Србите имаат одлична поп музика, на страна турбофолкот. Во секој случај е на ниво над нашето. Не зборам дека треба да прави опери и да му е исклучително квалитетна музиката, но апсолутно сум против да почне со ЈЈ. Ќе изгуби поени кај мене со тоа и тоа многу. Плагијати на “Ако је до мене “ е ок? Не мора да е квалитет, нека биде хит. Еве Тоше ќе го земам за пример, не му беа баш сите песни квалитетни, ама имаше многу хитови. Каролина, Владо и Калиопи исто, па и Елена може да е во овој круг. Затоа тие се тука и после 15 години, а секој што соработувал со ЈЈ е инстант хит, го снемува после 1 година.
Освен евровизиската, кажи ми од прва дали ти текнува една песна на Некст Тајм од времето кога беа со ЈЈ?
Ама од прва да ти текне. Тие почнаа да се губат уште додека беа со него.
Дечкото има прекрасен глас, не заслужуваат и двајцата такви ѓубре од песни. Не се ни хитови.
НЕМА кај нас кој да прави хитовски песни кои би се слушале повеќе од 2 недели и тоа на поширока територија освен на радио Бубамара. НЕМА кај нас продукција и куќа која знае да води кариера како што треба (настап во дискотека за 100 евра не е водење нечија кариера). Со исклучоци како Авалон и на Калиопи продукцијата која у суштина и е посветена само на неа реално.
Џабе талентите кога нема кој да им направи песна. Не е само да се ископира Ако је до мене и да се победи на фестивал и да се урне целиот кредибилитет на фестивалот и пред се традицијата. Мене Ламбе од таа победа наваму ми се одмили, крај, толку беше, сега менувам програма кога ќе го видам во емисија. Истото им се случува на сите кои соработувале со ЈЈ, само дамка на кариерата им се прави, а потоа ги снемува затоа што после тоа не можат да ја исперат дамката, сите ги поврзуваат со ЈЈ и крај, толку им е. Џабе пробуваат да се ослободат.
Кој од тие што соработувал со ЈЈ има направено концерт? Освен Слаткар, али тоа неговото е друг феномен, тој имаше публика и пред ЈЈ, само стана покомерцијален.