Бадник-без огин-можеме ли?

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување
Па ова е српски наметнат обичај ко што знам, со се бадниковите гранчиња.
 
Тоа седење на гробишта и палење на оган е по Скопски,само тука и околните села се прави така
 
Тоа седење на гробишта и палење на оган е по Скопски,само тука и околните села се прави така
Значи нема во Крива паланка, а во Стајковци ќе има огин, значи се научиле од тукашните а не од предците.
Значи во Бистрица и Теово со се Ораов дол ќе нема ни еден оган,а во Долно Лисиче ќе има(од тамошните)
 
До сеа се изнадишивме чист планински воздух во Скопје, па сеа бадниковиве огнови ептен ќе ни го загорчат животот...
Ја не сум некој голем верник, ама ако бадниковите огнови се дел од традицијата нема зошто да ги забрануваме. Ја сум еве ајде помлад сум и може нема некоја тежина ова што ќе го кажам, ама од коа знам за себе се палеле бадникови огнови. Како поминува времето може се претерува со тоа што на секои 2 чекора има нов оган, ама може пример Градот Скопје да излезе со препорака да не се палат толку многу огнови, ама ја не сум за тоа да се забранат.
Место „пропаганда“ за да не се палат бадникови огнови, може требаше да излезете на протестов против загадувањето што беше на 28ми пред Влада.

Па уште и про аргумент за да нема бадникови огнови било тоа што у регионот демек немало такви работи...
Па ме боли к** шо има, а шо нема у регионот. Нели сме ние посебен народ со посебни обичаи и традиција ?
Од една страна се бориме со грците за да им докажеме дека сме посебен народ, а од друга страна спремни сме да се откажеме од нешто само зошто у регионот го немало тоа, ебати логиката...
 
Не знам овој обичај од кај е, оган се пали за водици, кај мене во тетовско никогаш не палеле оган за бадник од пред некоја година почнаа гледајќи од другиве места.
 
И сега дошљаците што дојдоа во Скопје ,ќе ми кажат дека палење огнови нема во нашата традиција,затоа што тамо кај нив (од кај што се дојдени) не се палат огнови...а јас знам дека одсекогаш па и во бившата ни Држава (кога спрема некој била забранета Црквата) се палеа огновите
 
Последно уредено:
И сега дошљаците што дојдоа во Скопје

ОК антички Скупјанец.

Инаку назад на темава; кој морон треба да си да забраниш оган на бадник бе ?
Ај тот дис вас Мацедоуниа![DOUBLEPOST=1451740365][/DOUBLEPOST]
Струмичката епархија

Струмичката епархија исто така сакаше да го забрани и карневалот.(блага ретардација)

Живееме во демократско, либерално општество и црквата треба да го почитува тоа во спротивно... да не се појават тие петокраките пак.

П.С. автомобилите не ви пречат а најмногу загадуваат, не ви пречи Реџеп, Али, Бљерим кој сака да го прави на Калифат, не ви пречи Исмаил кој се дере во 5 сабајле а ви пречи бадниковиот оган кој е обред/ритуал, дел од традицијата.

Шо чудо ќе сте од каде ви идат овие идеји?
 
Последно уредено:

Ќе го палам огин и оваа година...дрвата се спремни.
 
Не е точно дека Коледарски оган се пали само во Скопје ,имав баба која потекнува од Егејскиот дел на Македонија и таму во нивното село се палел оган а тој оган го палеле младите Коледарчиња за да се соберат и да го наговестат големиот Христијански празник .Анчо со твојта филозофија дека се загадува воздухот поради тие огнови не е вистина ти си барем постар и кажи во твое време како вие дома сте се загревале и многу други семејства така да тврдењето дека со палењето на дрвата ќе сме го зголемеле загадувањето не е точно ,еве продадиго твојот стан во Ново Лисиче и дојди купи стан во Чаир каде е минимално загадувањето бидејки Македонци многу малку останавме па нема никој да ти пали оган пред прозор.Треба да се испита какви нафтени деривати се внесуваат во државата и твојата фирма по која фрлаш камења или во нејзина близина колку тие не загадуваат.Одсекогаш Скопје се давело во магла само немавме никакви мерни станици за да се каже колку било загадувањето.Сето ова е сосема друга тема Екологијава да скратам се палат огнови и ќе продолжат да се палат и црквата е во служба на народот а не обратното а сите тие обичаи се различни во сите мала села и градови .
 
Picture 2509.jpg колку треба да си удрен со мокра чорапа па ова да го направиш
штета не го сликав кога беше нареден купов со сештопалија, покрај гајби и стари фотељи,
најдоле беше поставен за бадниковиот оган,маалскиот кош за кошарка на децата.
Бандерата беше исечена на неколку делови,таблата 1х1,5 метар беше целосна,
пали мајсторе оган мора да има,ако треба и со стари каци за вино.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom