Опааа, мило ми е шо сфаќаш оти ние сме повеќе оштетени. А каква среќа бе човек? Да не "видеш" очигледни ситуации за тебе е несреќа? Мене ме нервира тај дебилизам кај вас шо не сакате да признаате оти не е реално, не оти ќе сменете нешто, туку се праате лизни мазни демек Челзи се шо победува е реално.
Најслаб Челзи? Па ти ништо не гледаш? Напротив, Челзи таа година го има најјакио тим од коо е Абрамович газда (без да ги земме у обзир повредите на вашио тим). Општо првенството добија на квалитет таа година, се направи голем прогрес, не е лесно со екипите од долнио дел на табелата как шо е у Шпанија на пример, а ти тва го сметаш за слабост на Челзи. И со тва шо го спомнуваш Ферги и Бербатов гледам колко голем политичар си и как манипулираш со работте, нема шо повеќе да се праа маабет.
Ај не е на најниско, имат јака игра, праат шанси как на почетоко на сезоната, у јака форма се, имат енергија, сила... Океј
Бидете појќе оштетени, Челзи со појќе „вазни“. Ми одговара ваква сезона, секој со нешто „појќе“.
Пенал над Парк, пенал над Анелка.
Офсајд од Дрогба, рака од Мачеда.
Еднакво. Само Манчестер ја немаше среќата и беше прв оштетуван. Челзи не го тепа реално Стоук на гости, оти даде гол во 95 минута, со големи маки. Стоук не заслужи да загуби тогаш. А Манчестер Јунајтед? Апсолутно заслужи да загуби пошто немаше ниеден опасен шут на гол, ниедна реално смислена акција. Пошто тоа било фудбал бе, или така беше само претходните сезони кога Манчестер не беше one man - тим, а годинава на големо мое изненадување, е. Слично и Болтон. Секако, за тоа кој како се однесувал на терен. Ако зборуваме за судии, тогаш очекувам Тевез и Адебајор да ви го наплатат голот во 97 од 94 минути,, а штета шо Ливерпул нема шанса да ви го наплати пеналот кој требаше да биди слободен удар по кој Манчестер изедначи на 1-1. Јебига гомна се случуваат и раѓаат...
Најјак тим?! И Лампард и Тери не се на својот врв, кој веќе го имаа, како прво. Едино Дрогба е подобар, но тука идиме до следново....
• Chelsea have scored an average of 4.17 goals per game in matches that Didier Drogba has missed this season compared to 2.14 when he has played
....ами сега?! Значи човекот не е за главна ѕвезда, а е главна ѕвезда моментално. За слабост на Челзи го гледам мизерното издание, ма какво мизерно, аматерско издание на Челзи во Лигата на Шампионите. АМАТЕРСКО! Од првиот дуел со Порто, на кој дури и мислев оти се чуваат де, без многу напор; преку втората со АПОЕЛ, кога го помислив истото....се до реваншот со Интер кога заклучив дека се гомна. А случајно Арсенал, Манчестер Јунајтед и, пупупу... Ливерпул да не беа нешто понапред можеби? Не. Можеби Премиерлигашите напредувале останати, ама овие од врвов ите како назадуваа. Многу. Премногу!
Бербатов го спомнувам пошто е така, да бев политичар последно нешто шо ќе праев е да јадам гомна заедно со поголеми гомнојадачи од мене. Дали судијата му е крив на Бербатов шо е тромав, спор, играч каков не е за играта на Манчестер Јунајтед? Руни дава шо си дава голој, е преувеличан до небо, а само еден гол е пред Дрогба, со многу веројатно некој натпревар појќе (во шо не сум сигурен, нагаѓам ради Афричкиот Куп). Али ај, Енглез е, еден од ретките врвни фудбалери, од светска класа а Англичани, па така нека биди. Бербатов? После Шевченко бил промашување на векот...
Па прават шанси. И тоа без најталентираните играчи во тимот - Џо Кол, Малуда и Деко, да зборуваме за против Болтон еве. Ама кој е крив шо Калу е дрво, Фереира тромав? Никој веројатно, ама имало Господ, остана 1-0.