помеѓу навивачите и фудбалерите.
Точно пред половина век беа поставени темелите за денешното лудило кога се во прашање платите на фудбалерите во Премиер лигата.Тогаш,во 1961 година во време кога светот трепереше над кубанската криза дојде до укинување на ограничувањето на платите на фудбалерите.
Инаку,максимумот од 20 фунти неделно стана минато.Практично тој момент се зема како почеток на новата ера во англискиот фудбал. Во средината на осумдесетите Крис Колеман почна да ја гради својата кариера во Манчестер Сити и заработуваше околу 100 фунти неделно.Подоцна како менаџер на Фулам имаше прилика да тренира млади милионери.
"Јазот помеѓу платите на фудбалерите и она што го заработуваат навивачите на некој начин го уништи односот помеѓу трибините и теренот.Работите се сменија,подобро да речам,големите пари ги сменија играчите"-вели Колеман.
Тој мисли дека навивачите не се глупи.
"Тие сметаат дека мал број од нив го заслужуваат секое пени.Но исто така,поголемиот број се просечни играчи кои добиваат премногу пари.Кога така лесно ке ги заработите,станувате арогантни,па не чуди што повеќето од нив не се во состојба да ги симнат слушалките од уши и барем да се насмевнат на навивачите"-огорчено вели Колеман.
Додава дека во времето кога играл во Свонси,неговиот капитен Мик Мекарти,кој веќе имал голема кариера,возел "буба",а денес на паркинг неможете да најдете место од поршиња и ферари кои се сопственост на некои фудбалски анонимуси.
Кога падна забраната синдикатот на фудбалерите го бранеше своето право да преговара за платите исто како и вработените во останатите професии.Славниот тим на Ливерпул,кој го создаде Бил Шенкли вкупно заработуваше пред половина век некаде околу 500 фунти,денес фудбалерите на Сити заработуваат исто така 500,но со плус шест нули,500 милиони.
Секако,лигата тогаш попушти бидејќи фудбалерите се закануваа со заминување во Италија,а до крајот на шеесетите Џорџ Бест заработуваше 1000 фунти неделно.Меѓутоа,немаше голем раст додека не беше создадена Премиер лигата во денешниот облик.
Инаку,на почетокот на деведесетите,Џон Барнс беше најплатениот играч со околу 10000 фунти неделно.Декада подоцна,Сол Кембел со преминот во Арсенал заработуваше плата од 100000 фунти. И тогаш се случи експлозијата,денес Јаја Туре заработува 240000 фунти неделно а тоа е само врв на ледениот брег.
Проблем не се само најдобрите,туку и оние просечните.Денес можете да најдете еден куп деца кои заработуваат ненормално многу,што им одзема било каква желба да се борат за нешто.
Имаат многу слободно време и не успеваат да го пополнат со ништо друго освен со трошење на пари.Тоа подоцна создава зависност,а медиумите не пишуваат често за десетиците кои пропаѓаат уште на почетокот на кариерата.
Покрај тоа,на мета се и навивачите кои предизвикуваат завист,поготово кога имате ситуација во која просечен фан мора да се одвикне од повеќе работи како би си дозволил скапа влезница.Проблемите на теренот се пренесуваат на улица,па играчите кои што заработуваат многу,а не ги исполнуваат очекувањата секогаш се први на удар.
Поради тоа изолацијата на играчите е се поголема и без контакт со вистинскиот свет,тие навистина живеат во некоја имагинарна реалност па не е ни чудно што веруваат дека се над законот и дека се им е дозволено.
Фудбалот,посебно во Англија е игра на милионерите...