Barclays Premier League 2009/2010

Кој според вас ќе ја освои Barclays Premier League во сезоната 2009/2010?


  • Вкупно гласачи
    438
Статус
Затворена за нови мислења.

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Barclays Premier League


Отвораме нова тема за Англиската Премиер Лига, затоа што старата стана многу непрегледна и обемна.

Премиер Лигата е професионалната фудбалска лига на Англија и е највисока по ранг. Се состои од 20 клубови и во неа нема плеј-аут, односно последните три екипи отпаѓаат во втората лига. Првите три екипи играат директно во Лигата на Шампиони, додека четвртиот игра квалификации. Петтопласираниот игра директно во Лига Европа (стар УЕФА Куп), додека шестиот и седмиот можат исто така да играат во ова натпреварување, зависно од победниците во Ф.А. и Карлинг купот. Сезоната трае од август до мај, период во кој се одигруваат вкупно 38 кола. Спонзорирана е од Barclays Bank и затоа официјално се вика Barclays Premier League.

Во овој формат е формирана на 20 февруари 1992 година. Моментално Премиер Лигата го држи приматот за најгледана светска фудбалска лига.
Во овој период од 1992 па до денес, вкупно 43 екипи настапувале во Премиер Лигата, но само на четири екипи им успеало да освојат титула - Манчестер Јунајтед, Блекбурн Роверс, Арсенал и Челзи. Актуелни шампиони се Манчестер Јунајтед, кои во сезоната 2008/09 ја освоија единаесеттата титула во ПЛ, повеќе од било кој друг англиски тим.

Еве ја листата на шампиони во Премиер Лигата, по години:



Во Англија тимовите се рангираат прво по бодови, па по гол разлика, и на крај по меѓусебен дуел.

Повелете и анкета, и очекувам дискусија на ниво. :)
 

Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
6.869
Поени од реакции
1.251
Прв сум :pipi:


Навивам за Јунајтед и се надевам дека и оваа сезона ќе успееме да ја земеме Премиер лигата, иако осеќам дека сезонава ќе биде многу поинтересна поради големите промени во многуте тимови,каде во менаџерите,каде во играчите.Ќе остане борбата меѓу големата четворка за титулата и оваа сезона,додека пак Шити,Вила,Тотенхем и Евертон според мене ќе се борат за Европа лигата.Еве и тука ќе го постирам промото за сезонава од fox sports


Glory,Glory Man United :)
 
Член од
7 јануари 2009
Мислења
679
Поени од реакции
30
Според мене, оваа сезона ќе биде хаос, лудило. Букфално нема да се знае кој кого тепа. Нема да има голема четворка. Ливерпул ќе биде послаб од лани, Вила и Тотенхем очекувам да напредуваат. За опстанокот мислам дека нема да го обезбедат Барнли, Стоук и Хул.
Знам, смешно звучам и глупости тресам. :toe:
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
2.905
Поени од реакции
400
:tapp:
Манчестер има 11 титули освоено ..:nesvest::nesvest::nesvest::nesvest::nesvest::nesvest::nesvest::nesvest::nesvest:
Иначе навивам за Манчестер и според мене ке биде Манчестер:)
 
Член од
8 октомври 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
20
Според мене оваа сезона ќе биде најдобрата досега. Манчестер Сити фрлија доста милиони, но ќе им биде потребно една до две години да се стабилизира тој состав и да може да конкурира за титулата.

Мислам дека и овојпат „големата четворка“ ќе си ги завземе првите 4 позиции, но ќе биде доста интересно и нема да се знае до самиот крај кој ќе биде шампион.

Арсенал - само Вермален е засилувањето, заминаа двајца Адебајор и Туре. Мислам дека оваа сезона овој Арсенал ќе биде поконкурентен од оној од минатата.
Мен Ју - ги изгубија Роналдо и Тевез, но стариот лисец Фергусон одлично ги пополни местата со Валенсија, Овен и Обертан. Сега ќе имаат поголема конкуренција за разлика од минатите сезони, ќе им биде многу тешко да ја одбранат титулата.
Челзи - му одеше добро на Гус, но Анџелоти е доста добар тренер, ги зедоа Жирков, Трнбол и Стариџ, овие последниве двајца како замени. 3 години се без титула, сменија доста тренери - ќе биде доста интересно.
Ливерпул - цели две децении се без трофеј црвените од Ливерпул, лани беа доста блиску, но на нивниот Енфилд мислам дека ја загубија титулата - едноставно не беа подобри од Мен Ју. Го зедоа само Глен Џонсон, но ќе има уште промени во средниот ред до крајот на преодниот рок.

Ова ќе биде доста интересна сезона, со доста пресвртници, доста се квалитетни тимовите од големата четворка, ќе биде тесно до крај.
 

брицо

liverpool
Член од
22 мај 2009
Мислења
567
Поени од реакции
2
оваа сезона дефинитивно ќе биде најинтересна шампионот ќе биде со многу мал број на бодеви (само си претпоставувам) а манчестер сити го очекувам да биде во првите 5 и верувам дека по некаде од 19 години ќе ја донесиме титулата на енфилд и ќе го скршиме малерот астон вила би биле послаби од лани додека па од тотенхем го очекувам спротивното
 

CopyOfDeath

Die Die My Darling!!!
Член од
30 ноември 2005
Мислења
4.186
Поени од реакции
48
Oчекувам Четврта по ред титула на Јунајтед :tv:

инаку битката ке биде помегу Манчестер Арсенал и Челзи
сепак на 4-5 кола пред крај Јунајтед ке Биде Шампион
 

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
:tapp:
Манчестер има 11 титули освоено ..:nesvest::nesvest::nesvest::nesvest::nesvest::nesvest::nesvest::nesvest::nesvest:
Иначе навивам за Манчестер и според мене ке биде Манчестер:)
Па 11 се во Премиер лигата :)

И оваа сезона очекувам големата четворка да ги заземе првите четири места на табелата.Како навивач на Манчестер Јунајтед очекувам четврта по ред титула иако ќе биде многу тешко.Иако Арсенал загуби двајца првотимци и многу очекуваат да заврши четврти или дури и петти,од нив очекувам да се најблиску до Јунајтед.Тука се и Челзи и Ливерпул,па ќе видиме колку точни ќе се покажат моите претпоставки :)
 

sonne

војвода
Член од
26 мај 2006
Мислења
2.664
Поени од реакции
123
фановите на најсилното првенство во светот од 15 август ќе се насладуваат на одличен фудбал и ќе ги бодрат своите пулени .

- утд како шампион , со еден од најсилните тренери на светот ќе се обиде да направи баш ко што кажа сер алекс да го турне рекордот на луверпул ...

- ливерпул : рафа е доста силен тренер , со доста добри играчи ... па сите сложно ќе се обидат да срушат еден малер :)

- челзи : сините од лондон - секогаш се конкурентни ... карло е баш италијанска работа / тимот го поистоветува со фамилија ... ама челзи веќе имаше тренер дебитант со титула па не би ме изненадило ( ама облог е облог )

- арсенал : можеби оваа сезона е нашата , аде , коло ... ама никогаш арсенал не давал играч ако немал замена за него ... сезоната кога си замина анри сите го отпишаа арсенал од секаде ... а тимот направи одлична сезона ...

- сити , вила : да бидеш во топ тимовите на премиер лигата е традиција и капацитет на компакност ( игра / тренер / фудбалери ... навивачи ) мислам дека овие би мачеле до кај 25-то коло .... или пак не ќе можат и толку ( ќе видеме )

- кокошките некако не влегуваат во шема дека би направиле нешто освен да победат некој фавирит ... не се тим за шампиони ... а уште помалку дека ќе бунат некако ... ако не го летнат хари можеби ќе бидат докај 6-то ако го набркаат ... ќе наебат јако ( се разбира ова е моето мнеие на прашањето )

очекувам машка сезона од фулам , сандерленд , чеканите ...
 
P

pepito*

Гостин
Очекувам главната борба да се одвива помеѓу Челси и Манчестер,ама мислам дека Челси ќе заврши прв годинава
 

Milanez`

Tutta lα miα vitα...
Член од
6 август 2007
Мислења
14.481
Поени од реакции
5.451
Ако Реал собра се што можеше сепак англиско си останува најдоброто првенство, па и без Гејналдо ќе биде поинтересно за гледање (за оние што неможеа да го гледаат како плаче низ теренот).
Според мене главен фаворит е Манчестер, замина Бекам замина Руд па беа Манчестер јаки, така и сеа замина Гејналдо и пак ќе бидат јаки... затоа е туе Руни ;)
Челзи исто има добар тим ама во нив не веруем многу, нека си бидат задоволни со 2ро место, а Ливерпул со 3то (ако не купат нови играчи).

пс. Сити нова сила?... неее, само клуб што се бори за УЕФА :)
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.646
Поени од реакции
43.450
Очекувам интересна сезона...Се направија многу трансфери,многу играчи заминаа од тимовите,многу беа донесени..Има големи промени кај некои тимови,па и тие може да изненадат..Но сепак како навивач на актуелните Шампиони очекувам 4-та титула по ред...:toe:
 
C

Crazy Diamond

Гостин
многу интересна ќе биде оваа сезона и јас бидејки навивам за Арсенал и за него гласам дека можеби ќе ја освои титулата :toe:
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.563
Поени од реакции
22.322
Во изминатите години доминира Манчестер Јунајтед не гледам некоја посебна причина зошто не би доминирал и оваа година..За единствен конкурент за титулата го сметам Челзи..
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.019
Поени од реакции
22.926
Оваа година очекувам најнеизвесна битка за титулата од Манчестер си отидоа 2ца важни играчи(Роналдо и Тевез),а дојдоа Валенсија и Овен не ги гледам како достојни замени(барем за сега)и ако не купи уште некој играч САФ тешко ќе биде на Манчестер оваа сезона пак да ја одбрани титулата.Челзи зема нов тренер,кој си има своја тактика и фудбалерите мора да се придружуваат до неа ако сакаат да имаат успех,нема некои огромни промени со доаѓањети на Жирков и Стариџ за кои не верувам дека ќе играат прв состав(на почеток за натаму како се покажат)ама ако си замине Тери(што е многу тешко за верување) е тогаш ќе има проблеми Челзи.Ливерпул има тим кој игра 2-3 години заедно,исти тренер,добро се познаваат меѓусебе ама ако го продадат Алонсо е тогаш е на големи маки Бенитез,не гледам некоја достојна замена за него на пазарот,ако мислат дека Аквилани ќе го замени слободно нека се простат од титула.Сепак верувам дека ќе остане Алонсо и дека оваа година тие ќе земат ПЛ(редно е).Арсенал со продавањето на Туре и Адебајор ако заврши 4 место нека биде среќен Венгер,а не па да се бори за титула.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom