КвикСилвер
Модератор
- Член од
- 28 март 2010
- Мислења
- 4.547
- Поени од реакции
- 5.856
- Локација
- Haunted Hayride
- Веб-сајт
- misterijamk.blogspot.com
Се чека конклужн на настаните од @Crazy in Love 

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Уште Тамара и Лукијан да испаднат па послем кој сака нека победи. И така се знае дека само Даниел и Маид ко турбофолкер можат да направат некаква музичка кариера.
Sent from my LT22i using Tapatalk
Даниел турбофолкер?
Еве:Беше еднаш и лигушов, само незнам со кого во дуел.
Јас мислам дека правдата е задоволена.
За мене ова беше очекувано.Се знаеше дека и Алекса и Александра ќе испаднат пред другите, барем мене ми беше логично, одиме сега по ред, во зависност од нивниот настап, почнувајќи од испаднатите.
Прво да кажам дека вечерва беше досада жива, навистина беше досадно, втора најдосадна вечер, после онаа една каде и Жељко рече дека е досадна вечер. 2рата вечер мислам дека беше.
Александра - девојката има одличен глас, но едноставно нема икс фактор, нема и то је то. Настрана фаците, песнава што ја изведе не беше лоша, но таа ја изведе ептен досадно, исто ко и претходниот пат. Очекувано беше да испадне, знаев дека ќе се случи тоа. Се спаси еднаш, два пати, но толку беше.Доста и е и ова.
Алекса - Може да ми се јави, да го утешам, да му кажам два-три збора...Шала на страна, ова до сега му беше доволно. Реално, има огромна харизма, ама гласот не му е најјака страна. Вечерва беше досаден и едноставно среќа што само го гледав, иначе ќе заспиев.
Реална одлука.
1. Маид - Ме изненади што беше номиниран. Имаше фин настап, енергичен, играше, интересен беше, баш беше супер.Песната за спас му беше подобра од Алекса, реално.
2. Илма - јаоооо досадно. Од толку прекрасни песни, ако толку сакаше од цртан и детски, можеше слободно да ја пее Let it go. Ќе заспиев човече. И навистина не знам зошто ја облакаат толку теткесто. Навистина можеа да ја направат ко детска принцеза, ова беше... аман, нека се оправат малку. Мнооогу досадно.
3. Даниел - одличен беше, гласовно, технички, се си беше ок, но не му беше најдобар настап. Али пак ќе кажам, вечерва сите беа досадни. Прекрасна е песната, ама има многу убави песни од филмови, можеше се да биде многу позабавно.
4.Лукијан - А бе 100 пати му рекоа да не дише толку, тој пак и пак. Поише го слушав како дише отколку што пее. Воопшто не ми се допадна.
5.Доктори - Весела песна, не беа лоши, али се уште не ми е јасно зошто толку го форсираат Армин, делот што го испеа соло го уништи. Првиот дел од песната беше ок, вториот ептен монотон и досаден.
6. Тамара - Ја уби песната, на најлош можеш начина, цело време на граница на фалш, гласот и станува се поиритантен и поиритантен. Принцезата сакала само боса да пее, заради штиклите не било тоа тоа. А демек била светски икс фактор, жими мајка... Од еден од моите фаворити на почеток стаса до тоа одвај да чекам да излезе.
Досадна вечер, досадни песни, досадни изведби. За мене никој не се издвои...
Александра Брковиќ и муабетот “Македонци не знају српске филмове, не разумевају“ се изглупира до даска. Не ми се ни елаборира на таа тема. Не сме чуле ние за српски филмови, ние ништо не знаеме, глупи сме...Најлош муабет досега во Икс фактор.
Емина и тераше сеир на Кристина што она немала ниеден натпреварувач што испаднал, кармата и се удри, двајца по ред и излагаат...
http://www.youtube.com/watch?v=I36Qw86-UH8За Илма и јас мислев дека стилистот ја мрази ама изгледа Илма лично заебала работа, според муабетот.
И за која Let it go зборите бре?