Барам / Имам потреба од...

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво, имам потреба од дизајнер кој би средил неколку работи како припрема за штампа за маица, лого и уште неколку работи. Кој е заинтересиран нека ме контактира по ПП. (Уште поубаво ќе биде доколку се пријави некој фан на Манчестер Јунајтед. :D)
 
Здраво, имам потреба од некој што изработува календари, столни во овој случај со мои слики и тираж 20-50, значи мал. 12 страни по месец значи или друг начин ако има некој ако знае да го сработи ова нека ми пише пп па ќе контактираме детално за се и за плаќање нормално.
 
Има ли тука некој дизајнер кој знае како се прави дизај за офсет плоча? Во смисла пример од еден дизајн за флаер, он да ми направи Corel Draw фајл од кој јас би можела да направам офсет плоча?
 
Google Analytic мастер (не програмер туку аналитичар) ... долгорочна соработка ... повеќе во ПМ
 
Oва е некаков шифриран разговор или? :)

Не бе, проект ... човекот си бара некој кој знае да следи податоци од GA, да прави анализи и сл. Мислам дека е јасно напишано за оној кој знае што е Google Analytics :)
 
Не бе, проект ... човекот си бара некој кој знае да следи податоци од GA, да прави анализи и сл. Мислам дека е јасно напишано за оној кој знае што е Google Analytics :)

Ете знам што е Google Analytics ама не ми е јасно. :) Пишав "шифриран разговор" затоа што не гледам пост во кој некој бара нешто во врска со Google Analytics.
 
Ете знам што е Google Analytics ама не ми е јасно. :) Пишав "шифриран разговор" затоа што не гледам пост во кој некој бара нешто во врска со Google Analytics.

Па темата е имам потреба од ... како и да е, во право си.
 
Има ли тука некој дизајнер кој знае како се прави дизај за офсет плоча? Во смисла пример од еден дизајн за флаер, он да ми направи Corel Draw фајл од кој јас би можела да направам офсет плоча?

прати ми на мене ке ти го пратам во ПДФ формат во сепарации
 
Има ли некоја скрипта, што може да го прави следново
- Да проверува фан страна на фејсбук, и доколку има нова објава , истата да ја превземе и да ја стави на вордпрес блог.

Има некој скрипти моментално што го можат тоа, арно ама се лимитирани во поглед на тоа што мора да биде твоја фан страната. Пример IFFT . Има и од вордпрес не ми текнува како беше Jet нешто али и тоа е лимитирано исто така да мора да си админ на фан страната. Идејата ми е за сајт што може автоматски да превзема објави од 3-4 фан страни.
 
Барам/имам потреба од работа како графички дизајнер. Бујрум, кој му треба квалитетна работна рака, нека ме контактира ;)
 
Барам/имам потреба од работа како графички дизајнер. Бујрум, кој му треба квалитетна работна рака, нека ме контактира ;)

Остави портфолио друже, поголема шанса ќе имаш некој да те примети.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom