Бадник-без огин-можеме ли?

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.610
Поени од реакции
15.429
Возраст
70
Локација
Skopje
1. Во препораки од владата за намалување на загадувањето го нема овој предлог.
2. Обавезно 2016 година,БАДНИК да биде без палење на огнови.
3. Казни за сите приватни лица и куќни совети кој ќе бидат евидентирани за ваков прекршок.
4. Хитно, владата да излезе со вакво соопштение во сите медиуму до граѓанството.
5. После овој оган, долго време останува ѓубрето и пепелта да ги разнесува ветрот.
6. Огновите најчесто се палат на зелени површини и тие се уништуват за повеќе години.
7. Непотребно се трошат големи количини на дрва(дури и општинарите делат).
8. Да се забрани продавање на дрва трите дена пред бадник на сите складишта,за оваа намена.
9. Во огновите покрај дрва се користат и врлат пластични шишиња во голема мера и друг отпад.
10.Погледјте како е секоја година после Бадниковиот огин.
11. Собраните пари за дрва (или купените дрва) да се подарат во хуманитарни организации.
---------------------
Коце веднаш ова да си го прочитал, инаку маф ти е работата........................................................................Picture 1220.jpg Picture 1221.jpg Picture 1225.jpg Picture 1219.jpg
секој кој може да помогне за оваа моја идеа-акција,нека го прати ова до сите скопски општини.
 
За да се надмине овој проблем би препорачал до владата да субвенционира ЛЦД телевизори 42` со скрин сервер Камин и пред секоја зграда телевизор за Бадник. Потоа телевизорите ќе се искористат за избори итн.
 
Е бе комуњаp низаеден.:icon_lol:
 
Не сум религиозен ама,

1.Бадниковиот оган има смешен речиси занемарлив придонес во загадувањето во споредба со автомобилите, зградите кои блокираат проток на воздух, палењето гуми и други срања и систематкото намалување на зеленилото во Скопје.
2.Доколку се направи како што треба пепелта нема да има некое големо влијание во споредба со честичките моментално што се во воздухот. И не знам за какво џубре зборуваш од согорување на дрва.
3.Огновите не знам каде се палат најчесто(кај нас барем на асфалт или на паркинг се прават) ама ако е на тревна површина може да се превземат мерки повремено да се поплочи или пак да се потреви површината после бадниковиот оган.
4.Точно е дека практична примена овој ритуал нема ама не би рекол дека непотребно се трошат дрвата. Сепак за време на празниците се собира народ се гледаш со луѓе со кои можеби цела година не си се видел во кратки црти тука повеќе се работи за традиција отколку за религија.
5.Кој иде на бадников оган отпад да фрла жити се?(Ај за пластичните шишиња можно е)
6.Практикувањето на религија е загарантирано со закон така да смешни потези како забрана за купување дрва се контрапродуктивни.

7.Во врска со последната точка ќе се согласам треба да се потсети народот на помалку среќните да им се помогне ако се може на овој или на оној начин. И не мора да се донираат пари може и да се волонтира во некоја хуманитарна организација и/или на ред други начини да им се помогне на помалку среќните.
 
никогаш не сум бил на бадникарски оган... а како дете, пред 60 години бев на коледе...
Патем, не е само оганот, таму има пијанчење... пред 10-15 години имаше немила случка во Автокоманда, еден граѓани со кола проваѓал по улица во близина на место каде се палел оган и се пиело, не можел да помине и веројатно свирнал ... се случи инцидент, човекот беше опкружен, истрела 1 куршум во воздух но пијаните бадникари го совладаа и го претепаа крвнички и него и неговата фамилија... СЕ СЕ ЗАТАШКА, повеќе никаде ништо не пишуваше во весниците..
 
Време е црквата да излезе со свој став за Бадник ама како и секогаш раководството на нашата црква спие. Ако е за пијанчење и пирови мислам дека треба да одбереме друг датум затоа што ова стварно на ништо не личи.
Плус тие изгорени тревни површини, дрва запалени без врска огнови до небото и тн. Катастрофа.
 
Последно уредено:
Во недостаток на дрва се палат и гуми, шишиња, гајби, иверки.....со еден збор се што гори

Иако обичајот е пагански и е наследен, црквата го вметнала и го употребила со образложение дека бадниковиот оган го симболизира оганот што го запалиле овчарите за да го стоплат бебето Исус. Проблемот е што во недостаток на Волови и Магариња за комплетна симболика, мора да се испие поголема количина греана ракија (во времето на Исус не постоеле дестилирани алкохолни пијалоци само ферментирани) за истите да не фалат на ритуалот.
 
Не само што нема да забранат да се пали огин туку и веројатно ќе даваат и бесплатни дрва (барем во помалите градови даваат) ама таков ни е народот прост, гајле им е дали е загаден воздухот.
 
Толку дрва се исекоа за џабе и толку се испозагади воздухот од колите и фабриките, и ништо не се рече, а сега за едно обележување на еден празник паѓаат ,,фантастични" идеи.

Можеби има места каде останува ѓубре, пепел и се уништува околината кога се пали оган за Бадник, но тоа незначи дека секаде е така. Башка со непалење на оган за Бадник не се помага нешто посебно за намалување на загаденоста во воздухот. И ако треба нешто да се забрани, најпрво тоа се петардите.
 
Најголемата иронија се Бадниковите огнови, моменти кога го чекаме рагањето на спасителот, а се гнете месо и алкохол во негова чест.А време е на строги пости.Црквата како рековте си спие, затоа што не сака да го лути народот, освен Струмичката епархија која илзезе со јасен став, другите епархии молчат.А за Старанова година, огновите е океј, но за Бадник не баш.
 
Време е црквата да излезе со свој став за Бадник ама како и секогаш раководството на нашата црква спие. Ако е за пијанчење и пирови мислам дека треба да одбереме друг датум затоа што ова стварно на ништо не личи.

Чекај, успори малку. Каква иронија, црквата ги одбрала датумите на паганските празници (и не случајно)... и сега тие што практикуваат пагански обичаи треба истите да ги прават на други датуми? ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom