Балкански X Factor

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Оние кои можат да му бидат конкуренција на Жељко он ги избегава, а таков е и Даниел :)
 
Господиии... па убаво прави Жељко, нејќе да ги дига у небо уште на прва аудиција у старт ебате. Ехх бее... љубоморен бил :tapp:

Не е тоа дигање во небо. Ако слушниш некој кај што пее убаво или еве видиш некој што е талентиран дали во некој спорт, ако се пофали од некој што има таков кредибилитет не значи дигање во небо, напротив кај некој тоа може да предизвика поголема самодоверба во тоа што го прави. Од друга страна и да разговара со некој од учесниците, не мора тоа да биде во врска со настапот или слично, може обичен муабет и да понуди совет за во иднина. Жељко се гледа дека е голем егоист и ги гледа сите останати од некое повисоко ниво. Да, има право на тоа знаејќи ја неговата репутација, ама тоа е до карактерот, до доблеста која ја имаат некои од "ѕвездите" да се спуштат на ниво како секој човек, а не да се дигаат како што е во примерот со Жељко. Не го гледам тоа од аспект дека му љубмори нешто на Даниел, туку од аспект на човечност. Жељко да љубомори на уште неискусни артисти е глупаво да се зема како аргумент во секој случај.
 
По првиот круг (аудиции) ова се моите фаворити:
5. Даниел Кајмакоски - мислам дека целата еуфорија која се крена по неговиот настап прерано и непотребно го вивна во височините, а велат: кој високо лета, ниско паѓа. Искрено, неговата верзија на Red не ми се допадна многу - ми ја уништи песната што си ја сакам (yeah, right, bitches! Daniel Merriweather според мене не е лигуш, и Red не е лигава песна). Јас тврдам дека на X Factor има барем десетмина поталентирани пејачи од него. Но ете, дека Македонец, се најде и во мојот топ 5. (Можеби требаше ова да го ставам во непопуларни музички мислења, а?) :rolleyes:

4. Армин Маликиќ - многу несвојствена боја на машки вокал за нашиве простори, баш како што и му рекоа од жирито - со таков вокал на запад може многу лесно да помине, ама за кај нас - ќе видиме. Во секој случај, мене ми се допадна интерпретацијата на Wonderful World која во изведба на James Morrison ми звучи мноооогу помлитаво отколку неговата. Мислам дека дечково ќе го биде! ;)

3. Лукијан Ивановиќ - неговиот cover на My Heart Is Refusing Me беше можеби најпријатното изненадување за мене на X Factor Adria. Песната во негова изведба беше непрепознатлива (освен текстот, ништо друго не ја спојува со My Heart Is Refusing Me на Loreen) а сепак звучеше одлично! Заради ова мое воодушевување од преработката, изгледав уште еден куп негови Youtube клипови, и заклучив дека Лукијан е еден од тие за кои не верувам дека ќе кикснат, и за кои сум сигурен дека ќе одат далеку. Браво!

2. Никола Станојевиќ - во последната епизода од аудициите Никола беше тој кој мене ме остави без здив, а не Кајмакоски. Мислам дека поради огромната прашина која се дигна околу Кајмакоски, Никола Станојевиќ остана речиси незабележан, а звучеше многу поубедливо! Првиот од кој ме полазаа морници додека го слушав, и на секое следно слушање ме лазат се повеќе и повеќе морници. Е ова е светски талент! А има само 18 години! Ако ова дете го школува својот глас, јас со огромна сигурност можам да кажам дека му престои блескава иднина! Баш ПРОФЕСОР!

1. Тамара Милановиќ - без разлика до каде ќе стигне, според мене Тамара е моралниот победник. Барем до сега им покажа на сите како се пее: од емоции, преку глас и интерпретација, до појава - комплетен изведувач! Не знам што друго да кажам освен еден длабок поклон за неа: :cuc:
_______________________________
А, и за жири комисијата - Кристина Ковач е според мене најискрената и најреалната! :love:
 
По првиот круг (аудиции) ова се моите фаворити:
5. Даниел Кајмакоски - мислам дека целата еуфорија која се крена по неговиот настап прерано и непотребно го вивна во височините, а велат: кој високо лета, ниско паѓа. Искрено, неговата верзија на Red не ми се допадна многу - ми ја уништи песната што си ја сакам (yeah, right, bitches! Daniel Merriweather според мене не е лигуш, и Red не е лигава песна). Јас тврдам дека на X Factor има барем десетмина поталентирани пејачи од него. Но ете, дека Македонец, се најде и во мојот топ 5. (Можеби требаше ова да го ставам во непопуларни музички мислења, а?) :rolleyes:

Браво,еве ти колаче.

Од интервјуто на Даниел за Телеграф:

Што се случуваше по твојот настап, зад камерите?

- Пред да настапам речиси никој не ми правеше муабет, меѓутоа кога се вратив зад камерите, мислам дека целата зграда на телевизија Пинк дојде да ми честита и да ми каже дека сум ги воодушевил.

Имаше ли можност да се видиш со Кики, Жељко, Емина, Кристина, што ти кажаа?

- Не се видов само со Жељко. Откако сето тоа заврши, одзади дојдоа Кики, Емина, Кристина и сите тројца ми кажаа дека сум ги оставил без зборови.

После пак викајте дека Жељко не бил љубоморен...!

Целото интервју: ТУКА

Жељко е вол,класичен,националист и егоист,класичен прост србин застанат во 5-ти век.
 
По првиот круг (аудиции) ова се моите фаворити:
5. Даниел Кајмакоски - мислам дека целата еуфорија која се крена по неговиот настап прерано и непотребно го вивна во височините, а велат: кој високо лета, ниско паѓа. Искрено, неговата верзија на Red не ми се допадна многу - ми ја уништи песната што си ја сакам (yeah, right, bitches! Daniel Merriweather според мене не е лигуш, и Red не е лигава песна). Јас тврдам дека на X Factor има барем десетмина поталентирани пејачи од него. Но ете, дека Македонец, се најде и во мојот топ 5. (Можеби требаше ова да го ставам во непопуларни музички мислења, а?) :rolleyes:

1. Тамара Милановиќ - без разлика до каде ќе стигне, според мене Тамара е моралниот победник. Барем до сега им покажа на сите како се пее: од емоции, преку глас и интерпретација, до појава - комплетен изведувач! Не знам што друго да кажам освен еден длабок поклон за неа: :cuc:

_______________________________
А, и за жири комисијата - Кристина Ковач е според мене најискрената и најреалната! :love:

Ете колку има различни вкусови за музика , мене оваа на нос што ја изрика песната од Адел ич не ми се свиѓаше ,а даниел растури и ја подобри песната од другиот даниел.
 
Не е тоа дигање во небо. Ако слушниш некој кај што пее убаво или еве видиш некој што е талентиран дали во некој спорт, ако се пофали од некој што има таков кредибилитет не значи дигање во небо, напротив кај некој тоа може да предизвика поголема самодоверба во тоа што го прави. Од друга страна и да разговара со некој од учесниците, не мора тоа да биде во врска со настапот или слично, може обичен муабет и да понуди совет за во иднина. Жељко се гледа дека е голем егоист и ги гледа сите останати од некое повисоко ниво. Да, има право на тоа знаејќи ја неговата репутација, ама тоа е до карактерот, до доблеста која ја имаат некои од "ѕвездите" да се спуштат на ниво како секој човек, а не да се дигаат како што е во примерот со Жељко. Не го гледам тоа од аспект дека му љубмори нешто на Даниел, туку од аспект на човечност. Жељко да љубомори на уште неискусни артисти е глупаво да се зема како аргумент во секој случај.
Не знам, ама оваа Ковач му вика "Ти дефинитивно си еден од можните победници". И другите двајца тежнееја кон тоа, Жељко не. Не смееш така на било кој да му кажуваш бе, од една аудиција и една песна. А тоа за што му дошле другиве тројца да му праат муабет, па да дошол Жељко совет да му дава, тоа најмалце има врска. У следната фаза по еден од жирито ќе биде назначен за инструктор на секоја категорија, време за совети ќе има ехехееее.

Правите од мравка - слон. Жељко нити љубомори, туку е баш објективен и нејќе да се пали на учесниците прерано ко другиве што прават.
 
_______________________________
А, и за жири комисијата - Кристина Ковач е според мене најискрената и најреалната! :love:
Целосно се согласувам... во жирито само Кристина им вреди :)
 
Не знам, ама оваа Ковач му вика "Ти дефинитивно си еден од можните победници". И другите двајца тежнееја кон тоа, Жељко не. Не смееш така на било кој да му кажуваш бе, од една аудиција и една песна. А тоа за што му дошле другиве тројца да му праат муабет, па да дошол Жељко совет да му дава, тоа најмалце има врска. У следната фаза по еден од жирито ќе биде назначен за инструктор на секоја категорија, време за совети ќе има ехехееее.

Правите од мравка - слон. Жељко нити љубомори, туку е баш објективен и нејќе да се пали на учесниците прерано ко другиве што прават.

Затоа реков дека љубомората се исклучува како аргумент и глупаво е да се мисли на тоа. Остави го ете од споредба Даниел, гледај во однос и со другите. Имаше изведби на кои баш и Жељко ракоплескаше и говореше доста позитивни работи и со тоа сам се демантира тој дека не треба да го крева во облацили или да биде објективен. Баш на тие Рома Сија групата кои ја пеаа ромската песна и таа од Бруно Марс, Жељко беше еден од тие што стана да аплаудира и да даде добар коментар. Тоа не значи дека ја нарушува објективноста и дека фаворизира некого во однос на другите.

Баш гледај од другите шоуа од Икс Фактор (мислам од другите земји) ќе видиш како се однесува жири, дури и попристрасно од изјавата на Ковач.
 
Жељко Јоксимовиќ е во жири а,ај да ви кажам уште сега што ќе му каже на било кој Македонец што ќе пее.

"У Македонију сви знају да певају,ако неко не зна да пева овај други му узме пасош да не може више да буде Македонац."

Calling it right now ! :D

Близу беше :D
Клик
 
Значи од ова можеме да заклучиме дека дечкото на кој Жељко му го рече тоа му е пријател на @PewDiePie
 
A може PewDiePie е всушност... ДАНИЕЛ КАЈМАКОСКИ !!!
 
Го имаше во прилог мислам од концертите во Дојран и Охрид кога публиката пееше со него и тој го кажуваше баш истото тоа.:D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom