Балкански X Factor

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Zenite ja mrazat Tamara bidejki e mnogu po ubava od povekjeto od niv. Veruvaj mi. Za toa i slapaat. Dodeka mazite, kontrolirani od zenite mora i oni da ja hejtaat.

A za patriotite nema muabet.Patiroti samo pred televizor i testatura.

Ne se zamaraj be druze, na Makedonstinata tesko nesto da ke i dokazes posto site se znaat i za se se experti. :)

1. За патриотите што се пуваат преку форуми и слични други социјални мрежи, само Жељко ли ви е крив? Што не зборите за босанката што се праи на тошо, демек не разбирала ни еден збор на македонски, жими ташаков.
Што не зборите за продукцијата што го отсече македонскиот јазик позади сцена??? Ако добро памтам на првиот настап во живо оваа нашата цело време си збореше на македонски, сега цепа српски?? Објаснување? Што кур тогаш го глеате шоуто а? Што не бојкотирате, што не смените програма на некое македонско шоу, ПАТРИОТИ??

2. Не треба да си којзнае колку бистар или да имаш некое познавање, за да сфатиш дека ниту менторите ниту пејачите имаат комплетна слобода во бирањето на песните. Сето тоа иде преку продукцијата. Ако на некој од продукцијата не му се допаѓа, или мисли дека е неприкладно, нема да иде таа песна и крај, они го имаат последниот збор.
И сеа некој тука соли памет како можел Даниел да рече не, демек да се сили зошто не било на македонски и да си ризикува да го исфрлат од шоуто, на пример. А најголемата иронија е што песната оригинално е испеана на српски, од наша најголема музичка легенда, во земја кај што подеднакво исто го сакаа и сечеа вени по него, како и тука.
Е неблагодарници едни бе, па Тоше со тие песни државата ни ја промовираше ееееј, да гледа што зборите и против кого, у гроб ке се превртува.
Убаво пиша некој подоле, да беше жив он прв ке се качеше на бина и ке му дадеше рака!


3. Не ми јасен сељачкиот потег на Жељко, со тоа што ја ''искара'' Тамара како мало дете пред сите. Као некој сељак симнат од планина, па напраил кариера и пари и сеа се понаша као да е над сите.
@Srcee Ти беше што прашуваше што и рекол така? Муабетот беше као ти изгледаш дека не ти е гајле, тебе ти е сеедно за шоуво, си тераш некој свој филм и тоа е тоа. И девојкава ваква збунета, мислам дека изусти нешто два три збори, у смисол не е така, тоа е ваше мислење, ама не нешто посебно. Да беше девојчено Илма, ке неможеа уста да и затворат. :D
И добро, заврши Жељко, и оваа вика ОКЕЈ, ФАЛА. И овој се стаписа еј, зошто рекла океј фала :facepalm:, се возбуди тука ау, вика вракај камерата кај мене :vozbud:, и почна пак да проповеда, и вика е баш за вакво однесување зборев, демек само колку да ме откачиш. Абе као некој татко и проповедаше и ја искара буквално пред сите за една глупост. Па јас бре да сум и татко на девојчето незнам што би направил у тој момент.

И стварно ме интересира, како приметивте Тамара дека била арогантна? Јас стварно ништо не приметив, дали дека слабо следам по фб, твитер и други ствари...
Ако може некој да ми каже нешто што рекла, или некој јутуб клип, или нешто што пишала на твитер, незнам што било. :)
 
Zenite ja mrazat Tamara bidejki e mnogu po ubava od povekjeto od niv. Veruvaj mi. Za toa i slapaat. Dodeka mazite, kontrolirani od zenite mora i oni da ja hejtaat.

A za patriotite nema muabet.Patiroti samo pred televizor i testatura.

Ne se zamaraj be druze, na Makedonstinata tesko nesto da ke i dokazes posto site se znaat i za se se experti. :)
Наспроти.... Тамара е одбивна прво како појава, како карактер, па после тоа како пее;):)
 
Наспроти.... Тамара е одбивна прво како појава, како карактер, па после тоа како пее;):)

Што е тоа кај Тамара што те иритира до толку?
Како прво убаво изгледа и убаво пее,само што не и лежи секаков вид на музика.
 
Истото ќе ни се случи како со Операција Триумф, ќе стигне овој до финале и тогаш ќе победи Србин или Босанец. А ние ќе му се клањаме дотогаш на Кајмакоски, потоа ќе се заборави исто како Белов

Белов немаше грам харизма иако дека си е наш си навивав за него. Даниел ми е некако мил и мислам дека и да не победи ако соработува со правите луѓе може да направи кариера. Ама се си мислам дека во Србија поголеми му се шансите него во Македонија, затоа што ние тука сме огорчен народ и по све плукаме. А па искрени да бидеме немаме некои саглам продуцентски куќи кои би можеле да му ја лансираат кариерата успешно. Така да супер што работи со Жељко, што и да се деси може да му помогне за понатаму. А за победник, типувам на некој од Босанците, едноставно народот си е таков, си гласа и си ги подржува своите.
--- надополнето: 15 јануари 2014 во 12:04 ---
Zenite ja mrazat Tamara bidejki e mnogu po ubava od povekjeto od niv. Veruvaj mi. Za toa i slapaat. Dodeka mazite, kontrolirani od zenite mora i oni da ja hejtaat.

A za patriotite nema muabet.Patiroti samo pred televizor i testatura.

Ne se zamaraj be druze, na Makedonstinata tesko nesto da ke i dokazes posto site se znaat i za se se experti. :)

Јас сум женско, и Тамара ми е преубава. На аудицијата беше одлична, вчера изгледаше феноменално и не испеа лошо воопшто според мене. Не знам зашто толку хејт. Мислам дека не се снаоѓа најдобро во ситуацијата, не е добра со зборови и затоа остава впечаток на арогантна. Ако збориме за ароганција онаа малата толку ја удрила слава у глава што се замислува дека е више светска ѕвезда али глуми скромност што уште повеќе ме иритира.
 
Што е тоа кај Тамара што те иритира до толку?
Како прво убаво изгледа и убаво пее,само што не и лежи секаков вид на музика.
Самата појава. Начинот на зборење, гласот, самата појава.... ме потсеќаат на Маријана (читај другарката на Немеш) од Велики Брат. Таа е далеку повоспитана од Маријана, но тие неколку работи на Маријана ме потсеќаат.
А и да не ме потсеќаат на нејзе, сепак одбивна ми е.

За тоа дека е убава, не е.... или пак не е мој тип.
А за тоа како пее..... катастрофа, глас никаков, незнам дали пее или кењка.

Единствен кој заслужува победа, кој ги исполнува стандардите за светски пеач е Александра Бркович :)
 
Sekoj so svojot krst na cheloto. Mene kako pojavaa mi e preubava. Ama moze pa ti si poubav od mene pa za toa i standardite za ubavina ti se povisoki. :)

Наспроти.... Тамара е одбивна прво како појава, како карактер, па после тоа како пее;):)
 
Извинете ако е репост

Добро фала богу барем упорноста му се исплатеше колку толку.
И сфатив дека живеел во Виена долго време пошто начинов на зборење се ми изгледа како странец.
 
Се согласувам Даниел е 100 пати похаризматичен, а и има поубав глас од Белов. Белов си беше онака ок, ама Даниел ми е покомплетен. И поубав е.:oops:
Проблемот е што кај нас нема кој да му прави песни. Јован Јован со безобразно крадени “Ако је до мене“ тип на песни? (Ова уште не можам да го преболам). Или Билбилов што и направи на Тамара хибрид од Skyfall и Turning Tables? Голем дел од преостанатите прават застарени песни, што се слушале пред 100 години.

Реално ни Калиопи, ни Владо не направиле асален хит којзнае од кога. Булки беше онака, може да пројде, а на Калиопи овој албум што беше за хрватскиот пазар исто воопшто не ми се допадна, ниедна од тие песни не е онака материјал што ќе се памети. Само Каролина направи полн погодок со албумот Капка под небото, ама зад неа стојат Авалон и можат да си дозволат да инвестираат повеќе и да платат повеќе, што значи и тим од секакви автори. Чат пат ако Лозано направи некоја ок песна (ама и тој нема нешто којзнае какви песни) и еве Тајзи прави понекој хит у последно. Не зборам сега за квалитетот, зборам за хитови што ќе се пејат и пуштаат по радија, заразни песни. Еве песнава на Брејк на пример е хит, после Готово е од Тамара е единствениот хит-хит по радијава. Еве и братот од Некст Тајм пее преубаво, ама џабе, се фати со ЈЈ и песните им беа 5-6то тип на песни со такви текстови. Се откачија од него, еве ги нема нигде.

Не е толку дека немаме талентирани пејачи и пејачки, проблемот е што има мал монопол/дуопол на продуценти кои меѓу себе си “шиткаат“ тезги и не може друг талентиран во тоа поле да се пробие.
 
Белов немаше грам харизма иако дека си е наш си навивав за него. Даниел ми е некако мил и мислам дека и да не победи ако соработува со правите луѓе може да направи кариера. Ама се си мислам дека во Србија поголеми му се шансите него во Македонија, затоа што ние тука сме огорчен народ и по све плукаме. А па искрени да бидеме немаме некои саглам продуцентски куќи кои би можеле да му ја лансираат кариерата успешно. Така да супер што работи со Жељко, што и да се деси може да му помогне за понатаму. А за победник, типувам на некој од Босанците, едноставно народот си е таков, си гласа и си ги подржува своите.
--- надополнето: 15 јануари 2014 во 12:04 ---

A na malata misli i nekoj drug deka treba nekoj brkot da i go sredi?


Јас сум женско, и Тамара ми е преубава. На аудицијата беше одлична, вчера изгледаше феноменално и не испеа лошо воопшто според мене. Не знам зашто толку хејт. Мислам дека не се снаоѓа најдобро во ситуацијата, не е добра со зборови и затоа остава впечаток на арогантна. Ако збориме за ароганција онаа малата толку ја удрила слава у глава што се замислува дека е више светска ѕвезда али глуми скромност што уште повеќе ме иритира.
 
Самата појава. Начинот на зборење, гласот, самата појава.... ме потсеќаат на Маријана (читај другарката на Немеш) од Велики Брат. Таа е далеку повоспитана од Маријана, но тие неколку работи на Маријана ме потсеќаат.
А и да не ме потсеќаат на нејзе, сепак одбивна ми е.

За тоа дека е убава, не е.... или пак не е мој тип.
А за тоа како пее..... катастрофа, глас никаков, незнам дали пее или кењка.

Единствен кој заслужува победа, кој ги исполнува стандардите за светски пеач е Александра Бркович :)


Велики Брат не гледав па затоа не ја знам Маријана,Не се согласувам со тебе,но сепак си имаш право на свое мислење.
За Александра се сложувам дека е добра,а има една маана,прави многу гнасни фаци додека пее :unsure:
 
Јас сум женско, и Тамара ми е преубава. На аудицијата беше одлична, вчера изгледаше феноменално и не испеа лошо воопшто според мене. Не знам зашто толку хејт. Мислам дека не се снаоѓа најдобро во ситуацијата, не е добра со зборови и затоа остава впечаток на арогантна. Ако збориме за ароганција онаа малата толку ја удрила слава у глава што се замислува дека е више светска ѕвезда али глуми скромност што уште повеќе ме иритира.

На Кристина коментарот беше најдобар и најреален.
Значи пробаа со таква песна побрза минатиот пат, видоа дека може и подобро и одбраа уште побрза песна.
Прво песната што ја пееше е глупа (бар мене ми е). Второ, во право беше Кристина дека е повеќе за акустичен тип на песни, во вакви песни е надвладеана од музиката, гитарите, гласот не и доаѓа до израз и мора да се мачи да ја испее. Јас додека ја гледав ко да гледав некој што му ставиле пиштол на глава и треба да пее, се мачеше да пее, а на почетокот удри и добар фалш.
И Кики и рече дека не сакал да ја пее она таа песна, ама она сама сакала и инсистирала, затоа и рекол: Ако сакаш да ја пееш, ќе ги трпиш и критиките.
Ма да, да сум на негово место, би и рекол: Ќе пееш ова и ова и точка. Нема што они сами да бираат. Кога ќе бидат ѕвезди и кога ќе имаат кариери, тогаш сами нека си бираат песни.
Факт е дека малку си е у свој свет девојката и дека не знае да изреагира на критика.
А за убава, убава си е, нема збор. :)
 
Прво, знам дека незгодно падна тоа што Жељко рече така, но на почетокот самиот кажа дека сака Даниел да пее на Македонски.. Плус мислам дека тој има огромен респект кон Македонците како народ, бидејќи не минува концерт а да не ја испее Јовано Јованке, и да каже дека Македонскиот Фолклор е уникатен...Очекувам Даниел да исполни и македонска песна.. Македонштината не се покажува вака, се покажува на друг начин ако толку баш им смета нешто на поединци.Каде се бугарските пасоши? Каде се сите кафулиња и сите веселби кои минуваат со српски песни..каде се сите девојки на кои пример им е Цеца? Па годишно српските пинк пејачи прават повеќе концерти во Македонија од било кој наш изведувач..Дали има некој да каже дека слуша Македонска музика..?Тргнете од себе прво..ние Македончињата отсекогаш сме биле под некои влијанија...и друг ни е крив..за жал кога ќе стане најгусто малку се јунаците кои ќе излезат да се спротивстават...Голем дел сме фанатици само вака преку социјални мрежи..скриени во некоја дупка и коментираме..И, да, требаше да се случи она што се случи со Тоше (Вечна му слава!) за да стане почитуван, бидејќи кога доаѓаше во Битола на почетокот на кариерата многу пати имаше проблеми со љубоморните души..Еднаш беше и истепан..Тогаш сите зборуваа дека се продаде за пари, дека пее на српски, и што е најлошо дека зборува на српски.. Тој самиот покажа дека е горд македонец, а пак плукаа по него..Kога ќе го видете фактот дека тој без проблем и без предрасуди ги пееше Мој Дилбере, Несаница..треба да ја сватите големината на музиката.за да си патриот треба да почитуваш и други нации..А музиката нема граници.. Даниел во оваа ситуација воопшто не треба да биде осудуван.. Песната ја пееше поради тоа што самиот Јоксимовиќ е еден од авторите на песната, таа има своја симболика и тежина.. И се чудам кога го споредуваат со Тоше.. Ќе ги прашам само.. Дали пееше фалш? Дали проба во еден момент да го имитира? По толку години тој е прв што не го прави тоа.. и му честитам. Му честитам и на тоа што се огради од споредбите со нашата најголема легенда..И јас не би сакал да коментирам такви теми...Се надевам и во иднина ќе биде така..Не смееме да дозволиме големи таленти да пропаѓаат и да живеат во нечија сенка..тоа го правиме константно..Не би му се допаднало тоа нему верувајте...
 
Така да супер што работи со Жељко, што и да се деси може да му помогне за понатаму. А за победник, типувам на некој од Босанците, едноставно народот си е таков, си гласа и си ги подржува своите.

Ти стварно мислиш дека Жељко ќе работи со него?
Сега му е ментор додека трае шоуто, платен е сега Жељко тоа да го прави.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom