Балкански X Factor

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Фаците на жирито вечерва најмногу говореа. Цело време беа некако млитави, посебно на Кристина и Жељко. Едино Емина се влажнеше на босанциве.

А моментото кога Харис помина потаму, беше моментот кога ја сменив програмата.
 
^И ти никако да го преболиш Милош м? :( Ако веќе влегуваат двајца требаше он и Маид.
Катастрофа ова вечерашново...

Нема шансе... можеше да растури, штета што не му дадесва шансу на сметку на Хариса на пример. :facepalm:
 
Јас го бојкотирам шоуто од денес - ќе си гледам само на YT перформанси. За мене ова не е шоу од светски рангови. Башка трае премногу долго. Жирито без никакво однесување, а натпреварувачите се генерално лоши. Лукијан, Тамара и Александра Б ќе ми останат до крај фаворити, иако никој од нив не беше добар вечерва - сите направија утки со песните. Даниел нема X фактор - има селска фаца, тупава и нема никаков фактор да има светска слава, ако некој може да направи кариера со фаца и глас тоа се тројцата што ги спомнав горе. Толку од мене.

стави ја ти твојата градска урбана фаца да имаме пример како треба да изгледа.
 
Треба да стаат некоја граница на возраст за учесниците. Барем 18+ да се. Илма и Харис имаат мислам 13 и 14 години. Уште не се оформени како личности и доволно зрели, а и гласовите може да им мутираат.
 
Значи дефинитивно не можам да премолчам: не го сфаќам воопшто хејтот поврзан со српскиот јазик. Па што ако се Македонци? Тоа значи дека смеат само на македонски да пејат? И англискиот и српскиот се странски јазици. Зошто според вас смеат на англиски, а не смеат на српски?

Ако одговорите: „Зошто тогаш Србите не пеат на македонски?“ - ќе ве побијам, затоа што на буквално секое талент шоу од српска продукција кое сум го гледал има барем по еден настап со песна на македонски јазик, или минимум 3 настапи со песни од македонски изведувачи. Сакате да одиме step by step и да ви ги набројам кои се тие? Зошто и тоа би можел. А иако - песните на македонски јазик не се така популарни во Србија како што се песните на српски популарни кај нас што е факт кој никој не може да го побие. Мојот заклучок од ова е дека Србите немаат таква аверзија кон македонскиот јазик и македонските изведувачи како што кај нас има аверзија кон српскиот јазик (и тоа само кога треба да го употребуваат наши изведувачи).

Понатаму: зошто не ви сметаше кога Тоше ги издаваше албумите и на српски и хрватски? Исто и Каролина? Или - последниот албум на Калиопи, „Мелем“ е објавен само на хрватски, македонска верзија на тие песни не ни постои. Јас немам ништо против, затоа што реално кај нас нема фајде од издавање албуми на македонски. Кој ги купува нив? Самите изведувачи? Во Србија и Хрватска колку-толку пазарот на носачи на звук е далеку пораздвижен отколку нашиот. Не сфаќам зошто вам не ви смета кога некој од афирмираните ќе отпее на српски или хрватски, а ви смета кога некој како Даниел Кајмакоски пее на српски?

А го знаете ли фактот дека Тоше Проески со Чија си победи на првото издание на Беовизија, во 2003 година, и требаше да ја претставува Србија на Евросонг, но EBU не даде зелено светло за нив таа година. Тогаш кога МРТ се уште не сакаше да го прати да не претставува нас на Евровизија, тогаш кога некои од нас го нарекуваа педерче и го исмеваа, Србите немаа проблем со тоа да го пуштат да победи на нивниот фестивал и да ја претставува нивната држава на Евросог. А кај нас, на наш фестивал да победи Србин - мислам дека тогаш ќе испоцркате од мака сите. Па и што тролање ќе му удрите...

А, и BTW, во контекст на муабетот зошто Кајмакоски ја пеел „Чија си“: автори на песната се всушност Леонтина Вукомановиќ (музика и текст) и Жељко Јоксимовиќ (аранжман).

Друго: не е ли лицемерие тоа што истите вие кои плукате против српскиот јазик, за Нови години, куќни слави, палење на василичарски и коледарски огнови, на свадби и крштевки кршите чаши на Аца Лукас, Бобан Рајовиќ, Цеца и Тропико бенд? Што, ќе ми кажете дека вие не сте едни од тие кои кршат чаши на српскиот турбо-фолк? Ма немој!

И на крај - еве, и јас не слушам турбо-фолк, ама не ми е срам да признаам дека ги слушам Stray Dogg, The Mothership Orchestra, Zemlja Gruva, Intruder, Goribor, Zoravera, Gusti, Ana Stanic, Lena Kovacevic, Filip Dizdar, Let 3... - повеќето од нив се српски изведувачи и во голем дел пејат на српски јазик. Навистина не сфаќам која е улогата на јазикот во музиката? Зошто не смее да се слуша нешто на српски, а смее на исландски, или шпански, на пример?
_______________
Сето ова е не дека ги бранам Србите, туку за да ви покажам колку лицемерен народ сме и колку тој квази-патриотизам не прави трули одвнатре.
 
Само минатата емисија ја гледав во целост, ама според неа Илма поизградена како личност ми делува од тој Лукијан. Ќутук неписмен, не знае да гукне, два збора не знае да сврзе. Таа го прашува зошто да гласаат гледачите за тебе, овој вика не знам. Па испадни тогаш чим не знаеш..
 
Џабе жалите по Младен и нормално е да си оди, реално кој би гласал за него x factor релативно го гледа помлада публика и за помладите ке гласаат а колку си постар толку помалку шанси имаш освен даниел сега за сега.
 
2c3b54c343fb0e46b77fe1723e89ccb5_L.jpg
 
Даниел ме нервира многу, не знам што му требаа тие правдања и македонштини денес
 
А го знаете ли фактот дека Тоше Проески со Чија си победи на првото издание на Беовизија, во 2003 година, и требаше да ја претставува Србија на Евросонг, но EBU не даде зелено светло за нив таа година. Тогаш кога МРТ се уште не сакаше да го прати да не претставува нас на Евровизија, тогаш кога некои од нас го нарекуваа педерче и го исмеваа, Србите немаа проблем со тоа да го пуштат да победи на нивниот фестивал и да ја претставува нивната држава на Евросог. А кај нас, на наш фестивал да победи Србин - мислам дека тогаш ќе испоцркате од мака сите. Па и што тролање ќе му удрите...
.
Бинго, да си ми жив и здрав за ова.
Имаше причина зошто Тоше испеа песна како Цреша. Послушајте го текстот и се ќе ви стане јасно. Не мора да го чуете, сигурно сите добро го знаете. И сам ја издвојуваше таа песна.
Ама сите си ги заборавија муабетите од пред 2007ма нажалост. Човек и пејач како Тоше не се раѓа у државава уште милион години, а овие што фанатично судат за секој што ќе се појави на сценава, нека учат малку како треба да се биде човек од него. Да беше Тоше жив ќе се качеше на сцената и ќе му честиташе на Даниел. Дури може и ќе беше во тоа жири.
Даниел ме нервира многу, не знам што му требаа тие правдања и македонштини денес
Тие правдања му требаат, затоа што фанатизмот кој се појавува при секој обид било кој да испее песна од Тоше како да е тоа грев веќе ги поминува сите граници. Не за џабе тој рече: Нема ништо лошо во тоа да се пејат песни од Тоше. Убаво си рече и скрос го сфаќам. Плус Емина не ни требаше да ја спомнува Евровизија да пее ИСПРЕД Македонија, а збор не му кажа за настапот или совет.

И да, уште нешто Тамара ми беше еден од фаворитите, но со однесувањето доби минус и си го изгуби статусот фаворит - кај мене.

Друго, не треба да им се дозволува сами да бираат песни. Тие што бирале сами, најлошо поминаа. Тоа што дошле до настапи на аудиции не ги прави ни професионалци, ниту ѕвезди и такво разгалување сами да си бираат песни не треба да им се дозволи. Точка.
 
А што мора таа македонштина постојано да се истакнува? Што ако е од тука, голема работа, сто пати кажаа од кај е и на кој јазик ќе пеел, нека го стават во ист кош со другите. Тинејџериве ќе гласаат и ќе им ги полнат џебовите за на крајот да победи Србин или Босанец.
 
Ај не драпајте да не кажам што,ваков бил Даниел таков.Каков и да е наш е.Секој си го фали своето само ние космополити ќе изиграваме.И што толку јадење бурек за Жељко човекот неколку емисии по ред спомнува како сака Даниел да испее нешто на македонски,имаше и еден покушај у кфалификациите,не пропушта емисија а да не каже нешто добро за Македонија и македонците,секој година држи концерти тука,има фанови,глуп е па да си руши популарност.Се гледаше дека не му е денот на човекот и дека беше спизден,му се фативте за еден лапсус ко слеп за стап.И има нашиов ебана среќа што се падна кај единствениот судија кој може да се нарече ѕвезда и е стварно јак пеач и менаџер кој може ептен да му помогне на нашиов и после шоуто.
 
Ај не драпајте да не кажам што,ваков бил Даниел таков.Каков и да е наш е..

Мој не е, а ни твој. Таму се претставува себеси и он и Фифи, никој од тука не ги избрал за да ги претставуваат државните интереси. Таков натпревар е само Евровизија каде ни таму отсега не одбира народот, туку власта и МРТ.
 
Даниел нема X фактор - има селска фаца, тупава и нема никаков фактор да има светска слава, ако некој може да направи кариера со фаца и глас тоа се тројцата што ги спомнав горе. Толку од мене.

Сакаш да кажеш дека клошаров е поубав од Даниел?

James-Arthur-2653704.jpg
 
Бинго, да си ми жив и здрав за ова.
Имаше причина зошто Тоше испеа песна како Цреша. Послушајте го текстот и се ќе ви стане јасно. Не мора да го чуете, сигурно сите добро го знаете. И сам ја издвојуваше таа песна.
Ама сите си ги заборавија муабетите од пред 2007ма нажалост. Човек и пејач како Тоше не се раѓа у државава уште милион години, а овие што фанатично судат за секој што ќе се појави на сценава, нека учат малку како треба да се биде човек од него. Да беше Тоше жив ќе се качеше на сцената и ќе му честиташе на Даниел. Дури може и ќе беше во тоа жири.

Тие правдања му требаат, затоа што фанатизмот кој се појавува при секој обид било кој да испее песна од Тоше како да е тоа грев веќе ги поминува сите граници. Не за џабе тој рече: Нема ништо лошо во тоа да се пејат песни од Тоше. Убаво си рече и скрос го сфаќам. Плус Емина не ни требаше да ја спомнува Евровизија да пее ИСПРЕД Македонија, а збор не му кажа за настапот или совет.

И да, уште нешто Тамара ми беше еден од фаворитите, но со однесувањето доби минус и си го изгуби статусот фаворит - кај мене.

Друго, не треба да им се дозволува сами да бираат песни. Тие што бирале сами, најлошо поминаа. Тоа што дошле до настапи на аудиции не ги прави ни професионалци, ниту ѕвезди и такво разгалување сами да си бираат песни не треба да им се дозволи. Точка.

Не е за тоа дека е забрането да се пеат песни од Тоше,туку дека едноставно тој стил не му лежи,исто и рок не би му лежел,он е за one republic,бруно марс тој стил.
 
Даниел не се правдаше . Се однесуваше на коментарот на Кристина дека не сакала тој да пее песна на Тоше зошто не можел никој да ги отпее неговите песни. Проблемот е што секој кога ќе чуе како пее песна на Тоше прави перцепција и очекува да ја отпее исто како Тоше, а притоа пример Даниел има различна боја на глас, не го копира, ја отпеа на негов начин...и нормално со таа разлика да се разликува од изведбата на Тоше, што ако се увиде добро тонски ја отпеа перфектно, без фалш како што поминаа 90% вечерва. Ние сме навикнати на песните на Тоше кој ги отпеа беспрекорно добро, на неговата боја на глас и многу е тешко да се оцени некој друг артист кога ќе отпее негова песна од причина што си прави директна споредба со верзијата на Тоше. Притоа ако се додаде дека отпеа песна на Тоше, вокално далеку потешка во споредба со пример Тамара која ја исфалшира Ријана, Харис кој беше смешен за еден Бибер (зборувам за вокален аспект)...
 
Не е за тоа дека е забрането да се пеат песни од Тоше,туку дека едноставно тој стил не му лежи,исто и рок не би му лежел,он е за one republic,бруно марс тој стил.

Се согласувам, различен тип на пејачи се, не го спорам тоа. Се согласувам со твоето мислење, но верувај ми коментари секакви имаше. Изгледа не си читал низ нетов, уште кога се појави на првата аудиција, одма со коментари, НЕ МОЖЕЕЕ СО ТОШЕЕ!!11, не го ни чуле како пее.
Да не ме сфати никој погрешно, го сакав Тоше, го сакам, ќе му ги пејам песните секогаш, ама ме нервираат таков тип на луѓе.
Поентата е на ваквите шоу-а да пробаат неколку различни стилови. Низ текот на настапите е нормално малку да експериментираат со стилот.

Иначе Александра што влезе сега е преубава девојка, ама да бидеме реални, гласот и не и е најјака страна. :)
 
Се согласувам, различен тип на пејачи се, не го спорам тоа. Се согласувам со твоето мислење, но верувај ми коментари секакви имаше. Изгледа не си читал низ нетов, уште кога се појави на првата аудиција, одма со коментари, НЕ МОЖЕЕЕ СО ТОШЕЕ!!11, не го ни чуле како пее.
Да не ме сфати никој погрешно, го сакав Тоше, го сакам, ќе му ги пејам песните секогаш, ама ме нервираат таков тип на луѓе.
Поентата е на ваквите шоу-а да пробаат неколку различни стилови. Низ текот на настапите е нормално малку да експериментираат со стилот.

Секогаш ќе има такви што одат од крајност во крајност.Едни ќе го креваат,други ќе го плукаат,трети ќе го споредуваат со некој,така оди тоа кај нас во Македонија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom