Баерн Минхен - Интер: финале Лига на Шампиони, 22 мај!

  • Креатор на темата Креатор на темата Bavarecot
  • Време на започнување Време на започнување

Кој мислите дека ќе победи?

  • Баерн Минхен

    Гласови: 109 31,5%
  • Интер

    Гласови: 237 68,5%

  • Вкупно гласачи
    346
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Би сакал Интер да победи и ќе навивам за него.Секако дека би сакал и Пандев да го видам со пехарот во рака :)
 
Druze pogresno si go razbral priatelot toj saka da rece deka site neutralni ce navivaa za inter zatoa sto igra pandev

Пријателот е всушност пријателка. т.е. женско е :)

А тоа што неутралните се повеќе за Интер поради Пандев, многу нормално и ништо посебно за чудење :)
 
Не дека некој од овие клубови го преферирам повеќе, но повеќе сакам Интер да освои, заради Пандев. Инаку сакам да гледам добар фудбал. :smir:
 
Ќе ве молам да не се повторувате сите еден по еден дека како неутрални поради Пандев ќе навивате за Интер.Тоа сите го знаеме.
Коментирајте за сите случувања и шпекулации,може и мала доза на провокации помеѓу нас навивачите,чисто колку да се подгрее атмосферата.
 
Пред се,сакам а и очекувам добар фудбал со најмалце 3 гола. Тешко е да се прогнозира,но на Интер му давам повеќе шанси,пред се заради Мурињо и фантастичната играа оваа сезона. Ќе навивам за нив,бидејќи мислам дека заслужуваат трофеј во ЛШ,посебно оваа сезона со елиминирањето на Челзи и Барселона. Некако ги засакав како екипа оваа сезона,а + и Пандев игра кај нив...така да, мило ќе ми биде ако освојат.

Како што вели еден мој професор "За да докажиш дека си стварно фантастичен по нешто(да не речам најдобар),треба да го надминеш учителот",баш да видиме дали Мурињо го надминал неговиот учител,или има уште за учење :)

А и оние шанси за тројна круна на двата тима,а и желбата на Мурињо и Ван Гал да освојат ЛШ со 2 различни тима го прават ова финале многу поинтересно.
 
Баерн ке тепа и ке ја закаре титулата накај Минхен а интер плачејки ке си одат дома, мака ми е за пандев :(.
Тоа е мојта претпоставка значи додека судијата не свирне 3пати ништо не се знае затоа овој меч ке е најинтересните во лигата на шампионите, и 2те екипи од дамна не се настапиле во финалето. Баерн ке ја заслуже титулата крајните мечови играа многу убаво од мерак да ги гледаш :)



Milan 4ever
:smir:
 
Ништо ново дека Макдонија ќе навива за Интер заради Пандев. На мечот Интер - Милан цела Србија навиваше за Интер заради Станкович. И сега ќе е така.

Цела Хрватска ќе навива за Баерн заради Олич!

Интер е фаворит, оправдано. Убеден сум дека ќе земе. Па половина век чека на тоа!

Едит: Имаат ли Панчев или Најдоски постигнато гол во финалето?!?
 
По елиминацијата на Барселона,Интер се екстра мотивирани да триумфираат на оваа натпреварување.Но Баерн сака да докаже дека и тие се меѓу титаните на европскиот фудбал така да овој ќе биде тежок меч за предвидување!
 
Поздрав за темава.Јас мислам дека ќе биде интересен натпревар,ама сепак како фан на Интер давам предност на ИНТЕР.
Нека победи подобриот и оној том кој ќе има повеќе спортска среќа и ќе ја сака повеќе победата!!!!!!!
 
Имаат ли Панчев или Најдоски постигнато гол во финалето?!?
Тогаш Звезда со Марсеј одигра 0-0 и победи на пенали 5-3. Најдоски не шутираше а Панчев го даде решавачкиот пенал за конечна победа.
 
Рибери нема да игра, одбиена жалбата од страна на УЕФА. Тоа е тоа, се очекуваше.
 
Би сакал Интер да победи и ќе навивам за него.Секако дека би сакал и Пандев да го видам со пехарот во рака :)

би бил тоа одличен аватар за многу форумџии- фудбал фанатици:smir:

он топик : бидејќи видов дека жалбата за рибери е одбиена ме заинтересира да прашам каква е состојбата за тиаго мота,дали интер презеде некои мерки со цел да му ја поништат казната на играчов??
 
Ако не игра, тука е клето турче да го замени.:pishtoldz
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom